Контакт

Свет

Кремљ: Нема да поставуваме ултиматуми до НАТО, но ситуацијата е во критична точка

Објавено пред

Москва не поставува ултиматуми во преговорите со Западот, туку бара конкретни одговори за безбедносните прашања што ја мачат, соопшти Кремљ по денешниот почеток на разговорите помеѓу НАТО и Русија во Брисел.

Русија сака гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток, дека ќе ги намали силите и оружјето во Европа и дека Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО – што е главната црвена линија за алијансата и Киев.

Американско-руските разговори во Женева во понеделникот не вродија со плод.

„Не преговараме од позиција на сила, нема простор за какви било ултиматуми. Но, ситуацијата достигна критична точка во однос на паневропската безбедност и нашите национални интереси и не можеме само да одложуваме. Прашањата што нè загрижуваат бараат конкретни одговори“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков, исто така, повтори дека Русија е подготвена директно да преговара со Украина под услов да се исполнат обврските од постоечките договори.

НАТО вели дека голем број руски барања поднесени во декември се неприфатливи, вклучително и повикот за намалување на активностите на алијансата на нивото од 1990-тите и ветувањето дека нема да прима нови членки.

На прашањето за можното членство на Финска во НАТО, Песков одговори дека НАТО служи како „инструмент за конфронтација“ и дека Русија е загрижена за какво било проширување на алијансата.

Свет

Германија ќе го вклучи и гасоводот „Северен тек 2“ во листата на санкции против Русија

Објавено пред

Германија е подготвена да го вклучи гасоводот „Северен тек 2“ во листата на санкции против Русија доколку ситуацијата со Украина ескалира, изјави денеска германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.

„Ги прочитавме можните одговори, вклучувајќи го и ‘Северен тек 2’. Да, дијалогот е приоритет за нас секогаш, но понекогаш е неопходно да бидеме цврсти како во сегашната ситуација“, додаде таа, пренесе ТАС С.

Изградбата на „Северен тек 2“ беше завршена на 10 септември минатата година, но гасот сѐ уште не почнал да се транспортира во Европа бидејќи на операторот на гасоводот му е потребна дозвола од германското регулаторно тело.

Прикажи повеќе...

Свет

Кинескиот министер за надворешни работи: За да се реши украинското прашање, мора да се вратиме на договорите од Минск

Објавено пред

За да се решат проблемите во Украина, неопходно е сите да ги почитуваат договорите од Минск, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, за време на телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува „РИА новости“.

„За да се реши украинското прашање, мора да се вратиме на договорите од Минск, тоа е почетната точка“, рече Ванг Ји.

Ванг Ји посочи дека договорите од Минск, што ги одобри Советот за безбедност на ОН, се фундаментален политички документ што го признаваат сите страни и дека мора да се спроведуваат во пракса. Кина ќе ги поддржи сите напори што се во согласност со духот на овие договори, рече тој.

Русија постојано ги отфрла обвинувањата на Западот и Украина за агресивни дејства велејќи дека никому не му се заканува и нема намера никого да нападне и дека обвинувањата за агресија се користат како изговор за распоредување војници на НАТО на границите на Русија.

Во исто време, Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводните агресивни акции на Русија во близина на границите на Украина. Кремљ објави дека Русија преместува војници на своја територија и по сопствена дискреција, што не претставува закана за никого.

Како што претходно изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, Русија не бара никакви изговори за конфликтот во Украина. Според него, Русија не исклучува дека хистеријата за Украина, која ја подгрева Западот, има цел да ја прикрие саботажата на договорите од Минск од страна на Киев.

Прикажи повеќе...

Свет

Украина прва имала увид во писмото што САД го испратија до Москва

Објавено пред

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, денеска изјави дека неговата влада прва имала увид во писмото што САД го испратиле до Русија и дека документот дури подоцна бил испратен до Москва.

Кулеба рече дека украинската влада го поддржува одговорот на администрацијата на Бајден кон Русија, кој се однесува на безбедносните барања што ги бара Москва.

„Важно е САД да останат во близок контакт со Украина пред и по разговорите со Русија. Нема одлука за Украина, без Украина. Тоа е златното правило“, изјави Кулеба.

Да потсетиме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска изјави дека одговорот на Вашингтон е незадоволителен и дека рускиот претседател Владимир Путин во моментот го разгледува американскиот документ поднесен од американскиот амбасадор во Москва.

Заменик-државниот секретар на САД, Венди Шерман, рече дека Белата куќа не е подготвена да дозволи тајни отстапки за Украина, ниту да ги повлече трупите на НАТО од источноевропските земји, вклучително Романија и Бугарија, како што бара Москва.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија3 часа

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ6 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа6 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија8 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа9 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа10 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија23 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија23 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија1 ден

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија1 ден

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ1 ден

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија1 ден

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ1 ден

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија1 ден

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ1 ден

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет1 ден

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Досие