Контакт

Европа

Лавров и Сијарто разговарале за ситуацијата на Западен Балкан

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска разговарал со својот унгарски колега Петер Сијарто за Западен Балкан и билатералните односи меѓу двете земји, соопшти руското Министерство.

„Денеска, шефот на руската дипломатија, Лавров, и унгарскиот министер за надворешни работи, Сијарто, остварија телефонски разговор во кој разменија мислења за натамошниот развој на билатералните односи, како и за ситуацијата на Западен Балкан“, се наведува во соопштението, а пренесува ТАСС.

Сијарто минатиот месец објави дека неговата земја оваа година ќе ја добие потребната технологија за производство на руската вакцина „спутник В“ во фабрика што моментно се гради, а Будимпешта и Москва во септември потпишаа нов долгорочен договор за снабдување на Унгарија со гас од Русија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Зеленски го смени шефот за контраразузнавање, украинската безбедносна служба истражува можен пуч

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени Александар Руснак, шефот на одделот за контраразузнавање на Службата за безбедност и тоа го објави на веб-страницата.

Во указот потпишан од Зеленски не се споменува причината за неговата смена, пренесуваат агенциите.

Руснак ја презеде функцијата шеф за контраразузнавање во септември 2019 година.

Украинската служба за безбедност најави истрага за подготовка на евентуален државен удар планиран од група Украинци и Руси.

„Главната истражна единица на украинската безбедносна служба спроведува предкриминална истрага и можна акција за преземање на власта се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Службата за безбедност на Украина, пишуваат агенциите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот петок изјави дека бил предупреден да се подготви за државен удар на 1 декември .

Зеленски рече дека слушнал аудио снимка на која некои Украинци и Руси зборуваат за планиран државен удар.

Прикажи повеќе...

Европа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала рано утрово го погоди Егејското Море, соопшти турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Епицентарот на земјотресот бил во западната провинција Измир, на длабочина од 3,97 километри.

Регистриран бил и последователен земјотрес со јачина од 4,3 степени на длабочина од 7,16 километри.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсен пар што побегнал од карантин од хотел во Холандија

Објавено пред

Холандската полиција соопшти дека на аеродромот во Амстердам е уапсен пар што побегнал од хотел во Амстердам, а во кој патниците што пристигнале од Јужна Африка позитивни на Ковид-19 биле ставени во карантин.

Портпаролот на полицијата изјавил дека двете лица биле уапсени во авион што се подготвувал да полета за Шпанија.

30-годишниот Шпанец и 28-годишната Португалка им се предадени на здравствените власти, додаваат полициските служби.

Против двајцата бегалци ќе биде поднесена тужба за нарушување на јавната безбедност, соопштија од таму.

Портпаролот на холандската здравствена администрација изјави дека парот е повторно во изолација, но не во истиот хотел. Едниот од нив е позитивен, а другиот негативен на новиот сој на коронавирусот, но е во карантин.

Неколку часа претходно, холандскиот министер за здравство, Хуго де Јонге, рече дека холандските власти ќе се погрижат патниците да бидат ставени во карантин.

Патниците позитивни на тестот на Ковид-19 се речиси сите во ист хотел, а властите дозволија само мал број да бидат ставени во карантин во своите домови.

Полицијата го обезбедува хотелот во кој се изолирани патниците.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Директорот на „Модерна“: Постојните вакцини помалку ефикасни против новиот сој „омикрон“

Извршниот директор на фармацевтската компанија „Модерна“, Стефан Бансел изјави дека е малку веројатно дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат исто...

Македонија1 час

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа на „Струма“

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања откако беа...

Македонија13 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија15 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија16 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија19 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија20 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија20 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа21 час

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија23 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа24 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет1 ден

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија3 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија3 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија3 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Досие