Контакт

Свет

Коронавирусот во Италија и Јужна Кореја се појави во исто време, но бројот на заразени е драстично различен – кои се причините за тоа?

Објавено пред

Италија и Јужна Кореја приближно во исто време се соочија со појавата на коронавирусот, но во тие земји ситуацијата денес е сосема различна. Засега сè уште не е јасно кои се причините за тоа иако постојат неколку индиции.

Милиони луѓе во Италија се во карантин, а починаа повеќе од 800. Во Јужна Кореја во карантин се неколку илјади луѓе, а 67 починале. Како што вирусот се шири во светот, ситуацијата во овие две земји одлично илустрира каков ќе биде проблемот за државите што се борат со нагло зголемување на бројот на заразени.

Тестирањето на секој потенцијален пациент не е практично, но ако властите не пронајдат начин да утврдат колку има земено замав заразата, најдобар одговор е канрантинот.

Италија на почетокот спроведуваше многу тестирања, но потоа го намали фокусот, така што сега не мора да се обработуваат илјадници примероци. Сега, со ограничувањето на движењето, земјата се обидува да спречи ширење на заразата.

(Фото: ЕПА)

На илјадници километри оддалеченост, властите во Јужна Кореја на поинаков начин одговорија на болеста. Тестираат стотици илјади луѓе и ги следат потенцијалните носители преку мобилен телефон и сателитска технологија.

Двете земји ги регистрираа првите случаи на Ковид-19 кон крајот на јануари. Оттогаш Јужна Кореја објави 67 смртни случаи и речиси 8.000 заразени лица по тестирањето повеќе од 222.000 луѓе.

Италија има 827 мртви и идентификувани повеќе од 12.000 заразени кога изврши повеќе од 73.000 тестови на неоткриен број луѓе.

Агресивното и континуирано тестирање е моќна алатка во борбата против вирусот

Епидемиолозите велат дека овие бројки не може директно да се споредат. Но, некои велат дека толкавата голема разлика упатува на важен заклучок, а тоа е дека агресивното и континуирано тестирање е моќна алатка во борбата против вирусот.

„Опсежното тестирање може да им даде на властите подобра слика за обемот на епидемијата“, вели Џереми Кониндик од Центарот за глобален развој во Вашингтон. Кога тестирањето е ограничено, властите мора да преземат порешителни активности за да го ограничат движењето на луѓето.

„Не ми се допаѓаат присилните ограничувања на движењето во вид на карантин“, рече тој. „Кина го стори тоа, но Кина може да го стори тоа. Кина има жители што ќе го почитуваат тоа“.

Примерите на Италија и Јужна Кореја се корисни за земји како што се САД, кои имаат проблем да воспостават систем на тестирање и заостануваат неколку недели кога станува збор за ширење на заразата.

(Фоо: ЕПА)

Засега, размерите на проблемот во Јапонија и САД сè уште не се видливи.

Германија исто така не спроведува опсежно тестирање, но канцеларката Ангела Меркел вчера ги предупреди сограѓаните дека единствената опција е изолацијата бидејќи веројатно 60-70 проценти од населението ќе биде заразено со Ковид-19.

Јужна Кореја, која има малку помалку жители од Италија, речиси 50 милиони, има приближно 29.000 луѓе во самоизолација. Некои згради се ставени во карантин и најмалку еден станбен комплекс е најтешко погоден од вирусот. Но, досега властите не изолираа ниту еден регион.

Сеул посочува дека ги користи искуствата од МЕРС во 2015 година и дека настојува да ја информира јавноста што е можно повеќе. Спроведува масовно тестирање, вклучително и луѓе што имаат многу благи форми на болеста или дури немаат никакви симптоми, но би можеле да заразат други.

Владата има законско право да пристапува до податоците собрани преку камери за видеонадзор, ГПС-мониторинг на мобилни телефони и автомобили, податоци од трансакции со кредитни картички и влез во земјата, како и други лични податоци на луѓе за кои е потврдено дека боледуваат од заразна болест. Некои од тие податоци може да бидат објавени, така што луѓето кои можеби биле изложени на вирус или нивните пријатели и членови на семејство може да се решат да се тестираат.

Таквиот систем на податоци им помага и на болниците во нивната работа. Луѓето кај кои е потврден вирусот се самоизолираат и се следат од далечина преку апликации на паметни телефони или редовно се проверуваат преку телефон сè додека не се ослободи болнички кревет за нив. Сето ова, вклучително и хоспитализацијата, е бесплатна.

Сепак, системот не е совршен. Речиси 18.000 луѓе сè уште ги чекаат резултатите од тестовите откако 209.000 луѓе имаа негативни резултати. Ова значи дека се можни нови случаи.

Земјата нема доволно заштитни маски, почна да наметнува ограничувања при нивното купување и сака да ангажира повеќе квалификувани луѓе за да работат на обработка на тестовите и да ги следат заразените.

(Фото:ЕПА)

Покрај тоа, овој пристап навлегува во приватноста.

Традиционалните пристапи, како што се изолирање на погодените области и пациентите, може да бидат само умерено ефикасни.

„Традиционалните пристапи, како што се изолирање на погодените области и пациентите, може да бидат само умерено ефикасни и може да предизвикаат проблеми во отворените општества“, изјави заменик-министерот за здравство на Јужна Кореја, Ким Ганг-лип.

