Контакт

Свет

Кралицата, Папата Франциско и Обама му оддаваат почит на надбискупот Дезмонд Туту

Објавено пред

Британската кралица Елизабета Втора, папата Франциско и поранешниот американски претседател Барак Обама му оддадоа почит на надбискупот Дезмонд Туту, кој почина денеска на 90-годишна возраст.

Во пораката во која изразува сочувство за смртта на Туту, добитник на Нобеловата награда за мир и ветеран во јужноафриканската борба против владеењето на белото малцинство, кралицата рече дека се сеќава на неговите средби со него и неговите „големи топлина и хумор“.

Надбискупот Дезмонд Туту, добитник на Нобеловата награда за мир и ветеран во јужноафриканската борба против владеењето на белото малцинство, почина денеска на 90-годишна возраст, соопшти Претседателството на Јужна Африка.

„Заминувањето на надбискупот Дезмонд Туту е уште едно поглавје во кое со жалење се збогуваме со генерацијата исклучителни Јужноафриканци кои ни оставија во аманет ослободена Јужна Африка“, рече претседателот Кирил Рамафоса во изјавата, пренесе Ројтерс.

Обама го опиша како „ментор, пријател и морален компас“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Украински министер: Спијте мирно, нема да има инвазија од Русија

Објавено пред

Властите во Украина денеска се обидоа да ја убедат нацијата дека инвазијата од соседна Русија не е неизбежно сценарио иако тие признаа дека заканата е реална и примија пратки со американска воена опрема со цел да ја зајакнат нејзината одбрана, пренесува АП.

Министерот за одбрана, Алексеј Резников, изјави во парламентот дека до денес нема причина да се верува дека Русија се подготвува за итна инвазија истакнувајќи дека нејзините војници не формирале, како што рече, борбена група што би можела да ги пробие границите.

„Не грижете се, спијте мирно. Нема потреба да имате спакувани куфери“, им рекол украинскиот министер на пратениците, пренесува АП.

Неговите изјави следуваа по повторените уверувања од претседателот Володимир Зеленски и други официјални претставници дека ситуацијата е под контрола.

Сепак, во интервју емитувано вчера, министерот за одбрана призна дека постојат ризични сценарија, кои се можни и веројатни во иднина, пренесе „Асошиетед прес“.

Москва негира дека планира напад врз Украина, но во последните недели концентрира речиси 100.000 војници во близина на границата и одржува воени вежби на неколку локации во Русија, што ги натера САД и нивните сојузници во НАТО да брзаат со подготовките за можна војна.

Како дел од новата воена помош од 200 милиони долари испратена до Украина од САД, денеска во Украина пристигна пратка со опрема и муниција, потврди заменик-министерот за одбрана, Хана Малиар.

Прикажи повеќе...

Регион

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Објавено пред

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од Украина.

„Доколку дојде до ескалација, ќе се повлечеме до последниот хрватски војник. Немаме ништо со ова и нема да имаме ништо, гарантирам“, изјави тој критикувајќи уште еднаш за вмешаноста на премиерот Андреј Пленковиќ во Украина.

По настаните во 2014 година, со кои почна конфликтот во Украина, приказната беше следна – Украина оди на запад, нема што да бараме со Русија, царинската унија со Русија и поранешните советски држави се лоши за Украина, а во ЕУ ќе тече мед и млеко“, рече Милановиќ.

Според него, ситуацијата нема врска со Украина, туку со политиката на Бајден, каде што тој гледа недоследност и опасно однесување.

„Ова се случува во предградијата на главниот град на Русија и постојат начини да се спаси Украина, барем 99 отсто, за да ѝ се помогне економски“, рече Милановиќ.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден: САД нема еднострано да испраќа војници во Украина

Објавено пред

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека нема намера еднострано да испраќа американски војници во Украина, соопшти Белата куќа, откога Вашингтон во состојба на готовност стави околу 8.500 војници поради акумулацијата на руски војници на границата со Украина.

„Само да бидам јасен – нема намери, ниту интерес или желба на претседателот да испрати војници во Украина. НАТО е форум за поддршка на нашите партнери и земјите од источното крило и тоа е фокусот“, се вели во соопштението на Белата куќа, цитирано од „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион23 минути

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија2 часа

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет3 часа

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија4 часа

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Европа5 часа

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија6 часа

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија6 часа

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија8 часа

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија8 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија9 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија10 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија11 час

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија12 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет12 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет12 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет22 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет23 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија1 ден

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа1 ден

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Досие