Европа
Колапс на шведскиот модел, креветите за интензивна нега пополнети првпат од почетокот на пандемијата

Првпат од почетокот на пандемијата капацитетите на единиците за интензивна нега во болниците во Стокхолм се пополнети 99 отсто, пренесува Би-би-си.
Од 160 кревети за интензивна нега во главниот град на Шведска, од пет до седум кревети беа слободни во средата, пренесува локалниот весник „Афтонбладет“.
„Ни треба помош“, рече Бјорн Ериксон, директор на здравствените установи во Стокхолм.
Тој рече дека 814 пациенти во моментот се лекуваат од коронавирус во болниците.
Во Шведска од почетокот на пандемијата починаа повеќе од 7.200 луѓе како резултат на вирусот, а земјата не воведе национален карантин или строги мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Британија се разгледува можноста странците да плаќаат по 2.800 евра за во карантин

Посетителите кои ќе се решат да дојдат во Велика Британија можеби ќе треба да платат 2.500 фунти (околу 2.800 евра) за да останат по хотели во карантин, според новиот план што го разгледуваат претставници на британската влада.
Поостриот пристап кон карантинот доаѓа со обидите на владата да го потисне ширењето на коронавирусот, бидејќи во Даунинг стрит (седиштето на британскиот премиер) постои страв дека новите, мутирани видови на ковид кои влегуваат во земјата можат да бидат отпорни на вакцината, објави „Дејли експрес“.
На британските власти им било наложено да ја следат сличната политика за карантин што веќе постои во Нов Зеланд – дека секој што би сакал да влезе во земјата мора да плати за трошоците од двонеделниот карантин.
Вчера министерот за надворешни работи Доминик Раб рече дека владата ги разгледува сите опции.
Европа
Австрија, Данска и Грција бараат одобрување за вакцината на „Астра зенека“

Данска, Грција и Австрија ќе побараат од Европската агенција за лекови (ЕМА) брзо и „небирократско“ одобрување на вакцината на „Астра зенека“, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.
По разговорите со колегите од кругот на земји кои први презедоа мерки во борбата против коронавирусот, Курц рече дека е договорена заедничка акција со премиерите на Данска и Грција.
„’Астра зенека’ е вакцина што ја развиваат познати експерти, ЕМА ги има сите информации за таа вакцина од 12 јануари. За мене е важно да се залагаме за побрза одлука на ЕМА“, објасни тој.
Курц побара итна, небирократска одлука за одобрување на вакцината.
Тој потсети дека вакцината веќе се користи во Велика Британија и некои други земји.
Тој исто така посочи дека ЕМА требало да одржи седница на крајот на месецот во врска со одлуката за одобрување на вакцината на „Астра зенека“.
„Секој ден е важен за нас. Новиот вид е јасно позаразен, па затоа нè става пред голем предизвик. Секој ден што се добива со побрзо одобрување на вакцината е добиен ден во борбата против коронавирусот”, нагласи тој.
Тој исто така побара да се донесе јасна стратегија за патување во ЕУ, односно влез од таканаречените трети земји.
Европа
Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката Гармиш-Партенкирхен е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус.Во болницата во Гармиш-Партенкирхен, кај 73 пациенти и вработени биле тестирани позитивни на вирусот корона.
Минхенски „Меркур“ пишува дека досега непознат вид коронавирус е откриен кај три заразени лица.Лаборантите во клиниката со помош на специјален лабораториски апарат утврдиле неправилности во примероците.
Примероците на пациентите со новиот вид веднаш биле испратени во Берлин, каде што со детална анализа е потврдено сомневањето дека станува збор за нова варијанта на короната. Засега е нејасно каква карактеристика има мутираниот сој што сега е откриен во Германија.
Клиниката во Гармиш-Партенкирхен посочува дека е нормално вирусот да мутира и тие потсетуваат дека повеќе од 12.000 промени во низата на вируси се утврдени ширум светот од почетокот на пандемијата.
Поради појавата на мутиран вирус, сите операции на клиниката се откажани, а одделите во кои е утврдена инфекцијата се изолирани.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира