Контакт

Свет

Компанијата „Мета“ им забрани пристап на руските државни медиуми на своите платформи

Објавено пред

Американската технолошка компанија „Мета“ го забрани работењето на руската медиумска компанија РТ и медиумската платформа „Расија сиводња“ на своите платформи неколку дена откако администрацијата на Бајден ја обвини РТ дека дејствува како продолжение на московските шпионски агенции.

„По внимателното разгледување, ги проширивме нашите сегашни мерки против руските државни медиуми“, рече портпаролот на „Мета“ во изјавата, според Ен-би-си. Администрацијата на Бајден претходно најави нови санкции во петокот, а претставник на Стејт департментот ја нарече РТ „полноправен член на разузнавачкиот апарат на руската влада“ за војната во Украина, пренесува „Танјуг“.

Американските власти тогаш ја обвинија РТ дека спроведува операции за тајно информативно војување во светот во име на руските шпионски агенции. Министерството за надворешни работи на Русија објави дека земјите од таканаречениот колективен Запад вовеле околу 150 ограничувања против руските медиуми и новинари од 2022 година, пренесува „Тас“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Иран постави три услови за премин низ Ормускиот теснец

Објавено пред

Иран постави три услови за премин на бродови низ Ормускиот теснец, објави денес агенцијата „Тасним“, повикувајќи се на извор во Врховниот совет за национална безбедност на Иран, кој исто така изјави дека Техеран ќе го затвори теснецот ако САД продолжат со поморската блокада.

Според изворите на иранската агенција, првиот услов за премин низ Ормускиот теснец е бродовите да бидат комерцијални, додека движењето на воени бродови е забрането, а ниту бродовите ниту нивниот товар не смеат да бидат поврзани со „непријателски земји“.

Како што рече, вториот услов е бродовите да мора да поминат низ Ормускиот теснец по однапред одредена рута, а третиот е нивното поминување да биде во координација со иранските вооружени сили.

Изворот објасни дека од почетокот на примирјето што беше постигнато со посредство на Пакистан, Иран требаше да дозволи дневно поминување на голем број бродови, но дека го суспендира договорот за поминување на бродови низ теснецот, бидејќи примирјето во Либан не беше спроведено и не вклучуваше прекин на огнот меѓу Хезболах и Израел.

Тој нагласи дека спроведувањето на некои предуслови, вклучително и прекин на огнот во Либан, било клучно за одлуката на Иран повторно да го отвори Ормускиот теснец.

Прикажи повеќе...

Свет

Кристин Лагард: Инфлацискиот притисок во ЕУ расте поради Блискиот Исток

Објавено пред

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денес предупреди дека ризиците за инфлација во Еврозоната постојат главно поради војната на Блискиот Исток, што ја зголемува глобалната неизвесност и дополнително ја комплицира проценката на економските перспективи.

Во изјава по состанокот на Меѓународниот монетарен и финансискиот комитет во Вашингтон, таа истакна дека неизвесноста околу инфлацијата во Еврозоната значително се зголемила, особено на краток рок, додека среднорочните ефекти ќе зависат од времетраењето и интензитетот на конфликтот.

Лагард нагласи дека Европската централна банка во моментов нема да донесува итни одлуки за каматните стапки, туку следи како растот на цените на енергијата и глобалните тензии влијаат врз економијата.

Инфлацијата во Еврозоната продолжува да останува над целното ниво од два проценти, па затоа инвеститорите не исклучуваат зголемување на каматните стапки во 2026 година, објавува Блумберг.

Таа оцени дека моменталните услови во европската економија се „помеѓу основното и негативното сценарио“, со акцент на ранливоста на енергетски шокови и глобални нарушувања.

Лагард, исто така, предупреди дека дополнителните трговски тензии, послабата потрошувачка и нарушувањата во синџирот на снабдување би можеле да го забават растот и да ги зголемат инфлаторните притисоци.