Исто така, постојат некои сличности меѓу Италија и Јужна Кореја кога станува збор за коронавирусот. Во двете држави заразата првично се појави во помалите градови за разлика од метрополите, па болеста бргу ги загрози локалните здравствени системи.

Болеста кај еден од првите пациенти во Италија, 38-годишната Матија, беше потврдена дури кога таа вторпат отишла во болница. Насоките за лекување тогаш не налагале тестирање луѓе што немаат никаква врска со Кина или други заразени области.

Италија има, генерално, ефикасен здравствен систем, но сега е во хаос

Регионалните власти првично спроведуваа повеќе тестирања, а потоа го намалија фокусот само на лицата со симптоми.

Според меѓународните студии, Италија има, генерално, ефикасен здравствен систем. Нејзиниот универзален здравствен систем прима помалку пари од европскиот просек, но во споредба со Јужна Кореја – 8,9 проценти од БДП наспроти 7,3 проценти во Јужна Кореја, според Светската здравствена организација (СЗО).

Системот, сепак, сега е во хаос.

Испитувањата засега покажуваат дека секое заразено лице може да зарази уште две лица

„Ако трае неколку недели или месеци, ќе ни треба засилување“, рече Пјер Луиџи Вијале, шеф на одделот за инфективни болести во болницата „Сант’Орсола-Малпиги“ во Болоња.

Пред кризата Италија имаше само 5.000 легла во одделите за интензивна нега.

Владата побара од регионалните власти да го зголемат бројот на места во одделите за интензивна нега 50 проценти и да го удвојат бројот на кревети за респираторни и заразни болести.

Набавени се речиси 5.000 респиратори.

По откривањето на тоа жариште, Јужна Кореја отвори 50-ина локации за тестирање во целата земја.

Првиот случај во Јужна Кореја беше 35-годишна Кинезинка, која била тестирана на 20 јануари. Била тестирана благодарение на интуицијата на здравствениот работник, а не на официјалните упатства.

Најголемото жариште беше откриено по дијагностицирање на вирусот кај 31. пациент, 61-годишна жена од градот Даегу, на 18 февруари. Таа исто така немала врска со Вухан во Кина, од каде што вирусот почна да се шири. Но, таа била член на секта, која сега е поврзана со 61 процент од случаите.

Во моментот 117 институции во Јужна Кореја имаат опрема за тестирање на коронавирус. Максималниот капацитет е 20.000 теста на ден.

Владата го плаќа тестирањето за лица со симптоми доколку тие ги испратат лекарите. Инаку, тестирањето може да чини 140 долари.

Регион

Во три црногорски градови се воведува полициски час

Објавено пред

Од понеделник, 28 септември, до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите на коронавирус, во три црногорски градови Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе биде забрането напуштање на домовите.

Полицискиот час ќе трае од 22 до 5 часот наутро, а забранети ќе бидат и работата на угостителските објекти, како и домашните посети.

Според одлуката на црногорското Национално координативно тело, работата на угостителските објекти и домашните посети од 28 септември ќе бидат забранети и во Рожае.

Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12 октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат до 22 часот. Најмногу две лица ќе можат да седат на маса, додека задолжителното растојание меѓу столовите на гостите кои со грб се свртени еден на друг ќе биде еден метар.

Во другите црногорски општини ќе се применуваат епидемиолошките мерки што досега беа на сила, пишува „Вијести“.

Ваквите строги мерки против ширењето на коронавирусот, црногорските власти ги преземаат откако четврти ден по ред бројктата на новозаразени во земјата е над 200 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Падна првиот снег на Бјелашница

Објавено пред

По обилните врнежи од дожд во изминатите два дена во Босна и Херцеговина, снегот стигна на планините, поточно до врвот Бјелашница.

Федералниот хидрометеоролошки институт објави претежно облачно време и дожд во БиХ, додека во централните и источните делови на земјата и снег на планинските врвови.На олимписката планина Бјелашница, падна првиот снег за оваа сезона. Снег падна утрово и во Австрија и во Италија.

Во изминатите неколку дена, температурата на воздухот значително опадна, а поради силните врнежи од дожд беа запалени жолто-портокалови метеоролошки аларми.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија 184 нови случаи на коронавирус, состојбата не се подобрува

Објавено пред

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 184 нови инфекции со коронавирус со 2775 тестови, нешто помалку од претходниот ден, но епидемиолошката состојба не се подобрува, изјави официјален извор во саботата.

Во петокот, Словенија забележала рекордни нови 192 случаи на инфекција, со направени 3.645 тестови. Во болниците во моментов се лекуваат 72 лица со Ковид-19, 13 повеќе од претходниот ден, а 17 од нив се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата во Словенија, инфекцијата со коронавирус досега е потврдена кај 5.191 лице, 146 лица починале, а има 1.588 активни случаи на инфекција, покажуваат новите податоци на Министерството за здравство.

„За жал, епидемиолошката состојба не се подобрува, нема пренесување на вирусот од странство, доминираат локалните инфекции“, објави на Твитер владиниот портпарол за Ковид-19, Јелко Кацин.

Тој најави дека владата може да донесе нови мерки во понеделник за спречување на епидемијата, веројатно забрана за собирање луѓе во групи со повеќе од шест лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет3 часа

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет4 часа

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ5 часа

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ5 часа

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија7 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет7 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет8 часа

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија9 часа

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа9 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет10 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ19 часа

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија19 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа21 час

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија22 часа

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија1 ден

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа1 ден

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Досие