Свет
Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување.
„Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на прес-конференција за европската безбедност.
На 15 март Русија официјално го објави своето повлекување од Советот на Европа и Европската конвенција за човекови права наведувајќи дека ќе се придржува до одлуките на ЕКЧП доколку тие се во согласност со одредбите на рускиот Устав.
Подоцна истиот ден, PSSE едногласно усвои резолуција во која му укажа на статутарното тело – Комитетот на министри на Советот на Европа – дека Москва не може да биде членка на Советот на Европа.
Следниот ден Комитетот на министрите официјално го прекина членството на Руската Федерација во организацијата, пренесе „Новости.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Повторно пукање во Ерусалим, има повредени

Најмалку две лица се повредени во пукање во археолошкиот локалитет Давидов град во Ерусалим, Израел.
Како што наведоа од полицијата, напаѓачот бил неутрализиран.
Престрелката се случува за помалку од 24 часа по терористичкиот напад на синагога во населбата Неве Јаков во Ерусалим, во која загинаа седум лица.
Регион
Дачиќ: ЗСО останува главната точка на сите наши договори за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) останува главната точка на сите договори за Косово и дека таа мора да биде формирана според договорените принципи.
„Во бриселскиот договор од 2013 година јасно пишува што е ЗСО, уште подетално е регулирано во договорот од 2015 година, а ние го потпишавме затоа што е добро за нашата заедница на Косово“, изјави Дачиќ за „Политика. “.
„Договорот не е идеален, но во услови во кои го преговаравме е максимумот што можевме да го постигнеме“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека овие договори се круна на учеството на Србија во дијалогот со посредство на Европската Унија, која самата се обврза да ги спроведе потпишаните.
Според неговото мислење, никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници за нивно уништување.
Свет
Се урнаа два воени авиони во Индија

Два индиски воени авиони се урнаа денеска во близина на Морена, во индиската држава Мадја Прадеш, соопштија воени претставници.
Наредена е истрага за да се утврдат причините.
Двајцата пилоти се катапултирале и се здобиле со полесни повреди, пренесува „Индија тудеј“