Европа
Летните топлотни бранови би можеле да ги променат туристичките навики

Летниот топлотен бран и натпросечните високи температури во јужна Европа би можеле да предизвикаат трајни промени во туристичките навики бидејќи повеќе туристи би можеле да се одлучат за поладни дестинации или да одат на одмор во пролет или есен, предвидуваат туристичките организации и експерти.
Податоците на Европската комисија за патувања покажуваат дека бројот на луѓе што планираат јунски одмор на Медитеранот веќе е намален 10 отсто во споредба со минатата година, пренесува „Ројтерс“.
Значителен пораст на интересот бележат туристичките дестинации, како Чешка, Данска, Ирска и Бугарија.
„Очекуваме дека непредвидливите временски услови во иднина ќе имаат поголемо влијание врз изборот на туристичка дестинација“, изјави Мигел Санз, првиот човек на ЕТЦ, пренесува „Танјуг“.
Извештајот на Комисијата исто така покажува дека моментно 7,6 отсто од патниците сметаат дека екстремните временски услови се главната грижа за организирање патувања меѓу јуни и ноември.
Анита Елшој и нејзиниот сопруг, кои се вратија дома во Норвешка од нивното омилено место за одмор Вазанела, село северно од Рим, една недела порано од планираното, бидејќи температурите достигналe околу 35 степени во последните денови.
„Имав главоболка, моите стапала и прсти беа отечени и ми се вртеше во главата“, рече Елшој за симптомитер поврзани со топлината.
„Требаше да бидеме таму две недели, но не можевме да останеме поради жештините“.
Побарувачката за патувања повторно се зголеми ова лето бидејќи туристите ги оставаат зад себе долгогодишните пандемични ограничувања, а туристичките компании велат дека топлината сè уште не предизвикала многу откажувања на патувањата.
Британците резервираа помалку одмори дома и повеќе на Медитеранот со месеци однапред бидејќи сè уште копнеат за бегство на плажа по заклучувањето, рече Шон Типтон од британската туристичка агенција АБТА.
Но, таа рамнотежа може да се смени како што топлотните бранови се влошуваат.
Научниците долго време предупредуваат дека климатските промени, предизвикани од емисиите на CO2 од согорувањето на фосилните горива, ќе ги направат временските настани почести, посериозни и посмртоносни.
Метеоролозите предвидуваат дека температурите во наредната недела би можеле да го надминат тековниот европски рекорд од 48,8 Целзиусови степени, поставен на Сицилија во август 2021 година, што ги зголемува стравувањата од повторување на смртните случаи од жештината минатата година.
Приказните за туристите што биле превезувани со хеликоптер од италијанските плажи или амбулантни возила во близина на атинскиот Акропол ги преплавија европските медиуми во последните неколку недели.
„Нашето неодамнешно истражување укажува на пад на бројот на луѓе заинтересирани за патување во август, на врвот на сезоната, а повеќе Европејци размислуваат за есенско патување“, рече Санц.
Туристите во Рим изјавија за „Ројтерс“ дека ќе размислат двапати за повторно резервирање патување таму во јули бидејќи се мачеле да пијат доволно вода, да останат освежени и да најдат климатизирани места за одмор.
„Би дошол кога е постудено. Само во јуни, април“, рече Далфна Нибур, американска туристка, која летува со својот сопруг во Рим оваа недела, која рече дека жештините ја направиле нејзината посета мизерна.
Тоа е лоша вест за италијанската економија, која е во подем поради големиот летен сообраќај.
Италијанското Министерство за животна средина во годинешниот извештај предупреди дека странските туристи повеќе ќе патуваат напролет и наесен и ќе избираат поладни дестинации.
Билансот ќе биде негативен и затоа што некои од италијанските туристи ќе придонесат за прелевање на меѓународниот туризам во помалку жешките земји, се наведува во извештајот.
Во Шпанија се очекува голема побарувачка за одмор во крајбрежните дестинации на северот на земјата и на шпанските туристички острови, каде што летните температури се обично пониски, се вели во извештајот на националната туристичка асоцијација Exceltur.
Шпанците Даниел Отеро и Ребека Васкез, кои беа во посета на Билбао, изјавија дека одморот би можеле да го преместат во јуни следната година, кога ќе биде посвежо и поудобено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Пожар зафати луксузна суперјахта во пристаниште во Франција

