Свет
Кремљ: До лето 60 проценти од светското население ќе стекне имунитет на коронавирусот

До лето 60 проценти од светското население ќе се здобие со имунитет на коронавирусот, што ќе ни овозможи да се вратиме во нормален живот во август, изјави портпаролот на Кремљ.
Според Дмитриј Песков, ситуацијата во голема мера ќе зависи од појавата на имунитет на коронавирусот кај жителите на земјата.
Песков потсети дека, според пресметките на имунолозите, потребно е да се појави имунитет кај околу 60 проценти од популацијата на планетата, како по природен така и по вештачки пат.
„Ми се чини дека таквите имунизации треба да дојдат во средината на летото“, додаде портпаролот на Кремљ. Според него, на тоа се работи, иако во различни насоки, во многу земји.
Меѓу другото, тој го посочи успехот на Израел, како и забрзувањето на вакцинацијата во Русија и САД.
Од почетокот на пандемијата на коронавирус, околу 105,8 милиони луѓе биле заразени во светот, од кои 2,3 милиони починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Модерна“ почнува со тестирање на вакцини против јужноафриканскиот вид на коронавирус

Во САД следниот месец ќе почнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта на коронавирус.
Како што најави водечкиот епидемиолог во САД, Ентони Фаучи, испитувањата од првата фаза ќе почнат наскоро, а засега нема да се проучува ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста на производот.
Тоа значи дека на тест ќе биде ставена способноста на вакцината да предизвика имунолошка реакција.
Првата фаза ќе се спроведе на мал број луѓе.
Свет
(Видео) Масовно бегство на 400 затвореници на Хаити, има загинати

Повеќе од 400 осуденици избегаа од затворот на Хаити, недалеку од главниот град Порт-о-Пренс.
Во извештајот на локалните власти се наведува дека 25 лица загинале за време на масовното бегство од затворот Круа ле Буке.
Меѓу нив се и директорот на таа институција и случајни минувачи кои биле во центарот на инцидентот, пренесува Би-би-си.
Меѓу загинатите е и моќниот шеф на подземјето, Арнел Жозеф, кој настрада кога се појави на мотор на контролен пункт неколку часа по бегството.
Свет
Фаучи: Во март почнуваме тестирање на вакцината на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид

Во средината на март во САД почнуваат испитувања на вакцините развиени од лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид на коронавирусот, изјави Ентони Фаучи, советник во Белата куќа.
„Испитувањата почнуваат во средината на март“, рече имунологот на прес-конференција одржана во Белата куќа.
Засега, додаде Фаучи, нема да се прочува ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста на производот, т.е. неговата способност да предизвика имунолошки одговор.
Тој рече дека првата фаза од испитувањето ќе се спроведе кај мал број луѓе.
Јужноафриканската варијанта според научниците е најзагрижувачка бидејќи покажа дека може делумно да се спротивстави на имунолошката заштита развиена по инфекција со вирусот или по примањето на вакцината.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер