Свет
Лавров пристигна во Анкара

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, пристигна во официјална посета на Турција.
Лавров утре во Анкара ќе разговара со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, изјави претходно денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, пренесува ТАСС.
Двајцата министри ќе разговараат за ситуацијата во Украина и Сирија, Либија и Нагорно Карабах, како и за ситуацијата на Балканот, Авганистан и Централна Азија.
Лавров и Чавушоглу ќе разговараат и за перспективите за трговска и економска соработка со Западот во периодот на антируските санкции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хорор на плажа во Хрватска, змија каснала туристка

Романка доживеала вистински хорор на плажата Жњан во Хрватска, пишува „Далмација данас“. Била касната од змија, за која подоцна се утврдило дека не била отровна.
Додека била на плажата, и заѕвонел телефонот на жената, па одлучила да се јави, но претходно се повлекла под сенката на едно дрво во близина.
„Зборував и одеднаш почувствував силна болка. Кога ја погледнав ногата, видов змија како бега во блиската грмушка“ раскажала Романката.
Имало многу крв затоа што змијата ја каснала директно за вената.
Успеала да влезе во автообилот и да отиде до најблиската болница, каде докторите и потврдиле дека не се работи за змија отровница. Раната и била дезинфицирана, затоа што забите на змијата обично се преполни со бактерии.
Регион
Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев.
„Ги прекинуваме сите преговори со Продолжуваме со промените за формирање влада. Мотивот за ова е одлуката за протерување на 70 дипломати од Русија. Ова е без преседан, ова е прекин на дипломатските односи. Ние од БСП за Бугарија категорично констатираме дека ваква одлука не е разговарана и донесена во Советот на министри. БСП долги години се бори за владеење на правото“ – изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе „БГНЕС“.
Според неа, Петков носи лични одлуки за прашања кои ја засегаат националната безбедност.
Од владејачката партија ПП се надеваат дека БСП ќе ја преиспита својата одлука.
Свет
Макрон: Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата, соопштија од неговиот кабинет.
Во соопштението меѓудругото се вели дека Макрон и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на состанокот на самитот на НАТО во Мадрид ја истакнале „важноста да се испрати порака за единство и сила“ за време на руската инвазија врз Украина.
Макрон го поздравил вчерашниот договор со Турција, поради укинувањето на блокадата за прием на Шведска и Финска во алијансата.
Двајцата лидери во Мадрид разговарале и за потребата да се најде начин да се дозволи извоз на украинско жито. Согласни се да продолжат да се координираат и да работат со ОН за постигнување услови за обезбедување на безбедноста на пристаништето Одеса и поморските конвои во Црното Море.