Свет
Кремљ: Не можете целосно да ја изолирате Русија

Кремљ соопшти дека не е можно целосно да се изолира Русија, додека Западот продолжува да акумулира санкции против Москва поради нејзината воена операција во Украина, пренесува АФП.
„Не може да има целосен вакуум или изолација на Русија, тоа е технолошки невозможно во современиот свет“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија.
Светот е „многу поголем од Европа“, рече тој, додавајќи: „Порано или подоцна ќе треба да градиме дијалог, без разлика дали некои луѓе во странство го сакаат тоа или не“.
Зборувајќи за можноста Путин да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Песков рече дека тоа би било „хипотетички можно“, но дека ќе бара писмен документ договорен од двете страни во мировните преговори со Киев, пренесе АФП.
За да се одржи средбата, Песков рече дека делегациите мора да подготват „конкретен документ“. „Не збир на идеи, туку конкретен пишан документ“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Двајца планинари загинаа на планината Гран Комбен во Швајцарија

Големи блокови мраз денеска убија двајца планинари, државјани на Франција и Шпанија, а повредија уште девет други на врвот на планината Гран Комбен во кантонот Вале во југозападна Швајцарија, соопшти швајцарската полиција.
Двајца од деветмината повредени се здобиле со сериозни повреди, јавува Ројтерс.
Седум спасувачки хеликоптери пристигнаа на местото на несреќата и ги евакуираа останатите, од вкупно 17 планинари, колку што беа на лице место.
Регион
Очекувам одбрана на бугарскиот интерес, рече Радев пред состанокот на Коалицискиот совет во Софија

Бугарскиот претседател, Румен Радев, очекува на вечерашниот коалиционен владин совет посветен на односите со Македонија, да се следат одлуките на Советодавниот совет за национална безбеднос кои беа донесени во јануари годинава. Тоа е со цел, како што рече Радев, одбрана на бугарскиот интерес и копенхашките критериуми за членство во Европската Унија.
„Доколку сето тоа се случи ќе се потрудиме да и помогнеме на Република Северна Македонија да го следи овој пат“, рече Радев, пренесе „Труд.бг“.
Прашан какви се ставовите на бугарската влада за Северна Македонија пред средбата, Радев рече дека фокусот на владата на надворешната политика не може да ги реши внатрешните проблеми на земјата. Очекува енергијата што се инвестирала во проблемите со Македонија да се насочи и кон проблемите на бугарските граѓани.
Вечерва по барање на бугарскиот премиер, Кирил Петков, на вонреден состанок на коалицискиот совет ќе се соберат владините партнери и ќе разговараат за блокадата за Македонија.
Се очекува премиерот Кирил Петков да им објасни на своите партнери зошто побарал од претседателот Румен Радев да го свика Советодавниот совет за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Скопје, пренесе Бнр.бг.
Самиот Петков најави свикување на состанокот на коалицијата при посетата на Рим и Ватикан во пресрет на 24 мај. Тој потоа посочи зошто би се заложил претседателот да се сретне со сите страни претставени во парламентот:
„Форматот на коалицискиот совет е многу важен. И ова ќе го прашам од моја гледна точка и ќе разговараме со коалициските партнери, но ни треба поширок консензус и затоа опозицијата мора да биде информирана“, образложи Петков.
Партијата на Слави Трифонов, ИТН ја потврди својата цврста позиција – нема повлекување од позицијата на Бугарија.
„Ние само ќе ги сослушаме за што се состануваат со оглед на тоа што овој став е јасен – и на претседателскиот советодавен совет, и во рамковната позиција на Бугарија и со декларација од 44. Народно собрание, па можеби ќе се запознаеме со нешто ново што не го знаеме. Ќе бидам претставник на МНР, па ќе видиме што ќе кажат. Нашиот став е јасен“, рече Станислав Балабанов.
Европа
Фотографии на поранешен германски канцелар украдени од Бундестагот

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој беше во центарот на медиумското внимание во последните неколку недели поради останувањето на функцијата во руската компанија, сега стана мета на крадец.
Пет уметнички дела од приватната сопственост на Шредер исчезнаа од зградата на германскиот Бундестаг, каде тој има канцеларии. Ова се дела на уметникот Уве Бремер и еден неименуван кинески уметник.
Овие уметнички дела цели 16 години го красат јавно достапниот простор пред канцеларијата на Шредер, пишува магазинот „Стерн“.
Бундестагот го потврди исчезнувањето на сликите, како и дека Шредер поднел кривична пријава против непознати лица.
Од Бундестагот посочуваат дека ваквите кражби се невообичаени во нивните згради.