Контакт

Свет

Крај за „Рукбан“: се затвора најголемиот бегалски камп во Сирија

Објавено пред

На 27 септември во сирискиот камп „Рукбан“ ќе почнат активности за раселување на бегалците, а активностите за негово затворање ќе траат во следните 30 дена, соопшти началникот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни, генерал-мајор Андреј Бакин, за ТАСС.

„Оперативниот план на ОН и на сириската арапска Црвена полумесечина предвидува евакуација на преостанатите жители на кампот по групи: од 3 до 3,5 илјади луѓе во следните 30 дена од почетокот на операцијатра“, рече Бакин на седницата на меѓуресорните штабови на Русија и на Сирија посветена на раселувањето на кампот „Рукбан“.

Во регионот Танфа на границата на Сирија и Јордан се наоѓа американска воена база. „Рукбан“, во кој се сместени околу 60.000 цивили, се наоѓа во зоната од 55 км околу базата.

Русија и Сирија повеќепати нагласуваа дека ситуацијата во кампот е катастрофална.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Словенија наврна 70 сантиметри снег

Објавено пред

Во Словенија, кај Кредарица, тамошната највисоко позиционирана метеоролошка станица, денеска се измерени 70 сантиметри снег.

Кредарица се наоѓа на 2.514 метри надморска височина, и иако се приближува летото, овој планински врв е покриен со снег.

Снег таму имаше и во мај.

Најмногу снег во јуни бил измерен на 1 јуни 1978 година – дури 422 сантиметри. Нешто помалку, 415 сентиметри биле измерени на 1 јуни 1984 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Објавено пред

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува збор за тероризам.

Камовиќ (21) најпрво избодел полицаец, кој бил испратен да спречи грабеж на продавница за време на протестите за убиството на Џорџ Флојд, а потоа ранил двајца други со огнено оружје, ги пренесува податоците од полицијата, „Њујорк пост“. Полицијата исто така истражува дали овој напад има врска со тероризам, се додава во извештајот на њујоршкиот весник.

Пред да ги повреди полицајците, Камовиќ на социјалните мрежи пишувал статуси против полицијата, а неименуван висок полициски службеник за „Њујорк пост“ изјавил дека семејството на Камовиќ има врска со тероризам.

Извори на американскиот весник наведуваат дека самиот Камовиќ не бил познат како личност поврзана со тероризам, но дека бил во контакт со луѓе што се.

Одредот за борба против тероризам на ФБИ, исто така, се приклучил на истрагата. Тие биле на местото на злосторството на Чрч авенју, а направиле и претрес на станот на Камовиќ на улицата 22 Ист.

Камовиќ нема криминално досие и е осомничен дека прободел полицаец во вратот. На помош притрчале други двајца полицајци, од кои едниот извадил пиштол. Камовиќ се обидел да го украде оружјето, кое пукнало и ранило двајца полицајци, еден во рака, а друг во дланката.

Други полицајци го застрелале напаѓачот, кој е во критична состојба во болница, додека полицајците не се во опасност.

 

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Прекумерна сила на протестот во Бафало: Полицајци турнаа на земја немоќен старец

Објавено пред

Протестите за бруталното полициско убиство на Афроамериканецот Џeорџ Флојд траат веќе десетти ден, а полицијата синоќа повторно употреби прекумерна сила во градот Бафало, во сојузната држава Њујорк.

Двајца полицајци со палките турнаа постар демонстрант кој падна на глава, а потоа преминаа над него.

„Ројтерс“ пренесува дека на видеото направено од локална радиостаница се слуша звук на крцкање, сличен на кршење на коски, а потоа се видело и дека соборениот демонстрант крвави од пределот на главата.

Потоа се глада како полицискиот кордон продолжува да се движи, а полицаецот кој го удри демонстрантот заканувачки се наведнува над него, сè додека еден колега не го повлече за рака за да продолкжи понатаму.

Исто така се слуша како некој бара брза помош, а локалното радио во својот извештај потврдува дека во меѓувреме пристигнало амбулантно возило, додека здравствените власти подоцна објавиле дека повредениот е 75-годишник кој е во стабилна состојба.

Двајца полицајци се суспендирани без надомест.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија20 минути

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија1 час

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија2 часа

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија2 часа

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија4 часа

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет5 часа

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ6 часа

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа7 часа

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет8 часа

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион19 часа

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион21 час

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија22 часа

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ23 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија24 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија1 ден

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија1 ден

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион1 ден

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија1 ден

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија1 ден

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Досие