Европа
Лавров: Европа се покорува на ставовите наметнати од Америка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека самитот на НАТО во Мадрид уште еднаш покажа дека земјите-членки очекуваат безусловна послушност, пренесува руската агенција ТАСС. Лавров со порака до САД, пренесуваат агенциите.
„Верувам дека на сите им е очигледно што очекуваат. Тие не се воздржуваат да зборуваат за тоа, како што рекоа уште еднаш вчера на самитот на НАТО во Мадрид. Очекуваат безусловна послушност на нивната волја од сите земји, одразувајќи ги нивните себични интереси пред се американските интереси“, изјавил Лавров.
Истакнал дека модерна Европа, претставена од ЕУ, ја губи својата независност или знаците на независност што ги имаше. Тој додал дека Европа се покорува на ставовите наметнати од САД и кажал дека тоа важи и за економските санкции кои се воведени кон Русија, пишуваат медиумите.
„Ако ги споредите санкциите наметнати од европските земји кон Русија и Белорусија со санкциите што ги воведоа Соединетите Американски Држави, можете да видите дека САД се љубезни кон себе и се трудат да не бидат премногу активни во области кои сериозно ќе и наштетат на нејзината економија“.
Рускиот министер за надворешни работи истакнал дека САД ги трпат негативните ефекти од санкциите, но верува дека Европа страда многу повеќе. Лавров вели дека САД сакаат да ја ослабат и Русија и ЕУ.
„ЕУ е во конкуренција со САД“, додал тој.
Лавров кажал и дека новата железна завеса веќе се спушта меѓу Русија и Западот, пренесува АФП. Според него, Москва отсега нема да им верува на Вашингтон и Брисел.
„Железната завеса веќе се спушта. Процесот е започнат“, изјавил Лавров по средбата со неговиот белоруски колега.
Ја обвинил ЕУ дека воопшто не е заинтересирана да ги разбере интересите на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Обилни врнежи ја погодија Франција, поплавено метрото во Париз

Обилни врнежи што го зафатија Париз по неодамнешниот топлотен бран поплавија неколку метростаници и го запреа сообраќајот во француската престолнина, додека на југот на земјата беше издадено портокалово метео предупредување, јавува Radio France Internationale (RFI).
Големо невреме го погоди Париз во вторникот вечерта, додека патниците по работа се упатија кон метро станиците.
Транспортната компанија RATP соопшти дека неколку метро станици во француската престолнина биле погодени од поплави бидејќи поројниот дожд го зафатил градот најмалку 90 минути, почнувајќи од 17:45 часот по локално време, според RFI.
Се проценува дека во рок од еден час паднале околу 44 мм дожд.
Националната метеоролошка служба издаде портокалово предупредување за осум департмани на југот на Франција, вклучувајќи ги Од, Авејрон, Буш-де-Рон, Гар, Еро, Тарн, Вар и Воклуз поради опасност од невреме, придружено со обилни врнежи. и грмотевици, а во две, Гаре и Ероу, беше покачен уште еден портокалов аларм поради опасност од поплави, пренесе Новости.рс.
Европа
Двајца напаѓачи убиле во човек пред банка во Ливерпул, а потоа избегале со електрични велосипеди

Полицијата во Ливерпул трага по две лица кои застрелаа млад човек пред банка, а потоа избегаа од местото на настанот со електрични велосипеди.
Маж во раните дваесетти се здобил со прострелна рана во горниот дел од телото. Набрзо пристигнала брзата помош која веднаш го пренела младиот човек во болница, но и покрај напорите на лекарите тој, за жал, починал.
Полицијата смета дека станува збор за двајца напаѓачи, кои биле облечени во темна облека, а очевидци ги виделе на лице место додека се одалечувале со електрични велосипеди.
– Истрагата е во тек и нашите службеници напорно работат на расветлување на злосторството и откривање на напаѓачите – изјавил главниот инспектор, пренесува Sky news.
Тој додаде дека во градот се зголемени полициските патроли.
– Би замолил секој кој има некаква информација да се обрати во најблиската полициска станица, пренесе Телеграф.рс.
Европа
(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина на Кастелон во североисточна Шпанија.
Во еден момент машиновозачот го запрел возот, за да се обиде да го сврти во друга насока, кога видел дека е опасно да продолжат.
Голем број патници ги фатила паника од страв од пожар, па решиле да ги скршат стаклата и да скокнат од возот.
Varios heridos cuando un tren ha quedado atrapado en el #IFBejís.
Los heridos están siendo atendidos en la estación de #Caudiel están siendo por efectivos de @GVAsanitat, @CruzRojaCS y @UMEgob pic.twitter.com/7XGoFKdgze
— NoMePisesLaManguera (@PlinioElGuapo) August 16, 2022
Двајцата најтешко повредени се евакуирани со хеликоптер, додека останатите патници, меѓу кои и едно десетгодишно девојче, се пренесени во локалните болници.
Во моментот на инцидентот во возот имало 48 патници.
– Кога видоа дека се опколени со оган, се вратија во возот и неколку од нив се здобија со тешки изгореници – изјавил портпаролот на железничката компанија, пишува „Гардијан“.
Train from Madrid to Galicia stopped on the tracks for a few minutes this morning. Passengers surrounded by wildfire. "Moments of panic", reports @PacoSeoanePerez. Then the train continued on its journey.pic.twitter.com/2xytTNL6eL
— Matthew Bennett | The Spain Report (@matthewbennett) July 18, 2022
Претседателот на регионот Валенсија рече дека повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани од своите домови бидејќи силните ветрови во последните денови го разгореа пламенот.
Двајца пожарникари се тешко повредени додека го гаснеле пожарот.
Валенсија е последниот во низата региони во Шпанија кои летово беа погодени од пожари поради високите температури. Досега низ земјава се уништени десетици илјади хектари шуми, пренесе Телеграф.рс.