Свет
Лавров: Русија ќе одговори доколку Западот не понуди гаранции

Русија ќе ги преземе неопходните мерки доколку Западот не даде конструктивен одговор на предлогот на Москва за безбедносни гаранции, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Доколку нема конструктивен одговор, ако Западот продолжи со агресивен курс, тогаш, како што повеќепати изјави претседателот Владимир Путин, Москва ќе ги преземе неопходните мерки – изјави Лавров во Државната дума, пренесува ТАС С.
Во секој случај, како што додаде, сите мора да знаат дека безбедноста на Русија и нејзините граѓани е апсолутен приоритет и дека тие ќе бидат обезбедени во сите околности.
Русија во декември испрати предлог до САД и НАТО, барајќи безбедносни гаранции дека Алијансата нема да се прошири на исток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
СЗО за коронавирусот во Северна Кореја: „Загрижувачки е ако не ги користат достапните средства“

Официјалниот претставник на Светската здравствена организација, Мајк Рајан, изјави дека високото ниво на пренос на коронавирус меѓу невакцинираните луѓе, како што е случајот во Северна Кореја, создава поголем ризик од нови соеви на вирусот.
„Сигурно е загрижувачки доколку земјите не ги искористат средствата што сега се достапни“, изјави Рајан одговарајќи на прашање за епидемијата во Северна Кореја, пренесува „Ројтерс“.
Тој потсетил дека СЗО во неколку наврати има кажано дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови соеви на вирусот.
Европа
Кокаин откриен во контејнер со банани на Малта

Малтешките цариници заплениле рекордни 1,5 тони кокаин скриен во контејнер со кој се превезувале банани од Колумбија во Словенија, пренесуваат медиумите во соседството. Како што пишува словенечки „Дневник.си“, големата заплена на кокаин е втора поголема заплена годинава.
Црногорската полиција на почетокот на годинава запленила пратка од 400 килограми кокаин од Еквадор, пишува словенечкиот весник.
Вредноста на дрогата, според написите, се проценува на 300 милиони евра.
Цариниците заплениле 50 кеси, во кои имало 1.494 пакувања кокаин, од кои секоја тежела по еден килограм, соопштила царината на Малта. Според локалните весници, бродот го имал пристаништето Копер како крајна дестинација.
Случајот го истражува наркополицијата на Малта, пишуваат медиумите.
Европа
Борел: ЕУ нема да дозволи Украина да остане без воена опрема

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, изјави дека блокот нема да дозволи Украина да остане без воена опрема додека војната против Русија продолжува на нејзина територија.
„Европската Унија нема да дозволи Украина да остане без опрема“, изјави Борел пред новинарите во Брисел по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ, пренесува „Ројтерс“.
Тој додал дека руската армија претрпела големи загуби доколку бројките и извештаите се покажат како точни.
„Не би се осмелил да претпоставам колку долго Русија може да се спротивстави“, изјавил Борел.