Свет
Лавров: Русија ќе одговори на сите непријателски чекори на САД

Русија ќе возврати ако САД наметнат нови санкции и ќе одговорат на сите непријателски потези на Вашингтон, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на прес-конференција по разговорите со неговиот казахстански колега Мухтар Тлеуберди, пренесува ТАСС.
„Ќе ги забележиме сите непријателски потези и тоа е сигурно. Досега не сум видел некои посебни одлуки и ништо не е кажано. Прочитав дека администрацијата на САД го завршила прегледот на наводните руски ‘непријателски чекори’. Се чини дека некако брзо го направија тоа затоа што обично, кога сме обвинети за толку многу злодела, тешко е да се справиме со тоа неколку недели, па дури и неколку месеци, но тие го сторија тоа. Веројатно ќе нè казнат на други начини“, рече Лавров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
СЗО ќе ја процени вакцинaта на „Синофрам“ на 26 април, а на „Синовак“ на 3 мај

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја проценат вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител „Синофарм“ на 26 април за можно одобрување за итна употреба, а потоа на 3 мај треба да следи процена на втората кинеска вакцина произведена од „Синовак“, објави денес СЗО.
Одлука за одобрување ја очекуваме неколку дена по процената, потврди СЗО за „Ројтерс“.
Досега, вакцините произведени од „Фајзер“, „Астразенека“ и „Џонсон и Џонсон“ добија сертификат за безбедност од ЗСО, што е корисно за регулаторните тела на државите при издавањето дозволи за употреба.
Свет
Лукашенко пристигна во Москва, наскоро ќе се сретне со Путин

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пристигна денесka во работна посета на Москва, каде што треба да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин.
Претседателот на Белорусија беше пречекан од заменик-шефот на руската дипломатија Андреј Руденко и амбасадорот на Белорусија Владимир Семашко, јави агенцијата ТАСС.
Лукашенко и Путин се очекува да разговараат за тековните билатерални односи, со фокус на трговската и економската соработка.
Тие, исто така, треба да разговараат за прашања поврзани со соработката во борбата против пандемијата на коронавирусот. Лукашенко и Путин ќе разговараат и за заедничкиот одговор на актуелните закани и ќе разменат мислења за меѓународните теми и ситуацијата во регионот, пренесува TАСС.
Претходната средба на двајцата лидери се одржа на 22 февруари во Сочи.
Европа
НАТО е загрижен за руската акција, се солидаризира со Чешка

НАТО изрази целосна солидарност со Чешката Република, која протера 18 руски дипломати и изрази длабока загриженост за руската акција во евро-атлантската област.
„Сојузниците се длабоко загрижени за дестабилизирачката акција што Русија продолжува да ја спроведува низ целата евро-атлантска област, вклучувајќи ја и територијата на aлијансата и изразува целосна солидарност со Чешката Република“, се вели во соопштението на НАТО.
Чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек, го информирал Северноатлантскиот совет, составен од амбасадори на земјите членки, за активностите на руското разузнавање што доведе до експлозија во складиште за муниција во 2014 година во чешкиот град Врбетице. Во експлозијата загинаа две лица и се предизвика голема материјална штета.
Според изјавата на НАТО, министерот Кулханек потврдил дека чешките власти идентификувале двајца руски разузнавачки оператори одговорни за експлозијата и дека меѓу нив е истото лице што го барала Велика Британија во врска со нападот во Солисбери, Англија, во 2018 година, кога е користен нервен отров „новичок“.
Затоа Чешка протера 18 агенти на руската разузнавачка служба и размислува да донесе нови мерки.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?