Свет
Конфликт во израелското раководство: Галант рече дека Нетанјаху зборува глупости
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот го критикува министерот за одбрана, Јоав Галант, и го обвини за антиизраелски наратив, што укажува на продлабочување на јазот во владејачката елита на Израел. Локалните медиуми оваа недела објавија дека Галант, обраќајќи им се на пратениците на приватен состанок за безбедност, рекол дека идејата на Нетанјаху за апсолутна победа над Хамас е глупост.
Канцеларијата на Нетанјаху возврати на коментарот велејќи дека изјавите на Галант ги загрозуваат преговорите за ослободување на заложниците. „Кога Галант прифаќа антиизраелски наратив, тоа им штети на преговорите за ослободување на заложниците“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот. Се додава дека Галант е должен да ги следи мисиите на Израел во Газа: елиминација на Хамас и ослободување на заложниците заробени од Хамас во нападите на 7 октомври.
Ова е само последен во серијата судири меѓу двајцата за време на повеќе од 10 месеци војна, а доаѓа додека Израел се подготвува за можен напад од Иран и Хезболах, пишува Си-ен-ен.
Имено, Иран и Хезболах ветија одмазда за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, кој загина во експлозија во Техеран, и на врховниот воен командант на Хезболах, Фуад Шукр, кој беше убиен во израелски воздушен напад во предградијата на Бејрут.
Убиството на лидерот на Хамас, кој одигра важна улога во преговорите за прекин на огнот, ги поттикна стравувањата од ескалација на конфликтот. Иран предупреди дека ќе следува крвна одмазда, а Хезболах рече дека крвта на Шукр не била залудно пролеана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Директното учество на Западот во војната со Украина ја менува суштината на конфликтот
Директното учество на западните земји во конфликтот во Украина ја менува својата суштина и Русија ќе биде принудена да носи одлуки врз основа на вака создадените закани, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Ова ќе значи дека земјите од НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија. И ако тоа се случи, тогаш, имајќи ја предвид променетата природа на конфликтот, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе се создадат“, рече Путин, пренесуваат медиумите во регионот.
Претходно, светските медиуми објавија дека американскиот претседател Џозеф Бајден е под голем притисок од републиканците и демократите да ги олесни ограничувањата за тоа како Украина може да го користи оружјето што САД им го дале во војната против Русија.
Регион
Падна првиот снег на Балканот: студениот бран над Европа се движи кон исток
Студениот атлантски бран над Европа се движи кон исток, па на словенечка Кредарица падна првиот снег.
Невремето предизвика најмногу проблеми на словенечкото крајбрежје, но најлошите сценарија не се остварија, соопшти денеска словенечката агенција за животна средина (Арсо).
Врнежите во Словенија се уште не престануваат, а на места падна и првиот снег, но и покрај ова не се очекуваат поголеми проблеми.
За само неколку часа наврнале повеќе од 50 литри дожд на метар квадратен, а во некои случаи и стотина.
„Во Порторож во текот на летото наврнаа помалку од 100 литри дожд на метар квадратен. Значи, овие врнежи се доста големи, но ваквите врнежи не се рекордни за овој регион“, велат од Арсо.
Регион
(Видео) Драма на Кипар: млад човек се борел со брановите, силните струи не му дозволиле да исплива
Млад човек се борел за живот со брановите во Пафос, Кипар.
На Истаграм профилот на „Грчкаинфо“ се појави видео од драматични моменти во Пафос, Кипар, кое се смета за попопуларно одморалиште.
Силните струи не му дозволиле на младиот човек да исплива и го фатиле големи бранови.
„Црвеното знаме укажува на услови на висока опасност кои претставуваат голем ризик за посетителите. Ова знаме предупредува на немирно море, големи бранови, силни струи или други опасни ситуации во морето. Кога црвеното знаме ќе се подигне, предупредувањето треба да се сфати сериозно а посетителите треба да се воздржат од пливање за да се спречат сериозни последици“.
„Кога има големи бранови – не влегувајте во море! А згора на сето тоа кога на плажата е истакнато црвено знаме – потребно ли е нешто друго за да се разбере дека животот може да биде загрозен за дел од секундата?! “, стои во објавата.