Пожар избувна на суперјахта од 41 метар вчера во Сен Тропе, предизвикувајќи загриженост дека може да потоне во пристаништето кое го посетуваат богатите и славните во текот на летото, објавија француските медиуми.
Пожарникарите поставија заштитна бариера за да спречат загадување околу „Си Лејди II“, луксузна јахта чија изнајмување чини повеќе од 80.000 евра неделно.
Два часа по избувнувањето на пожарот, пожарникарите пријавија тешкотии при качувањето на бродот, а снимките на социјалните мрежи покажуваат густ црн чад како се извишува околу пристаништето.
„Брзо ги преместивме околните јахти и поставивме заштитни бариери против загадување“, изјави портпаролот на противпожарната служба за АФП. Тој додаде дека е „веројатно“ да потоне во пристаништето и дека причината за пожарот е под истрага.
Јахтата е изградена во 1986 година и последен пат е обновена во 2024 година. Има екипаж од осум лица и може да прими десет гости. Секоја од петте кабини има бања, според веб-страницата на Чартерлинк, една од агенциите што ја даваат под наем.
Европа
Британија: Бројот на руските жртви во Украина надмина еден милион

Русија веројатно претрпе околу 236.000 жртви (убиени и ранети) во конфликтот со Украина во 2025 година, додека вкупно 1.022.460 жртви се регистрирани од почетокот на инвазијата во 2022 година.
Британското Министерство за одбрана ги објави овие информации во разузнавачки извештај за Украина на социјалната мрежа Икс.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 11 July 2025.
Find out more about Defence Intelligence's use of language: https://t.co/bRZd9p4geh#StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/9uDDNXOJCC
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) July 11, 2025
Повикувајќи се на податоци од Генералштабот на вооружените сили на Украина, аналитичарите велат дека просечниот дневен број на руски жртви во текот на јуни 2025 година бил околу 1.080, со вкупно 32.000 во текот на месецот.
„Стапките на руски жртви се намалуваат умерено од месец во месец од март 2025 година, при што просечната дневна стапка во јуни е најниска од април 2024 година“, се вели во извештајот на британското разузнавање.
A cemetery full of graves of #Russian occupiers in #Tomsk. pic.twitter.com/QHEgmmohmi
— NEXTA (@nexta_tv) June 4, 2023
Според Министерството за одбрана, претходните години од војната, исто така, забележаа умерено намалување на руските жртви со доаѓањето на летото, при што подобрувањето на временските услови веројатно придонесе за повисоки стапки на преживување на ранетите.
„Умерено намалување на руските жртви се случи во исто време додека руските напади по должината на фронтот останаа интензивни, а Русија постигна постојан напредок во Донбас“, се вели во извештајот.
Европа
Драстичен пад на производството на вотка во Русија, граѓаните се префрлаат на рум, виски и текила

Производството на жестоки пијалоци во Русија е во пад, дури и кога податоците покажуваат дека Русите пијат повеќе жестоки пијалоци од кога било досега. Руската Федерална служба за регулирање на пазарот на алкохол претходно оваа недела објави дека производството на жестоки пијалоци се намалило за повеќе од 16 проценти во првата половина од 2025 година.
Официјалните податоци покажуваат дека производството на вотка во Русија се намалило за 10,9 проценти на годишно ниво, од 33,40 милиони декалитри (10 литри) во 2024 година на 31,38 милиони декалитри во истиот период во 2025 година, објавува Политико.
Легендарниот руски пијалок служел како национална валута некое време во 1990-тите и до ден-денес останува прославен дел од културниот идентитет на земјата. Сепак, додека производството е во опаѓање, потрошувачката на алкохол е во пораст.
Русите пиеле повеќе во 2024 година отколку во слични периоди во изминатите осум години. Сè повеќе луѓе претпочитаат рум, виски, коњак и текила, објави руската ревизорска фирма „Финекспертиса“ во мај.
Во исто време, рускиот претседател Владимир Путин тврди дека Русите пијат помалку, велејќи дека сè повеќе и повеќе од нив претпочитаат спорт. Продажбата на гореспоменатите алкохолни производи се зголеми за 10,2 проценти на 3,2 литри по глава на жител годишно, надминувајќи ја потрошувачката на вотка во некои региони. Сепак, вотката останува најпопуларниот пијалок во целата земја, со удел од 60 проценти од вкупната годишна продажба.
Падот на производството на вотка во Русија се должи на зголемувањето на цената на алкохолот и забраната за извоз на алкохолни пијалоци во ЕУ, САД и други земји поради западните санкции. Забраната значително ги намали приходите од извоз за руските производители на вотка, објави државната служба за контрола на квалитетот на производите во Ростовскиот регион во јуни, повикувајќи се на податоци од консултантската агенција „Стратеџи партнерс“.