Европа
Курц потврди дека Австрија e во преговори за купување на руската вакцина „спутник В“

Откако од Германија пристигна веста дека во Баварија е одобрено прелиминарното купување на „спутник В“, австрискиот канцелар потврди дека и неговата земја го следи тој пат.
Себастијан Курц изјави денеска дека се залага за набавка на руската вакцина против коронавирус, бидејќи тоа во голема мера би го забрзало планот за вакцинација, притоа ги наведе Унгарија и Србија како пример за значителен напредок во вакцинацијата со оваа вакцина.
Курц, одговарајќи на прашања на граѓаните преку видеоснимка на „Инстаграм“, беше прашан за набавка на вакцината и дали државата треба да обезбеди повеќе пари за да купи повеќе вакцини, тој рече дека тоа не е можно, не поради пари, туку поради можноста за купување на вакцината.
Тој објасни дека Австрија во моментов е во преговори околу купувањето на руската вакцина „спутник В“.
„Имаме понуда да набавиме милиони дози вакцини ‘спутник В’. Тоа многу ќе ни помогне. Јас сум за тој договор и во моментов се согласуваме за тоа во владата. Милион дози значително би го забрзале нашиот план за вакцинација “, потенцира Курц.
Прашан за одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА), тој потсети дека во неколку наврати ја критикувал бавноста на таа институција. „Веќе има неколку земји кои ја користат вакцината ‘спутник’, како што се Унгарија и Србија, кои благодарение на тоа имаат предност во процесот на вакцинирање. Тоа спасува животи и ги враќа слободите на граѓаните”, рече тој.
Тој изрази надеж дека Австрија ќе успее да набави руски вакцини и да ги примени. „Но, тоа не е само моја одлука. Јас сум за таа набавка“, подвлече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ се надева дека набргу ќе вакцинира по 3 милиони луѓе дневно

Досега 170 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19 во ЕУ, но само 30 милиони ги добиле потребните две дози. Ова го соопшти еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидис, пред европратениците од Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната.
Таа изрази надеж дека набргу на ден ќе бидат вакцинирани по три милиони луѓе во ЕУ. Производството на вакцини во Унијата се зголемува и затоа ќе биде можно „Фајзер“ да испорача дополнителни 50 милиони дози порано, додаде комесарката.
Киријакидис рече дека се водат преговори за снабдување на 1,8 милијарда дози вакцини до 2023 година. На почетокот на овој месец ЕК објави дека ќе се фокусира на идните договори за снабдување со докажани технологии засновани на месенџер-РНК. Од производите одобрени од ЕУ ваквите вакцини се произведуваат само од „Фајзер“ и „Модерна“.
Европа
Словачка протерува руски дипломати поради Чешка

Тројца вработени во руската амбасада во Братислава треба да ја напуштат Словачка во рок од една недела.
„Во согласност со моментната геополитичка состојба, како и ситуацијата во Чешка, тројца вработени во руската амбасада во Братислава мора да ја напуштат територијата на Словачка во рок од седум дена“, изјави словачкиот премиер, Едуард Хегер.
Москва изрази разочараност од одлуката на Братислава навестувајќи дека бргу ќе одговори на ситуацијата.
Прага претходно протера 18 вработени во руската амбасада поради наводна улога на Русија во експлозија во магацин со оружје во 2014 година, во која загинаа две лица. Москва одговори со враќање на 20 чешки дипломати.
Европа
Европската Унија нема да купува дополнителни 100 милиони дози од „Астра зенека“

Европската комисија нема да купува 100 милиони дополнителни вакцини против Ковид-19 на „Астра зенека“, како што претходно беше договорено.
Портпаролот на ЕК на прес-конференција рече дека рокот за спроведување на оваа опција е веќе истечен и ЕУ не планира да ја спроведе.
Комисијата нарача 300 милиони дози од вакцината на „Астра зенека“ во рамките на договорот кој предвидува 400 милиони дози, од кои набавката на 100 милиони не е задолжителна.
Европската Унија сè уште не одлучила дали ќе преземе правни мерки против „Астра зенека“ бидејќи не ги испорача договорените количини од вакцината против Ковид-19, изјави портпаролот на Европската комисија. Бриселскиот портал „Политико“ објави дека ЕК се подготвува да поднесе тужба против „Астра зенека“ повикувајќи се на пет неименувани дипломати на ЕУ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион7 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?