Свет
Лавров: Намерна провокација од Украина

Провокацијата во теснецот Керч очигледно е дека е изведена под директна наредба на украинските власти, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Нема сомнежи дека е направено намерно и под директна наредба на раководството“ изјавил Лавров, коментирајќи го вчерашното впловување на украинските бродови во руските територијални води, пренесе ТАС С.
Тој истакнал дека украинската страна, кога ја планирала оваа провокаиција, сигурно пресметала дополнителна корист, која сакала да ја извлече од оваа ситуација, очекувајќи САД и Европа слепо да ја поддржат, како и секогаш.
Русија синоќа го затвори преминот Керч во близина на Крим и заплени два украински артилериски брода и еден реморкер, за кои соопшти дека нелегално влегле во руските територијални води, игнорирајќи го предупредувањето да застанат и вршеле опасни маневри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Инцидент на српскиот претседател Вучиќ: се откачи тркало на автомобилот со кој патуваше, се проверува дали пукнала гумата

Патувајќи кон Мокрин, на север од Србија, на претседателот Александар Вучиќ му се случи инцидент, јавуваат српските медиуми. Се откачило едно од тркалата на автомобилот со кој патувал. Тој бил пренесен во друг автомобил, а посебна истрага која е во тек, треба да покаже што се случило.
„По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил“, рече претседателот Вичиќ по инцидентот со тркалото.
Регион
Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно, земјотрес со јачина од 3,4 степени беше регистриран во 8.33 часот. а две минути пред тоа земјотрес со јачина од 3 степени. Истата магнитуда на земјотресот е забележана и во 7.54 часот. И нешто по 19 часот земјотрес со јачина од 3,4 степени.
Од полноќ на Санторини се регистрирани повеќе од 20 земјотреси.
Свет
Пронајдени се остатоците од урнатиот авион во западна Алјаска, сите 10 лица се загинати

Пронајдени се останатите делови од малиот авион што завчера се урна во западна Алјаска, а сите 10 лица на борт се загинати, соопштија властите.
Авионот „Беринг Ер“ Цесна 208Б Гранд Караван исчезна од радарот по пат кон Ноум од Уналаклит, во четврток попладне по локално време. Во авионот биле пилотот и девет патници.
Се известува дека авионот се наоѓал на околу 54 километри од Ноум, на замрзнатото море.
Двајца нуркачи од крајбрежната стража беа спуштени за да ја испитаат ситуацијата, а сега се преземат напори за брзо извлекување на телата, бидејќи во следните 18 часа се предвидува влошување на временските услови и појавување на нестабилен мраз.
Американската Национална управа за безбедност на транспортот (NTSB) испраќа девет истражувачи на местото на несреќата за да ги утврдат околностите.
Летањето е најчестиот начин на транспорт во Алјаска поради големата територија и ограничената инфраструктура – повеќето заедници не се поврзани со главните патишта, па се користат мали авиони за транспорт.
Авионот „Беринг Ер“ опслужува 32 села во западна Алјаска, поврзани со центри како Ноум, Коцеб и Уналаклит, со два лета дневно од понеделник до сабота за повеќето дестинации.
Оваа несреќа е трета голема во САД во последните осум дена. На 29 јануари, патнички авион и воен хеликоптер се судрија во Вашингтон, при што загинаа 67 лица, а на 31 јануари медицински транспортен авион се урна во Филаделфија, со загуба на сите шест лица на борт и едно лице на земја.