Контакт

Европа

Лапид: Лавров да чита историска книга наместо да шири лажни антисемитски шпекулации

Објавено пред

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид денеска го повтори својот гнев поради изјавите на неговиот руски колега Сергеј Лавров дека и Адолф Хитлер има еврејска крв и го повтори својот повик до Москва да се извини.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека руската влада треба да им се извини на Евреите, на сеќавањето на убиените. Тоа беше ужасна изјава“, изјави Лапид за јавниот сервис во Кан, сугерирајќи му на Лавров „да ја прочита историската книга“ наместо да шири лажни „антисемитски шпекулации“.

Шефот на израелската дипломатија не ја исклучи можноста изјавите на Лавров да се одговор на неговата осуда на Русија за воени злосторства за време на инвазијата на Украина.

„Русите го кренаа својот глас против целиот свет, бидејќи, на крајот на краиштата, санкциите растат, поради фактот што ова е неправедна војна. Тоа е јасно уште од првиот ден“, рече Лапид.

Тој, сепак, додаде дека Израел ги зема предвид своите национални безбедносни интереси и своите вредности кога зборува против дејствијата на Русија, објавија израелските медиуми.

„Како и сите демократии, ние мислиме дека руската инвазија на Украина е неправедна и мора да заврши, а ние го кажуваме тоа и гласаме (на тој начин) во меѓународните тела кога е потребно“, рече израелскиот министер.

Тој објасни дека Израел секогаш внимава да ги заштити своите интереси во соседна Сирија, каде што е силна руската војска, но дека никој не може да им каже на Израелците дека не можат да заземат морален став за глобалните прашања.

Викторов во понеделникот беше повикан на интервју во израелското Министерство за надворешни работи поради изјавите на Лавров. Лапид рече дека разговорот бил тежок, но не откри детали.

„Можете да погодите и би било разумна претпоставка дека беше многу тежок разговор со амбасадорот овде бидејќи е непростливо, непростливо да се обвинуваат Евреите за сопствениот холокауст. Хитлер не бил Евреин и Евреите не го убиле дедо ми во Матхаузен. Нацистите го направија тоа и сите тие споредби со нацистите се непростливи и предизвикуваат бес“, рече Лапид.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Објавено пред

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.

„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.

Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.

„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Европа

Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Објавено пред

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.

dobivaj vesti na viber

За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.

Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.

Прикажи повеќе...

Европа

Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.

dobivaj vesti na viber

„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е чекор кон неприфатлива ескалација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија...

Економија7 часа

Ковачевски: Во ребалансот на буџетот направиме намалување на непродуктивните трошоци, нè oчекува тешка зима

„Ребалансот на буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, реконструирање на буџетските расходи, зачувување...

Спорт8 часа

РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и...

Економија10 часа

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија11 час

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија12 часа

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...

Топ13 часа

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...

Европа18 часа

Кадиров ѝ се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ се закани на Полска. Тој на својот канал на „Телеграм“ објави видео во кое вели...

Европа18 часа

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор...

Европа18 часа

Путин првпат ги посети ранетите руски војници

Рускиот претседател Владимир Путин вчера првпат ги посети војниците во болница во Москва, три месеци по почетокот на офанзивата на...

Македонија1 ден

Џафери ги заклучи вратите на салата во Собранието и ги исклучи микрофоните

Собранискиот спикер Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на...

Македонија1 ден

Ковачевски – Дендијас: Фокусирани сме на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција

Претседателот на Владата денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас, кој е во еднодневна посета...

Свет1 ден

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина....

Македонија1 ден

Повисоки плати ќе добијат судиите и обвинителите

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Со предложените одредби, како што...

Свет1 ден

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија1 ден

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија1 ден

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија2 дена

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија2 дена

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...