Регион
Курти објасни зошто реципрочните мерки се одложени за 1 септември

Косовскиот премиер Албин Курти најави дека неговата влада го одложи спроведувањето на одлуката за пререгистрација на автомобили со српски регистарски таблички и воспоставување реципроцитет во однос на личните документи поради големата кампања за дезинформации што ја води Белград. Курти ова го соопшти денеска пред пратениците во Собранието на Косово.
„Кампањата за дезинформација беше жестока, се зборуваше дека в недела ќе има операција ‘Бура’, дека Србите во Косово ќе поминат низ пекол и слично“, рече Курти.
Затоа, владата на Косово, додаде тој, мораше да го одложи спроведувањето на своите одлуки до 1 септември.
Тој потсети дека овие одлуки се во согласност со Бриселскиот договор, кој беше постигнат пред 11 години како дел од дијалогот Косово – Србија.
Владата во Приштина на 29 јуни донесе одлука од 1 август да почне процесот на пререгистрација на српските регистарски таблички, со ознаки на градови во Косово на РКС (Република Косово).
Одлуката се однесува и на воспоставување реципрочни мерки во врска со личните карти издадени од српските власти.
Но, во пресрет на спроведувањето на оваа одлука, на 31 јули локалните Срби во четири општини на северот на Косово ги блокираа патиштата со камиони и други возила во знак на протест по што владата на Косово одлучи да го одложи спроведување на тие одлуки за 30 дена.
Косовскиот премиер Курти очекува овие одлуки да се спроведат без поголеми проблеми од 1 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Направија се за да ја уништат Србија, но ќе победиме

Направија се за да ја уништат Србија. Србија ќе победи, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.
„Почитувани граѓани, имавме тешки седум дена, најтешките во последните 15 години. Најтешките поради настаните на Косово и кампања започната против нашата Србија, кампања на лаги и невистини. Како што вели нашиот народ , не врне снег за да ја покрие планината, туку секој ѕвер да го покаже својот белег. Можевме да видиме дека имаме пријатели кои не се многубројни, но се храбри“, вели Вучиќ во видео-пораката.
Регион
Денеска погреб на убиените Срби во Бањска

Тројцата Срби кои минатата недела беа убиени во Бањска, Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, денеска ќе бидат погребани во Врњачка Бања и Лепосавиќ.
Стефан Недељковиќ ќе биде погребан во Врњачка Бања, а граѓаните се поканети да се соберат на пумпата „Кнез Петрол“ на ова место во 11 часот.
Бојан Мијаиловиќ ќе биде погребан во 12 часот на локалните гробишта во Лепосавиќ, а во 14 часот на истото место во селото Граничане ќе биде погребан Игор Миленковиќ.
Потсетуваме, Недељковиќ, Мијаиловиќ и Миленковиќ беа убиени во конфликт меѓу локалните Срби и таканаречената косовска полиција на 24 септември во селото Бањска, на северот на Косово и Метохија.
Нивните тела дури вчера ги однеле нивните семејства од Институтот за судска медицина во Приштина, од каде биле пренесени во капелата во Рударе кај Звечан.
Регион
Лондон повика на дијалог меѓу Белград и Приштина

Државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Лео Дочерти, изрази задоволство што британските сили ќе придонесат за зајакнување на КФОР и рече дека тоа ја покажува посветеноста на Лондон кон НАТО и стабилноста на Западен Балкан.
На социјалната мрежа Икс (Твитер), Докерти повика на деескалација на ситуацијата на Косово и Метохија и нагласи дека единствениот одржлив пат за мир на Косово и Метохија е преку дијалог.
„Повикуваме на смиреност и деескалација од сите страни. Единствениот остварлив пат кон мирот во Косово е преку дијалог“, рече Докерти.
Британското Министерство за одбрана ја префрли командата на еден баталјон од својата армија на НАТО, за да може баталјонот да му пружи поддршка на Косово доколку е потребно, соопшти претходно министерството.