Контакт

Вести

Лавров ја откажа посетата на Грција поради протерувањето на руските дипломати

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, ја откажа посетата на Грција бидејќи земјата протера два руски дипломата и им забрани влез на други двајца. Грција за овие четири лица утврдила дека го саботирале договорот за решавање на спорот за името со Македонија. Со ова стана неизвесна и посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Москва затоа што посетата на Лавров требало да биде подготовка за таа посета.

Поради кризата во руско-грчките односи, Ципрас денеска попладне имаше итна средба со министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас. По средбата беше соопштено дека Грција ќе одговори решително кога и да е повреден нејзиниот суверенитет. Во заедничкото соопштение по средбата беше наведено и дека грчката влада води стабилна политика за унапредување на односите со Русија.

Амбасадорот на Русија во Грција, Андреј Маслов, денеска изјави дека повеќе не е правилно Сергеј Лавров да ја посети Грција оваа есен. Тој рече дека и Русија има намера да протера грчки дипломати во знак на одмазда на протерувањето на руските дипломати, но не наведе ниту број ниту датум.

„Веќе соопштивме дека ќе преземеме противмерки. Не знам кога, колку и кој, но ќе има одмазда како што тоа вообичаено се прави во вакви случаи“, рече Маслов.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, вчера ја обвини Грција дека учествува во валкани провокации во врска со влезот на Македонија во НАТО овозможен со договорот меѓу Скопје и Атина за името. Грција одговори дека изјавата на Захарова е карактеристичен пример за непочитување на другите земји и дека таквата негативна логика, меѓу другото, ги мотивирала четворицата руски државјани на активности што довеле до нивно протерување или до забрана за влез во Грција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Објавено пред

Од

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите фотографии и податоци од ова вселенско тело, во рамки на мисијата која би можела да даде информации за настанувањето на Сончевиот систем и развитокот на Земјата.

Двата ровери, тешки околу еден килограм, се опремени со камери, и ќе се движат околу вселенското карпесто тело Рјугу, со пречинк од еден километар кое има слаба гравитација. Роверите ќе ја мерат температурата и ќе прават снимки од неговата површина, објави Би-би-си.

„Двата ровери се во одлична состојба“, објави јапонската вселенска агенција со првите фотографии од Рјугу.

Астероидот, во форма на дијамант и темна површина, се врти околу својата оска еднаш на секои седум ипол часа. Ова инаку е првпат космички брод успешно да ги спушти своите роботски ровери на површината на еден астероид.

Астероидите во основа се преостанат материјал кој потекнува од формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години. Под негостопримливата површина, се верува дека содржат големо богатство информации за настанувањето на планетарниот систем.

„Очекуваме дека вселенската карпа во форма на дијамант е богата со вода и органски материјали што ќе им помогнат на научниците подобро да ја разбираат интеракцијата меѓу материјата од кое е составена Земјата и настанувањето на океаните и животот на неа. Со тоа уште повеќе ќе ја развиеме науката за Сончевиот систем“, соопшти јапонската агенција.

На крајот на октомври „Хајабус 2“ ќе се спушти на астероидот, кој е оддалечен околу 280 милиони километри од Земјата, за да ги собере примероците од карпестото тло.

Прикажи повеќе...

Вести

Ватикан привремено суспендира бискуп осомничен дека силувал калуѓерка

Објавено пред

Од

Ватикан го прифати барањето на еден индиски бискуп привремено да биде ослободен од должноста затоа што е под истрага под обвинение дека силувал калуѓерка.

Во писмото објавено на веб-страницата на Католичката бискупска конференција на Индија, нејзиниот претседател, кардиналот Освалд Грацијас, навел дека папата Франциско примил барање бискупот привремено да биде ослободен од должноста.

Калуѓерката тврди дека бискупот Франц Мулакала, кој ја предводи Јаландхарската бискупија, ја силувал во период од две години. Против него сè уште не е поведено обвинение, но во интервју за медиумите ги отфрлил обвинувањата.

Ватикан вообичаено не ги објавува привремените промени на статусите, туку само трајните оставки на бискупите откако ќе ги прифати папата и стануваат официјални.

Прикажи повеќе...

Вести

Ким Џонг-ун му подари два тони печурки на претседателот на Јужна Кореја

Објавено пред

Од

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му испрати специјален подарок на својот јужнокорејски колега Мун Џае-ин – голема количина од ретките печурки мацутаке, соопштил портпаролот на кабинетот на Мун.

„Додека претседателот и неговата сопруга беа во посета на Северна Кореја, подарокот стигна во воздушната база во Сеул. Станува збор за два тони печурки“, рекол Јон Јунг.

Мун дал инструкции печурките да им се поделат на раздвоените семејства на југот што не успеале да се сретнат со своите семејства во Северна Кореја.

„Се надевам дека печурките со мирисот на недопрената Северна Кореја ќе може да им дадат утеха“, навел Мун.

Десетина илјади луѓе сè уште се разделени од своите семејства по крајот на Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион4 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија5 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија6 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток7 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток8 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ8 часа

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток9 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story11 час

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток11 час

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион12 часа

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија12 часа

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет12 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет13 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ13 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет17 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт1 ден

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија1 ден

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија1 ден

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Досие