Контакт

Свет

Лажните закани со бомби во Русија се дистрибуираат преку швајцарски интернет-сервис

Објавено пред

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) минатата недела соопшти дека илјадници анонимни закани за бомби биле испратени преку холандскиот интернет-сервис „СтартМејл“. „Роскомнадзор“ го блокираше пристапот до „СтартМејл“ во Русија, но училиштата, судовите и болниците во земјата продолжуваат да добиваат закани, пренесува „Спутник“.

Бидејќи т.н. електронски терористи продолжуваат да дистрибуираат лажни закани за бомби во руски објекти и сега го користат швајцарскиот интернет-сервис „ПротонМејл“, услугата ќе биде блокирана во земјата, соопшти ФСБ.

„Од 24 јануари, анонимни корисници ја користат електронската пошта на швајцарската „ПротонМејл“ за да ги продолжат своите криминални активности. Слични пораки со закани со бомби беа испратени на електронската пошта на судовите во четири федерални субјекти во Русија. Текстовите споменуваат и 830 наводно минирани објекти од социјалната и транспортната инфраструктура. Сите закани беа лажни “, се вели во соопштението на ФСБ.

Според ФСБ, овој интернет-сервис веќе бил користен за дистрибуирање лажни закани со бомби до 123 објекти во Русија минатата година. Пристапот до услугата е блокиран во Русија почнувајќи од денеска.

Од ноември, огромен бран на закани со бомби ги погоди руските институции, вклучително училишта, градинки, трговски центри, како и метро станици, што предизвика масовни евакуации. Досега не се пронајдени експлозивни направи по пораките.

Европа

Лукашенко: Белорусија се соочува со терористички закани

Објавено пред

Белорусија почнува да се соочува со терористички закани, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Како поинаку да се третира фактот дека тие веќе почнаа да ја блокираат автоматизацијата во железницата и да ги заклучуваат шините? Тоа може да доведе до сериозни железнички несреќи, катастрофи и смрт на многу луѓе”, рече тој на состанокот по повод Белорускиот народен конгре, пренесува ТАСС.

Тој рече дека тоа го прават организирани криминални групи и повтори дека државата мора да биде претпазлива кога поминува низ стресен период и кога луѓето протестираат на улиците.

„И претходно предупредував на претпазливост, иако не ја преминаа црвената линија. Последните неколку дена покажуваат дека ја преминале на повеќе начини“, заклучи Лукашенко.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде на мета на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед.

Десетици илјади демонстранти во Бангладеш го нарекоа Макрон „сатанист“ и палеа негови фотографии, по што слични протести како вчера беа одржани и во Пакистан, Ирак, Турција и во Појасот Газа.
Иранскиот весник „Ватан-е емруз“ објави на насловната страница карикатура од Макрон како ѓавол, означувајќи го како антиисламист и тврдејќи дека „се видени француски екстремисти како го палат Куранот“.

Членовите на исламистичката група Ислами Андолон Бангладеш се приклучија на протестот во Дака, повикувајќи ги муслиманите ширум светот да ги бојкотираат француските производи.

Демонстрантите од групата што се залага за воведување на исламистички закон во таа земја, носеа плакати со натпис „Сите муслимани на светот се обединуваат“ и „Бојкотирајте ја Франција“.

Демонстрантите носеа и голема фотографија од Макрон со чевли околу вратот, пренесува АП.

Земјите со муслиманско мнозинство се бесни во врска со изјавите на Макрон минатата недела и неговото одбивање да го осуди објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед.

Минатата недела Макрон го осуди убиството на Самуел Пати, наставник кој беше обезглавен во околината на Париз на 16 октомври, изјавувајќи дека тој бил убиен затоа што „предавал за слобода на изразување, слобода да се верува или да не се верува“

Прикажи повеќе...

Регион

Во БиХ секој втор граѓанин позитивен на коронавирус, 20 нови смртни случаи

Објавено пред

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 1.534 новоинфицирани со коронавирус, а биле тестирани вкупно 3.137 лица.

Тоа практично значи дека секој втор тестиран граѓанин е позитивен на коронавирус.

Во БиХ, во понеделникот се регистрирани 703 случаи, а тестирани се 1.833 лица.

Во последните 24 часа дури 20 лица починале од последиците на коронавирусот.

Во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ се пријавени 1.720 примероци, од кои 909 биле позитивни на коронавирус.

Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ.

Досега се тестирани вкупно 196.308 примероци, а вирусот е потврден кај 27.649 лица.

Од денес, во Федерацијата БиХ се излечени 18.567 пациенти, а во изминатите 24 часа е забележано закрепнување кај 275 пациенти. Во моментов има активни 8.358 позитивни случаи на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде на мета на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата...

Македонија8 минути

Позитивни на Ковид-19 биле 24% од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од минатата недела...

Наука2 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија2 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија3 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија3 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија4 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион4 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион5 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет5 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет5 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа6 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија14 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет17 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа18 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија19 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија23 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија24 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 ден

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 ден

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Досие