Свет
Косовски државјани уапсени во Венеција, планирале терористички напад

Тројца државјани државјани на Косово биле уапсени во Венеција под сомнение дека се обиделе да го кренат во воздух мостот Риалто, еден од најпознатите симболи на градот. Во акцијата полицијата идентификувала терористичка база.
Тројца џихадисти, односно тројца државјани на Косово се уапсени од страна на италијанската полиција под сомнение дека сакале со експлозив да го урнат мостот Риалто во Венеција.
Весникот Corriere del Venteno објави дека полицијата во строгиот центар на Венеција открила терористичка база.
Џихадистите извесен период биле следени од полицијата, а анализите на нивните вообичаени навики било забележано дека тие минуваат низ процес на радикализација.
Тројцата државјани на Косово биле уапсени во заедничка акција на полицијата и карабињерите пред театарот La Fenice. Сите имале регулиран престој во Италија, а двајца од нив работеле во едно кафуле.
Како дел од антитерористичката акција, полицијата извршила претрес на 12 локации, од кои десет се наоѓале во строгиот центар на Венеција. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Остатоци од човечко тело пронајдени во куфер купен на аукција во Нов Зеланд

Полицијата во Нов Зеланд започна истрага откако тамошното семејство пронашло човечки останки во куфер што го купиле на аукција.
Полицијата покренала истрага за убиство и се обидува да ги идентификува останките, а семејството кое го купило куферот не е осомничено дека е вмешано во ништо, пишува Би-Би-Си.
Неколку од соседите на семејството пријавиле дека од нивниот имот се шири смрдеа пред да дојде полицијата.
Семејството купило приколка полна со работи од локалниот магацин, вклучително и куфер, а човечките останки ги пронашле дури кога стигнале дома и ја отвориле.
Полициските власти рекоа дека приоритет им е да го идентификуваат лицето, но додадоа дека ќе биде потребно време,пренесе рс.н1.инфо.
Свет
Првата дама на САД е позитивна на корона

Првата дама на САД, Џил Бајден, е позитивна на корона вирусот и има благи симптоми, соопшти денеска Белата куќа.
Таа ќе престојува во приватна резиденција во Јужна Каролина, а ќе се врати во Вашингтон по два последователни негативни теста, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Џо Бајден беше заразен со корона вирусот пред неколку недели.
Свет
Четиригодишно момче прегазено од валјак во Германија, починало на лице место

Четиригодишно момче возејќи велосипед било удрено од машина за потиснување асфалт во близина на градилиште во Долна Саксонија, Германија. Момчето починало, пренесува списанието „Феникс“.
Како што соопшти полицијата, момчето во понеделникот било со својот татко и седумгодишниот брат. Децата возеле велосипеди додека таткото трчал зад нив.
Постариот брат веќе го поминал патот кој е во изградба. Четиригодишното дете требало да го следи кога ненадејно го удрил валјак додека се движел наназад. Тој починал на местото на несреќата, пред очите на неговиот татко. Се утврдува како дошло до несреќата, а консултиран и експерт. Возачот на валјакот ќе се гони за убиство од небрежност.