Свет
Кремљ: Зеленски ако сака може да ја заврши војната уште утре

Русија верува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски може да стави уште утре крај на војната во Украина.
„Зеленски знае кога војната би можела да заврши. Може да заврши утре ако сака“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Кремљ долго време порачува дека Украина мора да ги прифати руските услови за прекин на војната, која сега трае веќе десет месеци. Русија побара Киев да го признае Крим и другите окупирани територии како дел од Русија.
Зеленски и другите украински официјални лица постојано ги отфрлаа тие услови и рекоа дека војната ќе заврши кога Украина ќе ги ослободи окупираните територии или кога руските сили ќе се повлечат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Политичкиот систем во Европа ќе пропадне

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека актуелниот политички систем во Европа ќе пропадне во текот на оваа деценија.
Орбан, како што пренесува австрискиот портал „Експрес“, на прашањето дали е за останување на Унгарија во ЕУ, рекол: „Дефинитивно не, но мораме“.
„Нормалните луѓе, со нормални ставови, не се за останување во ЕУ. Раздорот и разидувањето меѓу Унгарија и ЕУ расте“, објаснува тој.
Тој вели дека знае што зборуваат премиерите на Франција и Германија, а тоа е за уште поголема миграција, за родовата еднаквост и додаде дека во Унгарија постои приврзаност кон традиционалниот семеен модел.
Тој е убеден дека, по колапсот на актуелниот политички систем во Европа, ќе има враќање на традицијата.
Војната во Украина, посочува тој, уништи многу работи.
„Претходните сојузи со Словачка, Чешка, Австрија и Италија се оптоварени со оваа војна“, објасни тој, додавајќи дека италијанската премиерка е освежување, но дека мора да ги преживее до март преговорите со врвот на ЕУ за исплати од Фондот за закрепнување бидејќи на Италија и се потребни пари.
Орбан рече дека на ЕУ и пречи успехот на Унгарија и дека секој што има поинаков став, како него, веднаш се соочува со обвинувања дека е фашист или хомофоб.
Европа
Се преврте автобус на фудбалски клуб, има загинати

Автобусот со фудбалерите на „Вила Марија Хелена“ излета од мостот кај реката Анг, на патот БР-116, јавуваат бразилските медиуми.
Според информациите кои ги објави бразилски „Глобо“, во оваа несреќа загинале најмалку четири лица.
Во автобусот имало 28 млади лица на возраст од 14 до 17 години, како и возачот и четворица членови на техничката комисија.
TRAGÉDIA! 🚨
Na madrugada desta segunda-feira (30), um time de futebol sofreu um acidente de trânsito em Minas Gerais.
Poucas informações se tinham até o momento, porém foi descoberto que o clube em questão é o Esporte Clube Vila Maria Helena, do Rio de Janeiro.
SEGUE O FIO pic.twitter.com/8Pdg5qTkqW
— Goleada Base (@goleada_base) January 30, 2023
Како што пренесуваат медиумите, тимот се враќал од турнирот во градот Убапоранж и превезувал млади фудбалери во градот Дјук де Касиљас.
Автобусот излетал од мостот и паднал од висина од десет метри.
Иако жртвите се уште не се идентификувани, се знае дека се работи за едно возрасно и три помлади лица.
Телата се пренесени во Афранио Пеиксото, додека повредените се хоспитализирани во болница во Сао Салвадор.
Европа
Песков: Ситуацијата е безнадежна, води до вистинска ескалација

Оружјето што западните земји и го доставуваат на Украина доведува до ескалација на конфликтот, ситуацијата е во ќорсокак, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Песков изјави дека текот на настаните не може значително да се промени и дека специјалната операција продолжува.
„Украина бара се повеќе и повеќе ново оружје, а Западот ги охрабрува овие барања, се колне дека е подготвен да обезбеди оружје. Оваа ситуација е прилично безнадежна, бидејќи, уште еднаш ќе кажам, води до вистинска ескалација и води кон НАТО членовите и тие се подлабоко и подлабоко во овој конфликт“, рече Песков пред новинарите.
Портпаролот се осврна и на односите меѓу Москва и Париз, велејќи дека таму нема ништо за пофалба, исто како во односите меѓу Русија и членките на Европската унија, но доколку е потребно, дијалогот со францускиот лидер Емануел Макрон ќе продолжи.
Песков, дополнително, нагласи дека сега е тешко да се зборува за перспективите на дијалогот со НАТО, бидејќи, како што рече, Алијансата одамна ги прекина сите конструктивни односи со Русија.
Според него, постојат одредени кругови во сите европски земји кои се загрижени за степенот на нивната вклученост во украинскиот конфликт.