Свет
Лавров полета за Кина, авионот се сврте на половина пат и се врати во Москва

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, отпатува за Кина за да го посети својот важен сојузник.
Но, некаде над Новосибирск, на половина пат до Пекинг, неговиот авион се сврте и се врати во Москва.
Промената на распоредот на шефот на руската дипломатија ја објави германски „Билд“, кој се прашува дали Кинезите наеднаш му го откажале домаќинството на Лавров или можеби Путин му наредил да се врати затоа што „куќа се запалила“ во Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Литванија испраќа 20 оклопни транспортери во Украина

Литванија ќе испрати 20 оклопни транспортери М113 во Украина и неколку воени камиони и возила за деминирање во вкупна вредност од 18,2 милиони евра.
„Координираната помош што ја испраќаме заедно со сојузниците е одлучувачки фактор за победата на Украина“, изјави литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас.
Досега, пред денешното објавување на транспортери и други возила, Литванија и испрати на Украина воена помош во вкупна вредност од околу 100 милиони евра.
Регион
Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за мандатарот на идната влада, Роберт Голоб

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа по предлогот за назначување на Роберт Голоб за мандатар на новата влада, што е прв чекор кон формирањето на извршната власт во земјата по изборите одржани на 24 април.
Голоб вчера го потпиша однапред усогласениот коалициски договор меѓу неговата партија „Движење Слобода“ со Социјалдемократите на Тања Фајон и Левицата на Лука Месец, изјавувајќи дека предвидените процедури за формирање и почетокот на работата на новата влада ќе бидат завршени веќе наредната седмица.
По потпишувањето на коалицискиот договор Голоб рече дека брзо биле усогласени целите на работењето на новиот кабинет, но посочи дека со оглед на брзите промени на околностите во иднина ќе биде неопходно постојано прилагодување.
„Знаеме каде сме и каде сакаме да одиме, ќе реагираме на околностите“, рече идниот премиер, наведувајќи ги притоа мерките поврзани со поскапувањето на енергијата и на храната и здравствените мерки со оглед на можен нов бран на Ковид-19 наесен.
Се очекува Голоб на собраниската седница да каже повеќе за акцискиот план на идната влада.
Европа
Патрушев: Русија нема рокови, воената операција ќе заврши кога ќе се постигне целта, нацизмот мора да се искорени

Официјален Кремљ во интервју во вторникот наутро зборуваше за војната во Украина, наведувајќи дека Русија нема рокови и дека ќе ја заврши својата воена кампања кога ќе се постигне целта за денацификација.
Ние не бркаме рокови. Нацизмот или мора да се искорени 100 отсто или ќе крене глава за неколку години и тоа во уште погрда форма – изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев, додавајќи дека задачите на специјалната воена операција во Украина ќе бидат исполнети, пренесе „Њузвик“.
Тој во интервју за весникот „Аргументи“ (АиФ) го спореди неодамнешниот масакр во Бафало во Њујорк, што го изврши бел врховист, со украинскиот баталјон Азов.
– Западњаците веројатно нема да ги симнат розовите очила додека украинските насилници не почнат да беснеат по нивните улици. И не само во Европа, сетете се на неодамнешните пукотници во Бафало. Би сакал да ги прашам Американците која е разликата помеѓу неонацист кој пука во луѓе во супермаркет и милитант од Азов – рече Патрушев.
Тој зборуваше и за Финска и Шведска, кои неодамна официјално го најавија влезот во НАТО. Тој ја нарече алијансата „не одбранбен, туку чисто агресивен офанзивен воен блок“ и рече дека членството во него значи дека земјата мора да отстапи одредена моќ на САД.
– Доколку воената инфраструктура на алијансата се прошири на територијата на Финска и Шведска, Русија ќе го сфати тоа како директна закана за нејзината безбедност и ќе биде обврзана да одговори – предупреди Патрушев, пренесе „Њузвик“.
Тој посочи дека ќе бидат остварени сите поставени цели од претседателот на Русија, пренесува Интерфакс. Патрушев додаде дека не може да биде поинаку, бидејќи, според него, вистината, вклучително и историската, е на страната на Русија.
– Судбината на Украина ќе ја одредат луѓето кои живеат на нејзината територија – рече Патрушев, пренесуваат медиумите.