Контакт

Свет

Кувајтски емир го смени синот од местото министер за одбрана

Објавено пред

Емирот Сабах ал-Ахмад ал-Сабах денеска ги разреши својот син Насер ел-Сабах и уште еден министер во владата по нивните јавни меѓусебни обвинувања за корупција и му нареди на премиерот да состави нова влада.

Кувајтскиот емир издаде декрет за смената само неколку дена откаков владата поднесе оставка поради истрага во друг случај.

Насер ал-Сабах изјави дека открил оти биле проневерени 790 милиони американски долари во времето кога сегашниот министер за внатрешни работи бил министер за одбрана.

Редовните парламентарни избори во Кувајт треба да се одржат за една година.

Министерството за правда им забрани на локалните медиуми да известуваат за случајот за проневера. Се наведува дека судењето ќе биде затворено за јавност, пренесе АП.

Насер ал-Сабах не е во редот за наследници на престолот, но неговото назначување за министер за одбрана го привлече вниманието затоа што тоа се случи кога саудискиот крал Салман го назначи својот син Мохамед бин Салман за министер за одбрана пред да го прогласи за престолонаследник.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Опаѓа населението во Хрватска

Објавено пред

Во само 10 од 128 градови во Хрватска, во 2019 година бројот на родени деца бил поголем од бројот на починати, пишува весникот „јутарни лист“.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најлош прираст меѓу градовите има Вуковар, во кој минатата година биле родени 194 бебиња, а починале 405 луѓе. Најдобро стои Задар, каде бројот на новородени и починати е речиси изедначен, 686 новородени и 705 починати.

Во четири хрватски општини не се родило ниту едно дете.

Збирни податоци покажуваат дека во 2019 година во Хрватска се родиле 36.135 деца – што е најмалку од 1900 година, односно откако постојат податоци, додека истовремено починале 51.784 луѓе.

Само по природен пат, не сметајќи на иселениците, населението во Хрватска минатата година се намалило колку еден град со големина на Пореч.

Првите податоци за 2020 година предупредуваат дека негативниот тренд ќе продолжи – во првите шест месеци од годинава родени се уште околу 150 бебиња помалку од истиот период минатата година, пишува хрватскиот весник.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Противниците на Лукашенко гневни: Објавена снимка од неверојатна изборна измама во Белорусија

Објавено пред

Откако претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, освои убедливо мнозинство од 80,23 проценти од гласовите, наспроти популарната опонентка Светлана Тихановскаја, која освои 9,9 проценти, во земјата започнаа немири, со обвинувања за наместено гласање.

Постојат неколку наводи за тоа, како на пример дека избирачки места биле затворани пред гласачите да пристигнат да гласаат, дека некои избирачи гласале пред официјалното отворање или дека немало гласачки ливчиња затоа што на одредени места веќе гласале сите регистрирани избирачи.

Во контекст на ваквите обвинувања, се појави видео од избирачко место на кое се гледа член на изборниот штаб кој се спушта по скала од прозорец на вториот кат со торба за која се верува дека содржи гласачки ливчиња.

Во описот на видеото се вели: „Гласачко место 17 од округот Минск. Поради некоја причина, членовите на комисијата слегуваат по скала од прозорецот од вториот кат со пакети кои содржат нешто налик на кутии. Или документи. И сето тоа се следи под будното око на полицијата“.

Полициски сили, а понекогаш и полициски комбиња, контролираа бројни избирачки места во земјата.

Независните анкети покажуваат дека Тихановскаја добила 71 процент од гласовите, додека Лукашенко добил само 10 проценти. Во овој момент, ниту еден од податоците на опонентите не може да биде потврден од релевантна независна страна.

Прикажи повеќе...

Свет

Хонгконшкиот медиумски магнат Џими Лаи уапсен според новиот кинески Закон за безбедност

Објавено пред

Полицијата во Хонг Конг го уапси медиумскиот магнат Џими Лаи и изврши рација во седиштето на неговата компанија применувајќи го новиот Закон за национална безбедност што Пекинг го наметна во градот по протестите минатата година, пренесува „Њујорк пост“.

„Џими Лаи е уапсен за дослух со странски сили“, напиша Марк Сајмон на Твитер.

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека седум лица на возраст од 39 до 72 години биле уапсени под сомнение дека го прекршиле новиот Закон за безбедност, но во изјавата не се откриени имињата на уапсените.

Лаи (71) е сопственик на популарниот таблоид „Епл дејли“ и е отворена продемократска фигура во Хонг Конг што редовно го критикува диктаторското владеење на Кина.

Законот за безбедност стапи на сила на 30 јуни и се смета како средство за спречување на незадоволството откако минатата година Хонг Конг го потресоа антивладини протести. Сајмон рече дека полицијата извршила претрес во домот на Лаи и неговиот син и уапсила неколку други членови на медиумската групација Next Digital, основана од Лаи.

Next Digital раководи со таблоидот „Епл дејли“, што Лаи го основаше во 1995 година, пред Британија да ѝ го врати Хонг Конг на Кина. Како и Лаи, и „Епл дејли“ има силен продемократски став и честопати ги повикува своите читатели да учествуваат во продемократски протести.

Законот за безбедност ги забранува сецесионистичките, субверзивни и терористички акти, како и дослухот со странски сили во внатрешните работи на градот. Максималната казна за сериозните прекршители е доживотен затвор.

Минатиот месец, кинескиот радиодифузер ЦЦТВ рече дека продемократскиот активист Нејтан Лоу и петмина други се барани според законот иако сите избегале во странство. Лоу се пресели во Велика Британија во јули за да продолжи со меѓународниот активизам за Хонг Конг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван на кој му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјава...

Македонија56 минути

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија2 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет4 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија4 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет5 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион6 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија6 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет17 часа

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија17 часа

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија18 часа

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион21 час

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија21 час

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет22 часа

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Регион1 ден

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна...

Македонија1 ден

(Видео) Се запалија неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче

Утрово во скопската населба Ново Лисиче, на паркинг гореа автомобили. Жителите од околните згради се собраа да го гаснат пожарот,...

Свет1 ден

Фаучи: Вакцината против коронавирус нема во целост да биде ефикасна

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи оцени дека вакцината против коронавирус нема да биде целосно ефикасна. Како што пренесува „Скајњуз“, тој...

Македонија1 ден

Големи штети во Велес и околината по вчерашното невреме

Невремето синоќа предизвика големи штети во Велес и околината. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на Фејсбук објави фотографии, на...

Свет1 ден

Нов Зеланд одбележува 100 дена од победата над коронавирусот

Денеска Нов Зеланд одбележува 100 дена откако е сузбиено ширењето на коронавирусот, со што оваа земја стана светол пример во...

Свет1 ден

(Видео) Пожар изби во болница за пациенти со ковид-19 во Индија, најмалку седум загинати

Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со коронавирус во Вијајавади, во југоисточна Индија....

Досие