Контакт

Европа

Курц: Самитот во Берлин ќе ја потврди европската перспектива на Западен Балкан

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, изјави дека Западен Балкан е во непосредна близина на Австрија и дека Австрија е многу заинтересирана за стабилноста и европската иднина на тој регион.

„Западен Балкан е регион во непосредна близина на Австрија, со кој сме многу поврзани и економски, и политички и културолошки. Затоа сме многу заинтересирани за стабилноста на Западен Балкан“, рече Курц во пресрет на видеосамитот со лидерите на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, пренесоа австриските агенции.

По покана на германската канцеларка Ангела Меркел, покрај лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија, ќе присуствуваат и премиерот на Словенија, како земја што претседава со ЕУ, и претседателот на Франција, Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и австрискиот канцелар, Курц.

Полски портали објавија дека на собирот ќе учествува и полскиот премиер Матеуш Моравиецки.

Според иницијаторите, средбите на претставниците на ЕУ со лидерите на Западен Балкан, кои се одржуваат во рамките на Берлинскиот процес од 2014 година, имаат цел да поттикнат стабилност и мирен дијалог во непосредното соседство на ЕУ.

Австрискиот канцелар Курц рече дека покрај средбата за поддршка на европската интеграција на регионот и регионалната соработка, во преден план на средбата ќе бидат и борбата против пандемијата, миграцијата и економската соработка.

„Нашата цел денес е да ја потврдиме европската перспектива на сите земји од Западен Балкан. „ЕУ ќе биде целосна само кога сите земји од Западен Балкан ќе се приклучат кон неа“, рече Курц, пренесуваат австриските агенции.

Европа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Објавено пред

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата за употреба на оружје за ослободување на Донбас, членот на Комитетот за меѓународни работи на државната Дума на Русија, Елена Пањина, рече дека ваквиот обид ќе заврши со колапс.

„Постои голема веројатност дека третиот обид за освојување на Донбас ќе заврши со колапс. По тоа, нема да има Минск 3“, рече Пањина, пренесоа руските гласила.

Според неа, „режимот во Киев веќе двапати се обиде да го реши конфликтот со воени средства“ и двата обида, како што вели, завршиле со неуспех.

„Секогаш кога обидите за заземање на Донбас завршуваа со срамно фијаско, режимот во Киев стануваше помирен, се потпишуваа договорите од Минск. Сегашните се, патем, веќе втори по ред“ објасни таа.

Претходно, поранешниот заменик-министер за привремено окупирани територии на Украина, Јуриј Гримчак, изјави дека Киев треба да ја разгледа опцијата за воено ослободување на Донбас по изборите за државната Дума на Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека истовременото поседување руско и украинско државјанство нема да ги спречи жителите на Донбас да учествуваат на изборите за државната Дума.

Во јули минатата година во Донбас стапија во сила дополнителни мерки за да се обезбеди прекин на огнот. Овие мерки вклучуваат целосна забрана за отворање оган, распоредување оружје во населени места и нивна близина, офанзивни, извиднички и диверзантски операции. Покрај тоа, тие предвидуваат дисциплинска одговорност за кршење на прекинот на огнот. Налозите за прекин на огнот што содржат мерки за нејзино одржување мора да останат во сила сè додека не се реши целосно конфликтот.

Прикажи повеќе...

Европа

Прва жетва на легален канабис во Германија, првите 50 килограми за аптеките

Објавено пред

Првпат во Германија се жнееше канабис, а во наредните години во оваа земја се планира да се призведува поголемо количество индиски коноп за медицински цели, објави „Дојче веле“.

Вработените на плантажа со канабис во Нојминстер, Германија, се сметаат за пионери затоа што ја собрале првата легална берба на канабис во историјата на Сојузна Република Германија.

Канадска компанија одгледуваше и собра 50-ина килограми канабис на својата добро чувана плантажа зад армирани бетонски sидови.

Безбедносните мерки се многу ригорозни бидејќи канабисот во Германија е опфатен во Законот за наркотичните дроги.

Од Нојминстер во сојузната држава Шлезвиг-Холштајн на крајниот север на Германија стоката ќе патува во аптеките во целата земја, а потоа и до оние што користат канабис од медицински причини – поради силна болка, грчеви или недостиг на апетит.

Од 2017 година на лекарите во Германија им е дозволено да им препишуваат канабис на своите пациенти како терапија. За да ги задоволи потребите на пазарот, Федералниот германски институт за лекови и медицински помагала овласти три компании за производство на канабис.

Прикажи повеќе...

Европа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските агенции.

Според податоците засновани на извештаи од национални агенции, Грција и Кипар имаат најголеми стапки на инфекции од почетокот на пандемијата, а Шпанија и Португалија имаат најголем број инфекции регистрирани во последните шест месеци.

Европа досега има пријавено 58,74 милиони случаи и повеќе од 1,2 милион смртни случаи од коронавирус.

Според анализата на моментната состојба во Европа, повеќето дневни инфекции се регистрирани во Велика Британија (повеќе од 40.000 случаи на ден), следува Шпанија со 25.000 случаи на ден и 16.100 случаи во Франција во последните 24 часа.

Минатата недела Грција објави најголем број заразени од почетокот на пандемијата – 4.300 случаи, а Кипар исто така достигна најголем дневен број на инфицирани со коронавирус – 1.000 лица на ден.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион6 часа

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија11 час

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија12 часа

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија13 часа

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија14 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија14 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа15 часа

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија15 часа

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет17 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија17 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија18 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија1 ден

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион1 ден

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија2 дена

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет2 дена

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија2 дена

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија2 дена

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија2 дена

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Досие