Контакт

Свет

Кралот на Малезија го помилува поранешниот заменик-премиер

Објавено пред

Поранешнот заменик-премиер на Малезија, Анвар Ибрахим, кој беше обинет за содомија, беше ослободен откако малезискиот крал го помилува.

Кралското помилување му ги отвори вратите за Ибрахим, кој би можел да го наследи новиот премиер Махатир Мохамад, кој обезбеди неочекувана победа на минатонеделните парламентарни избори, поразувајќи го поранешниот премиер Наџиб Разак.

Анвар служеше петгодишна затворска казна поради обвиненија за содомија за кои тој вели дека имаат политичка заднина. Сè до неговото ослободување во средата, тој требаше да биде пуштен од затвор на почетокот на јуни.

Тој беше уапсен во 2015 година, откако по вторпат беше обвинет за содомија. По ослободувањето тој рече дека се радува на таквата одлука на кралот, кој веднаш го помилувал поради очигледната неправедна пресуда.

Анвар и Махатир, долгогодишни ривали, неодамна ги надминаа своите разлики за да го победат Наџиб, нешто што јавноста го прифати како многу добро затоа што ставањето крај на ривалството овозможи да се стави крај и на 60-годишното владеење на Наџиб.

По неговото ослободување, Анвар рече дека иако помилувањето е одлука на кралот, Махатир е оној што го забрзал нејзиното донесување.

Свет

Јункер: Нема напредок за брегзитот

Објавено пред

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека не очекува оти ќе биде плоден неговиот состанок утре со британската премиерка Тереза ​​Меј бидејќи нема доволно показатели дека постои напредок за брегзитот.

Mej побара да се сретне со Јункер за во последен момент да добие отстапки, пред сè, кога станува збор за регулирањето на границите помеѓу двете Ирски бидејќи без тоа тешко може да ја добие поддршка во британскиот Парламент.

Меѓутоа, Јункер повтори дека во Европската Унија не постои согласнот повторно да се отворат преговорите за договорот постигнат со британската влада.

Прикажи повеќе...

Свет

Седум деца на сириски бегалци изгореа во пожар во Канада

Објавено пред

Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата.

Канадската медиумска мрежа Си-би-ес јави дека станува збор за семејство на сириски бегалци и дека децата биле на возраст од три месеци до 17 години.

Еден маж и жена се повредени во пожарот и се префрлени во болница.Полицијата и пожарникарите ја немаат соопштено причината за пожарот.

Очевидците велат дека слушнале бучава од куќата каде што избувнал пожарот, а потоа виделе една жена и еден човек како трчаат во дворот.

„Мајката беше во тревникот, се молеше и ги кршеше рацете и го молеше својот сопруг да побара помош“, рече соседот Даниел Барт.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полицијата во Марсеј застрела маж што избол четири лица на улица

Објавено пред

Француската полиција застрела маж во центарот на Марсеј кога тој пробол четири лица на прометна улица во градот. Нападот, според првичните информации, не се поврзува со тероризам.

Напаѓачот се обидел со пиштол да пука кон полицијата, но бил смртно застрелан.

Човекот ранил двајца во трамвај и две лица на улица, од кои еден има сериозни повреди.
Нападот од нож се случил во попладневните часови на прометна улица во центарот на пристанишниот град, втор по големина во Франција.

Полицијата соопшти дека отвориле оган врз напаѓачот кога им се заканувал со оружје.

Причината за нападот не е позната.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Седум деца на сириски бегалци изгореа во пожар во Канада

Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата. Words...

Европа10 часа

(Видео) Полицијата во Марсеј застрела маж што избол четири лица на улица

Француската полиција застрела маж во центарот на Марсеј кога тој пробол четири лица на прометна улица во градот. Нападот, според...

Македонија10 часа

Ѝ се слоши на обвинетата Стефановска – судењето за „Титаник 2“ одложено

Од 11 до 18.30 часот, со две паузи, траеше денешното рочиште за предметот на СЈО, „Титаник 2“. Денеска требаше да...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија11 час

Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата...

Македонија12 часа

(Видео) Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса...

Крвав четврток13 часа

Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија13 часа

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија13 часа

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија15 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија16 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија16 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија17 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија18 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток18 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток18 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ18 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет19 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија20 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет20 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет20 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Досие