Свет
Конгресмен: Трамп не може да го укине правото на државјанство

Американскиот конгресмен, Пол Рајан, изјави дека државјанството на САД стекнато со раѓање не може да го укине претседателот.
Според 14. амандман на Уставот, сите луѓе што се родени во САД се американски државјани.
Реакцијата на Рајан следуваше по изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека ја разгледува можноста да го укине овој начин на стекнување државјанство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ веднаш ќе реагира доколку САД воведе тарифи за увозот на автомобили

Европската Унија сака да ги подобри економските односи со САД, но ќе има брз и соодветен одговор доколку претседателот на САД Доналд Трамп реши да воведе тарифи за увоз на автомобили од ЕУ, изјави Европската комисија.
„Европската унија ќе се држи до својот збор се додека САД го прави истото,“ портпаролот на комисијата Маргаритис Шинас изјави на прес конференција.
„Европската комисија е свесна за заклучокот од страна на истрагата на департманот за трговија на САД за дали увозот на автомобилите претставува закана за националната безбедност на САД. Доколку овој извештај се претвори во санкции кои што ќе предизвикаат штета на европскиот извоз, европската комисија ќе реагира веднаш и адекватно,“ изјави тој.
Свет
Иран: ЕУ мора да се бори за нуклеарниот договор да опстои

Иран ја повика ЕУ да стори повеќе со цел да се зачува нуклеарниот договор и да се заземе поцврст став против дипломатскиот притисок како и економските санкции од страна на САД.
Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, кој присуствуваше на конференцијата за безбедност во Минхен, изјави дека планот за алтернативно плаќање наместо каналот ИНСТЕКС не е доволен.
„ИНСТЕКС не е доволен за она за кое ЕУ3 (Германија, Франција и Британија) се обврзаа со цел да се зачува договорот. Европа мора да се намокри ако сака да плива против опасната плима на унилатерализмот на САД“, вели министерот.
Коментарите на Зариф се резултат на забелешките на потпретседателот на САД Мајк Пенс, кој ги повика сојузниците од Европа да го напуштат нуклеарниот договор и да се приклучат кон Вашингтон, вршејќи дипломатски и економски притисок против ИРан.
Сепак, и покрај одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп за повлекување од нуклеарниот договор со Техеран, Германија, Франција и Британија стојат на ставот дека овој договор е најефективен начин со кој Иран ќе се спречи да развива нуклеарни оружја.
Минатиот месец, ЕУ3 земјите најавија нов механизам наместо ИНСТЕКС преку кој ќе се одвива трговијата со Иран, откако САД воведе нови санкции против исламската република.
Свет
Шпански воен брод предизвика тензии помеѓу британската и шпанската морнарица

Шпански воен брод предизвика тензии помеѓу британската и шпанската морнарица откако дал наредба на бродовите кои се наоѓаат во водите на Гибралтар да се тргнат од „територијалните води на Шпанија.“
Службите на пристаништето во Гибралтар наредиле бродовите да останат на позициите, додека британската кралска морнарица биде распоредена.
По инцидентот започната е истрага за да се утврди дали се преземени вистинските мерки.
„Се чини дека се уште постојат луѓе во шпанската морнарица кои мислат дека можат да си играат со меѓународното право,“ рече портпаролот на владата на Гибралтар.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал