Контакт

Свет

Кремљ: Русија е подготвена да соработува со секој претседател на САД избран од Американците

Објавено пред

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путнин, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е подготвена да соработува со новиот американски претседател нагласувајќи дека соработката меѓу двете нации не влијае само на нив, туку и на целиот свет, пренесува „Спутник“.

„Во секој случај, се надеваме дека ќе воспоставиме дијалог со новиот претседател на САД и ќе се договориме за изнаоѓање начини за нормализирање на нашите билатерални односи“, рече Песков.

Минатата недела американските медиуми го прогласија Џо Бајден за нов претседател, па сепак досега немаше официјално соопштение. Покрај тоа, кампањата на претседателот Доналд Трамп поднесе повеќе тужби повикувајќи се на многубројни прекршувања на гласањето во неколку држави што можеа да го променат резултатот од изборите.

Големите американски медиумски мрежи веќе го прогласија Бајден за победник, а голем број светски лидери и политичари веќе им честитаа на Бајден и на неговиот кандидат за потпретседател, Камала Харис.

Претседателот Трамп, пак, рече дека неговата кампања ќе почне да го докажува своето тврдење на суд. Според извештаите на „Аксиос“, тој планира да одржи серија митинзи во клучните држави за да ја продолжи борбата за пребројување на гласовите.

Европа

Во Германија рекорден број на починати за 24 часа

Објавено пред

Во Германија, повеќе од еден милион луѓе се заразени од почетокот на пандемијата, а дневниот биланс на смртни случаи достигна рекордна бројка од 426, според податоците на Институтот Роберт Кох објавени денеска.

Бројките покажуваат дека Германија, во најдобар случај, го задржува стабилен боројот на нови инфекции, но дека тоа не е доволно за да се ублажат мерките и да се елиминира ризикот од пренатрупани болници.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус се зголеми за 22.806 на 1.006.394. Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирус за 24 часа се зголеми за рекордни 426, на вкупно 15.586.

Баровите, рестораните, театрите и фитнес-салите се затворени, но училиштата и продавниците остануваат отворени. Од 1 декември приватните собири ќе бидат ограничени на пет лица, од сегашните 10.

За време на Божиќ, тој број повторно ќе се искачи на 10 лица во повеќето сојузни покраини, а во тоа нема да се вбројуваат децата на возраст под 14 години, иако семејствата се повикуваат да избегнуваат социјален контакт една недела пред посетата.

Главниот град Берлин, еден од најтешко погодените во Германија, соопшти дека нема да ги намали ограничувањата за време на божиќните празници.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги повика граѓаните да останат трпеливи поради ограничувањата што се во сила со цел да се забави ширењето на коронавирусот, проценувајќи дека светлото на крајот од тунелот ќе пристигне заедно со вакцините.

Прикажи повеќе...

Европа

Данскaта премиерка се извини за убивањето на визоните

Објавено пред

Данската премиерка Мете Фредриксен со солзи во очите се сретна со новинарите по посетата на фармата за визони во близина на Колдинг.

„Имаме две генерации на навистина вешти одгледувачи на визони, татко и син, чиишто животни дела беа уништени за многу кратко време. Важно е да се каже дека тие не се виновни, коронавирусот е виновен за тоа што оваа професија не може да продолжи “, рече таа за „Берлингске“ додека ги бришеше солзите.

Во дворот на фармата, таа исто така се извини за бурните неколку недели што доведоа до затворање на оваа индустрија во Данска.

„Разговаравме за многу работи за време на посетата, но јас не го употребив тој збор. Мислам дека има причина да се извиниме за процесот. Направени се грешки и мора да бидете во можност да се покаете и да се извините“, рече таа.

Сепак, таа тврди дека одлуката да се убие целата данска популација на култивирани визони била неопходна заради јавното здравје, пренесува „Спутник“.

Посетата на премиерката на фармата следеше по неколку драматични недели во текот на кои владата беше сцена на земјоделска криза која наскоро стана политичка.

По откривањето на мутиран вид коронавирус на фармите за визон, владата објави дека целата популација на овие животни, во земјата што е најголем европски извозник на нерц, ќе биде убиена од безбедносни причини. Мутацијата веќе се проширила на луѓето и се заканувала дека ќе го наруши процесот на правење вакцини.

Сепак, се покажа дека одлуката за отстранување на сите животни, вклучувајќи ги и здравите, нема законска основа. И покрај правните проблеми и протестите од народот, владата ја доби потребната поддршка за да продолжи со својот план.

Самата Фредриксен негираше дека издала експлицитна наредба да се убијат над 15 милиони животни и тврди дека одговорноста е на поранешниот министер за храна, нејзиниот партиски колега Могенс Јенсен, кој подоцна поднесе оставка.

Сепак, на прес-конференција на 4 ноември, Фредриксен изјави дека визоните мора да бидат убиени и дека ова е одлука за која не може да се преговара.

Обраќањето до јавноста на Фредриксен на социјалните мрежи беше остро пречекано. Многумина тврдат дека нејзиниот настап е неискрен и ја обвинуваат премиерката дека лиела крокодилски солзи.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија ќе вакцинира 400.000 војници против корона

Објавено пред

Русија има намера да вакцинира повеќе од 400.000 војници и друг воен персонал против Ковид-19, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу, а пренесува „Ројтерс“, додавајќи дека земјата денеска забележала рекорден дневен број од 27.543 нови случаи на инфекција.

Министерот за одбрана потсети дека досега 2.500 припадници на вооружените сили се вакцинирани против Ковид-19, а тој број треба да се зголеми на 80.000 до крајот на годината.

Русија, чии научници работат на повеќе вакцини против вирусот САРС-КоВ-2, од септември се соочува со брзо ширење на инфекцијата, но властите претпочитаат да се потпрат на насочени мерки во одделни региони наместо да ја затворат целата земја.

Во Русија досега се евидентирани вкупно 2.215.533 инфекции и 38.558 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

(Видео) Филипче: Мој Термин функционира, нема одложување на хроничните интервенции

Системот Мој Термин, освен во некои клиники каде што е редуциран, насекаде работи нормално. Нема одложување на хроничните интервенции, изјави...

Економија47 минути

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г...

Регион54 минути

Словенечки педијатри: Некои деца заразени со Ковид-19 имаат потешка клиничка слика

Иако децата главно ја поминуваат инфекцијата со коронавирус без или со благи симптоми, тие поради силната имунолошка реакција може да...

Македонија2 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет2 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет3 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет4 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет4 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт4 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет4 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет5 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија16 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија18 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија18 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа19 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион20 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија21 час

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија22 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија23 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Досие