Контакт

Европа

Корбин: Не сме задоволни од договорот за брегзитот, ќе гласаме против

Објавено пред

Британските лабуристи не се задоволни од новиот договор за брегзитот и сметаат дека тој е уште полош од она што го постигнала поранешната премиерка Тереза Меј.

„Не сме задоволни од овој договор и ќе гласаме ‘против’“, рече Џереми Корбин, лидерот на Лабуристичката партија, најголемата опозициска партија во Велика Британија, во Брисел.

Корбин во изјавата рече дека судејќи според она што се знае, се чини дека премиерот Борис Џонсон преговарал за уште полош договор од оној на Тереза Меј, кој во голем дел бил одбиен од британскиот Парламент, се вели во извештајот на агенцијата АП.

Велика Британија и Европската Унија постигнаа нов договор за брегзитот, објави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„Каде што има волја, има и договор – ние го постигнавме! Тоа е фер и балансиран договор за ЕУ и Велика Британија, што сведочи за нашата заложба за изнаоѓање решение“, нагласи Јункер.

Европа

Макрон: Владата не е виновна за отпуштањето работници

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, им рече на отпуштените работници од фабриката за апарати „Вирлпул“ во родниот град Амиен дека неговата влада не е виновна што не успеа преземањето на компанијата.

Во 2017 година Макрон водеше остра борба со ривалката на изборите Мари Ле Пен за гласовите на работниците и тогаш им рече да веруваат во компанијата што ја презеде фабриката, но која подоцна пропадна, пренесува АП.

Повеќе од 100 работници останаа без работа по второто преземање.

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија одби да ги врати островите на Маврициус

Објавено пред

Велика Британија одби на Маврициус да му ја врати контролата врз оддалечената низа острови во Индискиот Океан, на кои исто така има и американска воена база.

Генералното собрание на ООН, со 116 гласови „за“ и само шест „против“ донесе одлука Велика Британија до 22 ноември да му го врати на Маврициус архипелагот Чагос, но тоа не се случи, објави „Скај њуз“.

Со оглед на тоа што заврши рокот од шест месеци, премиерот на Маврициус изјави дека Велика Британија од сега е илегален колонијален окупатор.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин на 19 декември ќе ја одржи годишната прес-конференција

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја одржи годишната прес-конференција на 19 декември, соопшти прес-службата на Кремљ.

Претстојната прес-конференција ќе биде 15-та од 2001 година.

Според досегашната пракса, рускиот шеф на државата неколку часа одговара на новинарски прашања, а прес-конференцијата е пренесувана во живо.

Најдолгата прес-конференција траеше четири часа и 40 минути во 2008 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Интервју/Дебата39 минути

(Видео) Дескоскa: Не само имот, ќе се испитуваат и влијанија врз судиите од адвокати и лоби-групи

Министерката за правда во интервју за „Макфакс“ рече дека со идејата за проверката во правосудството нема да биде опфатено само...

Македонија56 минути

Триесет дена притвор за дадилката што тепаше дете во игротека

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се прифаќа барањето на Јавното обвинителство за мерка притвор од 30 дена...

Регион2 часа

Вучиќ: Му реков на Заев дека нема да има преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата со македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој денеска беше во прва официјална посета на Белград,...

Македонија3 часа

Во Германија уапсен Јетон Љужа, третообвинетиот за убиството на Саздо

Во Хамбург вчера германската полиција го уапсила Јетон Љужа, третообвинет за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо во Автокоманда...

Македонија5 часа

(Видео) Бучковски: Ги победивме Михајло, Филимена, судиите и обвинителите кои решија на наш грб да прават кариера

Во завршниот збор на експремиерот Владо Бучковски за предметот „Тенковски делови”, рече дека воделе 4:0 и победата била на дофат,...

Македонија5 часа

Пендаровски од Белград: Иницијативата мал шенген не е алтернатива за ЕУ

Освен независноста на Косово, Македонија и Србија немаат други отворени билатерални прашања, рече денес српскиот претседател Александар Вучиќ по пленарната...

Регион5 часа

Брегу: Повеќе од пет милиони граѓани од Западен Балкан заминаа во ЕУ во последните седум години

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, изјави дека повеќе од пет милиони граѓани од Западен Балкан емигрирале...

Македонија6 часа

Пендаровски: Односите меѓу Северна Македонија и Србија се одлични и без спорни точки

Односите меѓу Северна Македонија и Србија се одлични и без спорни точки, изјави претседателот Стево Пендаровски, по средбата со неговиот...

Регион8 часа

Откриен идентитетот на Србинот во шпионската афера

На видеото со рускиот воен разузнавач е потполковникот во српската војска З.К., а безбедносните служби проверуваат дали тој за пари...

Регион9 часа

Во БиХ годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот

Во Босна и Херцеговина, особено во Сараево, Тузла, Зеница и Бања Лука, годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот,...

Свет10 часа

Милијардерот Блумберг влегува во трка за претседател на САД

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој е поранeшен градоначалник на Њујорк, направи уште едeн чекор кон официјалната кандидатура за претседател на САД....

Свет10 часа

Нетанјаху: Обвинението за корупција и земање мито е обид за пуч

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли обвинението за корупција и го нарече обид за пуч против него. Нетанјаху во јавно...

Македонија12 часа

Почнува бесплатната вакцинација против сезонскиот грип

Бесплатната вакцинација против сезонскиот грип почнува од денеска. Од Министерството за здравство вчера информираа дека оваа сезона се набавени вкупно...

Македонија12 часа

Пендаровски во официјална посета на Србија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Денеска во...

Македонија22 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Македонија1 ден

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија1 ден

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија1 ден

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија1 ден

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Досие