Контакт

Свет

Кремљ се надева дека британските пратеници нема неосновано да обвинуваат во новиот безбедносен извештај

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се надева дека новиот извештај подготвен од Комитетот за разузнавање и безбедност во Парламентот на Велика Британија нема да содржи неосновани обвинувања и инсинуации, пренесува ТАСС.

„Се надеваме дека барем овој пат, по толку истраги што ги спроведоа сојузниците на Велика Британија за мешање на Русија, кои доведоа до негативни резултати и не потврдија ништо, ќе има некои документи што нема да содржат неосновани обвинувања или инсинуации“, изјави Песков непосредно пред објавувањето на документот.

Портпаролот на Кремљ посочи дека Русија никогаш не се мешала во изборните кампањи на другите држави и не толерира мешање во сопствените внатрешни работи.

„Русија никогаш не се мешала во изборните процеси во која било земја во светот, било да се тоа САД, Велика Британија или други држави. Ние не го правиме тоа и не го толерираме кога други земји ќе се обидат да се мешаат во нашите внатрешнополитички работи“, додаде Песков.

„Значи, дури и ако овој извештај содржи некои обвинувања, уште сега можам да ве уверам дека тие ќе бидат неосновани. Ова ќе биде уште еден пакет на неосновани обвинувања“.

Портпаролот на Кремљ призна дека Москва не е запозната со содржината на извештајот.

„Прво и основно, го следиме она што се случува во нашата земја, а во моментот нашиот приоритет се клучните области на развој на нашата земја до 2030 година. Со сета почит кон Велика Британија, нашиот приоритет е она што се случува во нашата земја“, рече Песков.

Претходно во вторникот, рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ за целите на националниот развој на Русија до 2030 година.

Комисијата за разузнавање и безбедност на британскиот Парламент денеска објави извештај за активноста на разузнавачките служби на Велика Британија. Пред објавувањето „Дејли телеграф“ информира дека британските пратеници не нашле докази за мешање на Русија во референдумот за Брегзит во 2016 година.

Според весникот, во извештајот на 50 страници се тврди дека Москва се обидела да се меша на референдумот за независност на Шкотска во 2014 година.

Свет

Шест француски туристи убиени во Нигер

Објавено пред

Шест француски туристи, нивниот возач и водич биле убиени денес во Нигер, изјави гувернерот на провинцијата Тилабери, Тиџани Ибрахим Катиела, јави АФП.

Тој прецизираше дека осум лица се убиени кога напаѓач, кој бил на мотоцикл, пукал во автомобилот во кој биле жртвите.

Официјален претставник од канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тие засега не можат да ги потврдат тие информации.

Исто така, и „Ројтерс“ објави дека не добиле потврда за тие информации ниту од француското Министерство за надворешни работи, ниту од Владата на Нигер.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 30 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани 30 нови случаи на коронавирус, а две лица починале, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Повеќето нови случаи, 15, се од Подгорица, по што следат Бијело Поље со шест случаи, Бар и Улцињ со по три, Цетиње со два и Будва со еден случај.

Од почетокот на епидемијата, во Црна Гора се потврдени 3.618 случаи, а 64 пациенти починале. Во моментов активни се 1.102 случаи.

Прикажи повеќе...

Свет

Џонсон: Отворањето на училиштата е национален приоритет

Објавено пред

Британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави денеска дека повторното отворање на училиштата е социјален, економски и морален императив и уверува дека учениците ќе бидат безбедни и покрај пандемијата на коронавирус.

Џонсон, како што пренесува „Мејл он сандеј“, реагирал на студијата во која се предупредува дека на Велика Британија ѝ се заканува втор бран на Ковид-19 оваа зима, двојно поголем од првиот ако училиштата се отворат без подобрен систем за тестирање и мониторинг.

„Отворањето на училиштата е национален приоритет“, рекол Џонсон.

Медиумите потсетуваат дека училиштата во таа земја биле затворени во март за време на карантинот, освен за децата на оние работници чие присуство на работа било неопходно за функционирање на државата, а во јуни биле отворени за мал број ученици.

„Владата сака сите ученици да се вратат на училиште до почетокот на септември“, додал Џонсон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија1 час

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион4 часа

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија5 часа

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет5 часа

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Регион8 часа

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна...

Македонија9 часа

(Видео) Се запалија неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче

Утрово во скопската населба Ново Лисиче, на паркинг гореа автомобили. Жителите од околните згради се собраа да го гаснат пожарот,...

Свет9 часа

Фаучи: Вакцината против коронавирус нема во целост да биде ефикасна

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи оцени дека вакцината против коронавирус нема да биде целосно ефикасна. Како што пренесува „Скајњуз“, тој...

Македонија11 час

Големи штети во Велес и околината по вчерашното невреме

Невремето синоќа предизвика големи штети во Велес и околината. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на Фејсбук објави фотографии, на...

Свет11 час

Нов Зеланд одбележува 100 дена од победата над коронавирусот

Денеска Нов Зеланд одбележува 100 дена откако е сузбиено ширењето на коронавирусот, со што оваа земја стана светол пример во...

Свет12 часа

(Видео) Пожар изби во болница за пациенти со ковид-19 во Индија, најмалку седум загинати

Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со коронавирус во Вијајавади, во југоисточна Индија....

Свет12 часа

Макрон и ОН организираа конференција за собирање помош за Бејрут

Меѓународните лидери денеска ќе разговараат за собирање помош за Бејрут по експлозијата која го разори либанскиот главен град. Виртуелната конференција,...

Свет12 часа

Пронајдена црната кутија од преполовениот авион во Индија

Истражителите ја пронајдоа црната кутија од авионот кој во петокот се излизга од пистата и се преполови на аеродромот во...

Свет1 ден

(Видео) Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут

Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против владата, пренесуваат светските медиуми. Претходно денеска...

Свет1 ден

Британските медицински работници на протест, бараат повисоки плати

Mедицинските работници во Велика Британија се собраа да протестираат во неколку градови, барајќи од владата повисоки плати за нивната макотрпна...

Македонија1 ден

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео) Португалски канадер се урна во близина на шпанската граница, има и жртви

Португалски канадер за гаснење пожар се урна денеска близу шпанската граница и според информациите од медиумите, најмалку едно лице го...

Свет1 ден

Документ на британската влада: Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе

Карантинот убил илјадници луѓе кои не можеле да дојдат до медицинска помош или кои избегнувале да одат во здравствени установи...

Македонија1 ден

МЗ: Во Геријатриската болница се преземени сите мерки по појавата на позитивни случаи

Министерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека новите случаи на коронавирус во Геријатриската болница во Скопје го демантираат...

Свет1 ден

Почина сопругата на амбасадорот на Холандија која беше повредена во експлозијата во Бејрут

Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан почина денеска од повредите со кои се здоби во експлозијата што се случи во...

Досие