Европа
Кремљ третпат објави нова главна цел на инвазијата на Украина

Главната цел на специјалната воена операција, како што Москва ја нарекува инвазијата на Украина, е уништување на националистичките баталјони во Украина, изјави денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
„Главната цел е ослободување на Украина од националистичките баталјони. Операцијата продолжува, поставените задачи се добро познати. Тие мора да се завршат и ќе се завршат, нема сомнеж во тоа“, рече Песков.
Портпаролот на Путин додаде дека веќе се воспоставува мирен живот во областите во кои милитантите не земаат цивили како заложници и не пукаат во куќите.
„Што се однесува до местата каде што националистичките баталјони прават такви работи, се водат жестоки битки. Тие ќе бидат уништени“, додаде Песков.
Ова е првпат Кремљ да објави дека главната цел на војната во Украина е уништување на националистички баталјони.
Кога рускиот претседател Владимир Путин го најави почнувањето на инвазијата, рече дека главните цели се демилитаризација и денацификација на Украина, а потоа, кога стана јасно дека руските сили наидоа на силен отпор во близина на Киев, Кремљ објави дека главна цел на војната е ослободување на Донбас, областа во источна Украина, каде што се наоѓаат двата проруски сепаратистички региона, Донецк и Луганск.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Претседателот на Финска: Ќе поминеме преку барањата што Турција ги искажа

„Финска ќе помине преку барањата што Турција ги искажа во спротивставување на плановите на таа земја и на Шведска да се приклучат кон НАТО“, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден и шведската премиерка Магдалена Андерсон во Белата куќа.
„Имаме причина да поминеме преку она што Турција го изрази на соодветен начин, а потоа да ги дадеме нашите јасни одговори“, изјави Нинисто на новинарите, пренесе „Ројтерс“.
По децениска неутралност, Финска и Шведска вчера официјално ја поднесоа својата апликација за влез во НАТО.
Европа
Шолц: Можна е измена на договорот за ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не ја исклучува можноста за измена на договорот за Европската Унија, договорот од Мастрихт.
Неговата изјава дојде во време на обновена дебата за можните промени во начинот на кој функционира ЕУ, делумно поттикната од конференцијата за иднината на Европа, која предложи подлабока интеграција, вклучително и укинување на националното вето.
Ова го поттикна Европскиот парламент да повика на ревизија на неколку договори на Европската Унија, иако идејата долго време предизвика сомнеж кај многу членки на ЕУ, кои веруваат дека тоа не е неопходно и би го оттргнало вниманието од поважни прашања.
Доколку е потребно, можеме да разговараме за измена на неколку договори, вклучувајќи го и договорот за ЕУ, што не е табу, рече Шолц во Бундестагот.
Но, нагласи дека за такво нешто ќе треба најголем можен консензус бидејќи во овој момент најмалку се потребни полемики за институционалните прашања.
По одлуката на Унгарија да ја блокира забраната за купување руска нафта, минатата недела многу се зборуваше за тоа дали ЕУ треба да ја укине одлуката за вето за надворешната политика.
Некои лидери на ЕУ поддржуваат укинување на ветото за некои прашања и промена на договорот, но далеку од јасно е дали тие би се договориле за тоа кои одлуки може да се усвојат со мнозинство гласови и кои елементи од договорот треба да се променат, пишува „Политико“.
Шолц денеска оцени дека мнозинството гласови е една од идеите чија цел е ЕУ да биде поефикасна и посочи дека е среќен што сè повеќе луѓе ја следат.
Некои членки на ЕУ веќе се изјаснија против промена на договорот за ЕУ, а на почетокот на мај, 13 земји, вклучително и балтичките и скандинавските, изјавија дека не ги поддржуваат несоодветните и предвремени обиди за почнување на процесот за промена на договорот, пренесуваат медиумите.
Европа
Премиерот на Италија апелира за итен прекин на огнот во Украина и олеснување на преговорите

Италијанскиот премиер Марио Драги, денеска, повика на итен прекин на огнот во Украина за да се овозможат преговори.
„Мора да се постигне прекин на огнот што е можно побргу“, рече Драги во обраќањето пред Сенатот, горниот дом на италијанскиот парламент, отворајќи дебата за улогата на Италија во поддршката на Украина, која создава растечки тензии во владејачкото мнозинство.
Премиерот Марио Драги наведува дека е важно да се задржи притисокот врз Русија преку економски санкции бидејќи Москва мора да биде доведена на преговарачка маса, пренесе „Танјуг“.