Контакт

Свет

Лани во Осло само едно лице загинало во сообраќајна несреќа

Објавено пред

Само едно лице загинало во сообраќајна несреќа во Осло, Норвешка, во 2019 година. Покрај тоа, минатата година, првпат, ниту едно дете под 16 години не починало на норвешките патишта.

Статистичките податоци покажуваат дека во текот на изминатите 50 години бројот на смртни случаи постојано се намалува, а во 1975 година во Осло биле регистрирани 41 жртва на сообраќајни несреќи во Осло.

Локалниот весник „Афтенспостен“ известува дека во 2017 година три лица загинале на патиштата во Осло.

Во истата година, Норвешка забележала најмал број на загинати во сообраќајки во Европа, со 20 сообраќајни несреќи на милион жители.

Како дел од својата национална стратегија, норвешката влада воведе „Вижн зеро“ за воспоставување на транспортен систем во кој никој нема да биде убиен или сериозно повреден.

Во Осло, градската управа воведе ограничувања во урбаните области и отвори голем број велосипедски патеки.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Црна Гора: Туристите што се заразени од коронавирус ќе бидат третирани на трошок на државата

Објавено пред

Во пресрет на туристичката сезона во Црна Гора здравствените протоколи се финализирани, а Владата донесе одлука за обезбедување болничко лекување на странските туристи што ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во таа земја да се лекуваат на трошок на Црна Гора.

Министерката за здравство, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, рече дека се обиделе да го поедностават протоколот и дека на туристите ќе им биде објаснето како да се однесуваат ако почувствуваат симптоми на Ковид-19 или доколку се заразат од коронавирус, пренесува „Вијести“.

„Владата донесе одлука туристите што ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во Црна Гора и ќе бидат хоспитализирани да бидат лекувани на сметка на државата“, рече таа.

ПЦР-тестот, во случај да им треба на туристите за враќање во матичната земја, ќе се изврши непречено во Црна Гора на два паралелни начина – едниот ќе биде организиран со помош на Институтот за јавно здравје на Црна Гора и ќе се изведува бесплатно, а туристите ќе имаат можност да прават тестови и во приватни лаборатории, додаде министерот.

Сите хотелиери ќе треба да одвојат 10 проценти од своите сместувачки капацитети за можни случаи на Ковид-19, најавија официјалните власти.

Мерката за влез во Црна Гора без тест за граѓаните на Србија, Хрватска, БиХ, Русија, Белорусија, Украина и Албанија останува во сила.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Форматот на Олимписките игри во Токио зависи од кoронавирусот

Објавено пред

Светската здравствена организација верува дека Олимписките игри ќе се одржат ова лето во Јапонија и дека многу одлуки за нивниот формат може да се донесат во последен момент поради непредвидливите ризици од пандемијата на коронавирус.

„Се надеваме дека Олимпијадата ќе се одржи“, рече директорот на програмата на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан, пренесува „Ројтерс“.

Тој истакна дека е охрабрувачки што процентот на позитивни случаи на Ковид-19 во Јапонија се стабилизира и дека властите презедоа многу систематски пристап во управувањето со овој ризик.

Тој верува дека Токио ќе донесе одлуки при организирање на Игрите, што истовремено ќе ги ограничат социјалните контакти што би го ширеле коронавирусот.

„Некои одлуки, како што е бројот на гледачи, може да се донесат само непосредно пред отворањето на Игрите врз основа на бројот на нови случаи на Ковид-19, а познато е дека Јапонија веќе објави дека на публиката од странство ќе ѝ биде забрането да присуствува и дека целиот настан ќе биде без публика“, додаде Рајан.

Јапонија денеска ја продолжи вонредната состојба во Токио и во неколку други префектури до крајот на мај за да се запре ненадејното зголемување на случаите на коронавирус, но премиерот Јошихиде Суга повтори дека сѐ уште е можно да се одржат Олимписките игри во текот на летото, како што беше планирано од 23 јули, по минатогодишното доцнење.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција се подготвува за пристигнување туристи, презентиран планот за ублажување на мерките

Објавено пред

Грчката влада го претстави нацрт-планот за олеснување на ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирусот очекувајќи туристите да пристигнат во средината на мај.

Кафулињата на плажите може да се отворат веќе утре, велат службени лица, а пренесува државната телевизија.

Училиштата ќе бидат отворени в понеделник, музеите може да бидат отворени на 14 мај, кината на отворено на 21 мај, а театрите на отворено на 28 мај истиот месец, објавуваат агенциите.

Ресторани на отворено во Грција се отворија минатиот понеделник по шест месеци.

Шефот на грчката цивилна заштита, Никос Чардалијас, рече дека прават претпазливи, но неопходни потези за отворање на земјата.

Тој ги повика Грците да продолжат да ги почитуваат мерките на претпазливост.

Иако бројот на заразени лица во Грција опаѓа, можни се локални избувнувања на зараза поради отворањето на земјата, предупреди главниот штаб.

Ублажувањето на мерките е придружено со дополнителни регулативи – учениците во училиштата ќе мора да покажат негативен тест в понеделник и в четврток, што ќе им го дава бесплатно државата.

Полицискиот час, кој трае од 23 до 5 часот наутро, исто така останува во сила, велат надлежните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија5 часа

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија5 часа

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија6 часа

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија7 часа

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија7 часа

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија7 часа

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија9 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија12 часа

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет12 часа

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион13 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија13 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион13 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет13 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија1 ден

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Досие