Свет
Лани од „Твитер“ укинати 371.000 профили поради тероризам
Компанијата „Твитер“ лани укинала 371.000 профили поради тоа што нејзините корисници промовирале тероризам.
АНСА пренесе дека тоа се гледа од податоците наведени во шестмесечниот извештај за транспарентноста на оваа компанија, во која стои дека во втората половина на минатата година, поради тероризам, укинати се 166.000 профили, што е 19 проценти помалку во однос на првите шест месеци во 2018 година кога биле укинати 205.000 профили.
„Твитер“ соопшти дека 91 отсто од профилите биле забележани со помошни на технолошки уреди наменети за таа цел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
СЗО: Се очекува раст на случаите на хантравирус
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека се очекува зголемување на бројот на случаи на хантравирус поради периодот што изминал меѓу појавата на првиот случај и потврдата на заразата.
Говорејќи на конференција за новинари, Тедрос наведе дека првиот случај бил забележан на 6 април на крузерот „MV Hondius“, додека инфекцијата била потврдена како заразна дури околу 24 или 25 април, пренесе „Скај њуз“.
Според неговите зборови, во тој период патниците имале бројни меѓусебни контакти, што ја зголемува можноста за понатамошно ширење на вирусот и покрај превентивните мерки кои биле воведени подоцна.
„Би очекувале повеќе случаи“, рече Тедрос, додавајќи дека периодот на инкубација на хантравирусот трае помеѓу шест и осум недели.
Млад маж (25) од Италија е примен во болница за инфективни болести во Рим поради сомнеж за инфекција со хантравирус, пренесе агенцијата „Анса“.
Според наводите на медиумите, пациентот од јужниот регион Калабрија е ставен во карантин, откако патувал на лет на компанијата „KLM Royal Dutch Airlines“ заедно со жена која подоцна починала од инфекцијата.
Свет
Трамп: Иранците рекоа дека ќе добиеме нуклеарен прав
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе престане да збогатува ураниум и ќе се откаже од секој обид за развој на нуклеарно оружје, иако преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се уште се во застој.
„Сто проценти ќе престане“, рече Трамп во интервју за радио емисијата „Сид и пријателите наутро“ на WABC, кога беше прашан дали верува дека Иран може да биде спречен да збогати ураниум и да развие нуклеарна бомба.
Трамп рече дека лично бил вклучен во разговорите со иранските претставници. „Преговарам со нив. И тие рекоа дека ќе добиеме прав. Јас го нарекувам нуклеарен прав затоа што е соодветно име. И ќе го добиеме“, нагласи тој.
Американскиот претседател, исто така, рече дека Вашингтон нема потреба да брза кон договор. „Нема да брзаме со ништо, имаме блокада“, рече Трамп.
Фото: Depositphotos
Свет
Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега
Американската војна во Иран досега чинела 29 милијарди американски долари, изјави денес висок функционер на Пентагон, што е зголемување од 4 милијарди во споредба со проценката презентирана на крајот од минатиот месец.
На само шест месеци до општите избори, на кои републиканците на претседателот Доналд Трамп би можеле да се соочат со тешка битка за задржување на мнозинството во Претставничкиот дом, демократите постигнуваат високи резултати во анкетите на јавното мислење додека се обидуваат да ја поврзат војната со прашањето за високите трошоци за живот.
На 29 април, Пентагон објави дека војната до тој момент чинела 25 милијарди американски долари.
Вршителот на должноста контролор Џулс Херст им рече на пратениците во вторникот дека новите трошоци вклучуваат ажурирани податоци за поправка и замена на опрема и оперативни трошоци.
„Здружениот штаб и тимот на контролорот постојано ја разгледуваат таа проценка“, рече Херст. Тој зборуваше заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет и генералот на Здружениот штаб Ден Кејн.
Не е јасно како Пентагон дошол до бројката од 29 милијарди долари.
Извор за Ројтерс во март изјави дека администрацијата на Трамп проценила дека првите шест дена од војната чинеле најмалку 11,3 милијарди долари.