Дополнително, таа ја нагласи потребата Европа да ја намали зависноста од фосилните горива и да ја зајакне економската отпорност во услови на сè понестабилна глобална средина, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Песков: Се зголемува директното учество на ЕУ во конфликтот околу Украина

Објавено пред

Директното учество на европските земји во конфликтот околу Украина се зголемува, а сите детали за ова прашање беа презентирани во соопштението за медиумите на руското Министерство за одбрана, според кое Москва го смета ова за чекор што води кон ескалација на воено-политичката ситуација и предупредува дека нападите врз Русија ќе доведат до непредвидливи последици, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков на прес-конференцијата рече дека Кремљ нема што да додаде на соопштението на Министерството за одбрана за зголемувањето на производството на беспилотни летала во Европа за испорака во Киев и нивната употреба во напади на руска територија.

„Го поставувате истото прашање од различен агол, но тоа не ја менува суштината на мојот одговор“, рече портпаролот на Кремљ кога беше прашан дали изјавата на Министерството за одбрана може да значи дека Москва размислува за напади врз капацитетите за производство на беспилотни летала за Киев доколку продолжат нападите врз критичната инфраструктура на Русија, пренесува ТАСС.
Во соопштението за медиумите од руското Министерство за одбрана се наведува дека Европа го зголемува производството на беспилотни летала за Украина „во услови на растечки загуби и растечки недостиг на работна сила во украинските вооружени сили“.

Москва го гледа ова како „намерен чекор што води до остра ескалација на воено-политичката ситуација на целиот европски континент и прикрадлива трансформација на овие земји во стратешка позадина на Украина“, се наведува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана предупреди дека „спроведувањето на сценариото за терористички напади против Русија, најавени од претставници на киевскиот режим, со користење наводно украински беспилотни летала од европско производство, ќе доведе до непредвидливи последици“.

Министерството за одбрана на Русија објави список на адреси на компании што произведуваат вакви беспилотни летала, истакнувајќи дека европските граѓани би имале корист од овие информации и „јасно разбирање на вистинските причини за заканите за нивната безбедност“, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

(Видео) Опожарени неколку возила под скопското Кале: припадник на Армијата со брза реакција го спречил ширењето на огнот

Припадник на Армијата со брза реакција спречил ширење на пожар под Кале. Од оганот биле зафатени неколку паркирани автомобили на...

Свет47 минути

Иран постави три услови за премин низ Ормускиот теснец

Иран постави три услови за премин на бродови низ Ормускиот теснец, објави денес агенцијата „Тасним“, повикувајќи се на извор во...

Свет1 час

Кристин Лагард: Инфлацискиот притисок во ЕУ расте поради Блискиот Исток

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денес предупреди дека ризиците за инфлација во Еврозоната постојат главно поради војната...

Спорт1 час

ГРК Охрид го декласира Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Охрид, прв пат во клупската историја, ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Во првиот натпревар,...

Свет1 час

Песков: Се зголемува директното учество на ЕУ во конфликтот околу Украина

Директното учество на европските земји во конфликтот околу Украина се зголемува, а сите детали за ова прашање беа презентирани во...

Свет2 часа

Трамп му забрани на Израел да го напаѓа Хезболах; Нетанјаху: Работата сè уште не е завршена

Израел сè уште не ја „завршил работата“ против Хезболах, а целта за распуштање на либанското исламистичко движење „нема да се...

Спорт2 часа

Анчелоти има свој фаворит во Лигата на шампионите

Актуелниот селектор на Бразил, Карло Анчелоти, петкратен освојувач на Лигата на шампионите, прогонозираше кој ќе го освои елотното натпреварување оваа...

Спорт2 часа

Алкараз се откажа од Мастерсот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во петокот објави дека нема да игра на АТП турнирот во Мадрид, кој е закажан од...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Им кажа ли Филипче на сестринските партии дека пет дена славеше во Скопје изборна победа на европска држава, на партија дел од ЕПП

Добро е што Венко Филипче од Блиски Исток сега се концентрира на европски простор, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Но тоа не...