Европа
Лавров: Путин никогаш не одбил средба со Зеленски

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш не одбил средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски, но дека средбата треба да биде добро подготвена.
Во разговор за четири српски медиуми, а на прашањето на „Танјуг“ дали е можна средба меѓу Путин и Зеленски, Лавров рече дека би било контрапродуктивно само да се сретнеме и да разговараме.
„Би било контрапродуктивно да се сретнеме и само да размениме мислења“, рече Лавров додавајќи дека тие ги прифатиле преговорите веднаш штом украинската страна го побарала тоа откако Русија почна специјална воена операција.
Тој потсети дека преговорите со украинската страна ќе продолжат утре во Истанбул.
„Ние сме заинтересирани да постигнеме резултат, пред сѐ, да го запреме убивањето на жителите на Донбас, кое трае веќе осум години, а за кое западната јавност молчеше и никогаш не критикуваше додека цивилна структура беше бомбардирана и илјадници цивили беа убиени“, рече Лавров.
Според него, Русија укажала на тоа, но Западот молчел и тие само повикале да се почитува договорот од Минск.
Но, забележува тој, кога Киев рече дека нема да го спроведе Минскиот договор, Западот рече дека Русија треба да го почитува и исполни.
„Тоа е исмејување на здравиот разум и човековите права. Сега преговараме и мораме да се погрижиме цивилите никогаш повеќе да не страдаат во Донбас од украинскиот режим. Мораме да ја натераме Украина воено да се одвои од Западот и НАТО бидејќи ова е закана за Руската Федерација“, рече тој.
Шпекулациите за лошата здравствена состојба на рускиот претседател Владимир Путин и наводното исчезнување на министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, се глупости што ги шират украинските служби, тврди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Тоа се глупости што ги шират специјалните служби на Украина, но и неолибералите од Русија, кои се во странство и на кои им се даваат документи со упатства што треба да кажат тој ден“, рече тој.
Тоа го изјави Лавров во разговор со српските новинари одговарајќи на прашање на „Новости“ и посочи дека сите се живи, здрави и работат.
„Тоа може да се види секој ден на телевизија и на социјалните мрежи. Целата влада и претседателот работат на зачувување на руските интереси“, посочи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.