Свет
Лајен размислува да ја посети Турција

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, размислува да отпатува за Турција следната недела по самитот на ЕУ на кој би требало да се расправа за односите со Анкара.
Ова го соопшти нејзината канцеларија, по видеоразговорот помеѓу Лајен и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Ројтерс“.
Европската Унија, патем, ѝ се закани на Турција со санкции по разгорувањето на повеќедеценискиот спор меѓу Турција и Грција околу поморската надлежност и енергетските ресурси на Медитеранот.
„Ја нагласивме важноста од континуирана деескалација и понатамошно зајакнување на градењето доверба со цел да се овозможи попозитивна агенда на ЕУ и Турција“, напиша Урсула фон дер Лајан на Твитер.
Самитот на ЕУ за односите со Турција е закажан за 25 и 26 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Советот на Европа ќе учествува во набљудувањето на изборите за Државната дума во Русија

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Хендрик Демс, во писмо до претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, ја прифати неговата покана да учествуваат во набљудувањето на изборите за Думата во септември, изјави спикерот на Државната дума за ТАСС.
„Хендрик Демс информираше за подготвеноста на Собранието да учествува во набљудувањето на претстојните избори за Државната дума“, рече спикерот.
Дополнително, продолжи тој, Демс се согласи со неопходноста од соработка на европските земји во борбата против пандемијата на коронавирус и обезбедувањето пристап со вакцините за сите граѓани.
Средбата на Володин и Демс се одржа на 15 март за време на посетата на претседателот на ПССЕ на Русија. Политичарите разговараа за можното присуство на набљудувачите на ПССЕ на изборите и борбата против пандемијата на Ковид-19, како и за промовирањето на руските вакцини на европскиот пазар.
Изборите за руска Државна дума ќе се одржат на 19 септември истовремено со регионалните и општински избори.
Европа
Шведска: Наместо „Астразенека“, друга вакцина како втора доза

Швеѓаните помлади од 65 години, кои примиле една доза на вакцината против коронавирус од „Астразенека“, како втора доза ќе примат вакцина од друг прозиводител, објави денеска Шведската здравствена агенција.
„На лицата под 65-годишна возраст, кои веќе примиле доза од ‘ваксзеврија’ (што е новото име на вакцината oд ‘Астразенека’), треба да им се понуди втора доза од друга таканаречена mRNA вакцина како што е онаа на ‘Фајзер’ / ‘Бионтек’ или ‘Модерна’“, посочи здравствената агенција во соопштението, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Свет
Фатах ги интензивира напорите за одложување на изборите стравувајќи од победа на Хамас

Член на Централниот комитет на Фатах врши притисок врз палестинските затвореници во израелските затвори да повикаат на одложување на претстојните избори, ако Израел го забрани движењето во Ерусалим, пренесува „Мидл ист монитор“.
Новинската агенција „Сама“ пишува дека извори блиски до затворениот лидер на Фатах, Марван Баргути, откриле дека се вршат притисоци врз затворениците за изборите да бидат во мирување како резултат на националната криза.
Изворите велат дека голем број затвореници од Фатах одбиле да ја поддржат изјавата, по што се соочиле со закани, особено по неколку анкети кои предвидуват дека Хамас ќе освои мнозинство во парламентот.
Весникот исто така пишува дека Палестинската самоуправа во Рамалах работи на убедување на арапските држави, ЕУ и САД да ги прифатат нивните напори за одложување на изборите бидејќи тие не можат да продолжат ако Израел не дозволи да учествуваат Палестинците во Ерусалим.
Според истите извори, Вашингтон сè уште нема донесено одлука за ова прашање, но американскиот државен секретар Антони Блинкен претходно му порача на израелскиот министер за надворешни работи, Габи Ашкенази, дека САД нема да заземе никаква позиција што му штети на Тел Авив.
Израелскиот портал за вести „Вала“ објави дека американската администрација е загрижена дека Хамас ќе победи на изборите.
Весникот додава дека претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, го испратил својот министер за надворешни работи, Ријад ал Малики, во Европа за да нагласи дека Ерусалим „е црвената линија“ и нема да се одржат избори без него.
Ова, додал тој, ќе овозможи изборите да се одложат без Палестинската самоуправа да биде обвинета за одлуката.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?