Европа
Курц: Не смее да има геополитички табуа при одобрување на вакцините

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, истакна дека не смее да има геополитички табуа во одобрувањето на вакцините против коронавирусот.
Европската агенција за лекови, се разбира, треба да размисли за одобрување на кинеските и руските вакцини, веднаш штом ќе се поднесе барање за тоа, истакна Курц во изјавата за агенцијата АПА.
Тој истакна дека во борбата против пандемијата е важна секоја вакцина што е ефикасна и одобрена.
Тој рече дека успесите на компаниите „Бионтек“ – „Фајзер“ и „Модерна“ во развојот на вакцината се еднакво значајни како и на „Астра зенека“ или на руските и кинеските компании.
Само заедно, преку меѓународна соработка, ќе можеме да ја надминеме оваа пандемија, рече Курц.
Во Австрија последниве денови сè погласни се барањата за постигнување договор за набавка на руската вакцина „спутник В“ бидејќи западните компании доцнат со испораката на вакцините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Курц: Веќе нема да се потпираме на ЕУ за вакцини

Австрија и Данска во иднина веќе нема да се потпираат на ЕУ и ќе работат заедно со Израел на вакцина против коронавирусот, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Пред да замине за Израел, Курц објави промена на курсот во стратегијата за борба против коронавирусот.
„Во иднина веќе нема да се потпираме на ЕУ и заедно со Израел ќе произведуваме вакцини од втора генерација против понатамошни видови во следните години, како и заеднички ќе ги истражуваме можностите за лекување“, нагласи тој.
Во писмената изјава за АПА, Курц истакна дека само на Австрија и се потребни 30 милиони дози вакцини.
Во пресрет на посетата на Израел, Курц ќе има средба со претставници на водечките австриски фармацевтски компании.
Тој посочи дека пристапот преку ЕУ во основа бил исправен, но дека Европската агенција за лекови (ЕМА) е премногу бавна во одобрувањето на вакцините и дека има проблеми со доставата.
„Мора да се подготвиме за понатамошни мутации и повеќе не треба да зависиме само од ЕУ во производството на вакцини од втора генерација“, нагласи Курц.
Експертите сметаат дека во наредните години, две третини од населението ќе треба да се вакцинира годишно.
Курц патува во Израел заедно со неговата данска колешка Мете Фредериксен, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе разговара со нив за соработка во производството на вакцини.
Европа
Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот и по течението на Рајна. Политичкиот магазин „Шпигел“ пишува за оваа мерка, која ќе важи до 14 март.
Додека илјадници луѓе, кои шетаа или седеа наоколу уживајќи на сонцето преплавувајќи ги шеталиштата на Рајна во Диселдорф во текот на изминатиот сончев викенд, градската администрација, со оглед на неможноста да се усогласат правилата за физичко растојание, одлучи да не им дозволува на луѓето да се задржуваат на едно место, пренесува „Дојче веле“.
Забраната ќе остане во сила до средината на месецот. Изминатиот викенд пешаците на Рајна, кои застанувале да се напијат кафе, јаделе нешто или седеле на околните тревници, преку мегафон биле предупредувани да продолжат понатаму.
„Шпигел“ го почнува својот извештај за оваа мерка на следниов начин: „Од разгласот на комбето на Службата за јавен ред (Ordnungsamt) одекнува строг машки глас, кој вели: ‘Не задржувај се!’ Оваа служба, заедно со полицијата, ја следи усогласеноста со новото правило, чие непочитување претставува кршење на јавниот ред и мир. Со други зборови: ако седнете да јадете сладолед, ако едноставно застанете и уживате во погледот, ризикувате казна од 50 евра“.
Написот ја опишува состојбата од претходниот викенд и наведува дека многубројни полицајци и вработени во Службата за јавен ред патролирале во забранетата зона на градот. „Шпигел“ го цитира градоначалникот на Диселдорф, Стефан Келер (ЦДУ), дека овие мерки се важни за да им помогнат на луѓето подобро да се придржуваат до потребните правила за заштита од короната.
Магазинот пишува и дека еден граѓанин се обидел да ја спречи забраната со поднесување итна тужба, но во петокот попладнето (26 февруари), Управниот суд бргу ја отфрлил тужбата со образложение дека здравјето на населението е поважно од приватните интереси на тужителот.
Европа
Расте прифатеноста на вакцините во развиените земји

Подготвеноста за вакцинирање против коронавирусот расте во споредба со минатата година, покажува студија спроведена во шест развиени земји.
Повеќе луѓе во Велика Британија, САД и дури и во скептичната Франција сега сметаат дека е добра идеја да се вакцинираат, покажува најновото истражување спроведено во февруари.
Анализата е правена во Германија, Јапонија и во Шведска и трендот е идентичен кај сите.
„Со почетокот на кампањите за вакцинација сè повеќе луѓе велат дека се подготвени да се вакцинираат“, се вели во студијата.
Најголемо прифаќање на вакцините има во Велика Британија со 89 проценти.
Шведска забележа најголем пораст, од 53 проценти во декември на 76 проценти денес.
Во Германија процентот на одобрување на вакцините против коронавирусот скокна од 63 на 73 проценти, во Јапонија од 50 на 64 проценти и во САД од 58 на 64 проценти.
Од земјите опфатени со студијата, кај Французите има најмалку ентузијазам кога станува збор за вакцинацијата.
Сега 59 проценти од граѓаните би прифатиле да се вакцинираат, но тоа е исто така голем скок во споредба со 40 проценти во декември. Сепак, многу испитаници не се задоволни од стапката на вакцинација во своите земји.
Испитаниците од овие шест земји веруваат дека Британците и Израелците ја прават најдобрата работа во светот.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер