Контакт

Свет

Ле Пен: Ако станам претседателка на Франција, ќе распишам референдум

Објавено пред

Лидерката на екстремно десничарската партија Национално собрание, Марин Ле Пен, рече дека ќе распише референдум доколку победи на претседателските избори в година во Франција.

На референдум таа ќе предложи усвојување драстични ограничувања за имиграцијата.

Ле Пен за телевизијата „Франс 2“ рече дека на референдумот ќе бидат предложени строги критериуми за влез на француска територија и стекнување француско државјанство, како и да им се даде приоритетен пристап на француските граѓани до социјални станови, работни места и социјални придобивки, пренесе „Ројтерс“.

„Референдумот ќе вклучува целосен нацрт-закон, чија цел е драстично регулирање на имиграцијата“, рече Ле Пен, која ќе биде кандидат на нејзината партија на претседателските избори во април.

Референдумите се дозволени со францускиот Устав, но тие ретко се користат. Последниот голем референдум се одржа во 2005 година кога Французите гласаа против ратификацијата на европскиот Устав. Ле Пен се кандидира во вториот круг од претседателските избори во 2017 година, но беше поразена од Емануел Макрон, кој освои повеќе од 66 % од гласовите.

Макрон сѐ уште не одлучил дали ќе се кандидира за реизбор, но анкетите на јавното мислење покажуваат дека тој и Ле Пен, најверојатно, би влегле во вториот круг, од кој Макрон би излегол како победник.

Свет

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Објавено пред

Британски пратеник од Конзервативната партија, Сер Дејвид Ејмс денеска беше прободен со нож неколку пати по што почина, објавија британските медиуми.

Ејмс беше избоден неколку пати за време на неговиот говор на состанокот на локалниот одбор. Ејмс го претставува Западен Саутенд, во Есекс, и беше нападнат во методистичка црква во Ли-он-Си.

Британската полиција соопшти дека е уапсен човек кој го нападнал Ејмс, додавајќи дека тие не бараат други осомничени, пренесе „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Данците ќе добиваат покани да примат и трета доза вакцина

Објавено пред

Од идната недела данските здравствени власти ќе почнат да канат голем број граѓани да примат трета доза од вакцината против Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство, Магнус Хојнике.

Повик ќе добијат лицата што ја примиле втората доза пред шест и пол месеци, а првично ќе бидат повикани оние над 65 години, здравствените работници и постари работници, кои биле меѓу првите што примиле вакцина против Ковид-19, објанси министерот.

Регулаторното тело за лекови на Европската Унија соопшти дека оние со ослабен имунолошки систем како трета доза треба да добијат вакцина од „Фајзер-Бионтек“ или „Модерна“, но остави на земјите членки да одлучат дали пошироката јавност треба да добие дополнителна доза.

Во септември Данска почна да дава трета доза за згрижените во домовите за стари лица и за другите изложени на ризик од сериозни болести предизвикани од вирусот.

Нордиската земја ги укина последните ограничувања за коронавирусот во септември откога вакцинира голем дел од населението.

Досега, 75 проценти од населението е вакцинирано, а 2,2 процента од Данците добиле трета бустер-доза.

Прикажи повеќе...

Европа

Постигнат договор за идната германска влада

Објавено пред

Социјалдемократите, кои освоија најмногу гласови на парламентарните избори во Германија, кон крајот на септември, и зелените и либералите, денеска објавија дека постигнале подготвителен договор за формирање влада.

„Успеавме да го усогласиме документот. Тоа е многу добар резултат, јасно покажува дека може да се формира влада во Германија“, рече социјалдемократот Олаф Шолц, кој најверојатно ќе биде иден канцелар.

Шолц ова го изјави на прес-конференција со лидерите на зелените и на Партијата на слободата (FDP).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Британски пратеник од Конзервативната партија, Сер Дејвид Ејмс денеска беше прободен со нож неколку пати по што почина, објавија британските...

Македонија2 часа

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на...

Топ6 часа

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија8 часа

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија8 часа

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија1 ден

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија1 ден

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија1 ден

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија1 ден

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет1 ден

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион1 ден

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион1 ден

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет1 ден

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион1 ден

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Европа2 дена

(Видео) Маж со лак и стрела извршил напад во Норвешка, има повеќе загинати и повредени

Маж бил уапсен откако повредил неколку луѓе со лак и стрела во Конгсберг, Норвешка, а полицијата во меѓувреме ја евакуирала...

Свет2 дена

СЗО ja запре постапката за итно одобрување на „спутник В“

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е прекината постапката за итно одобрување на руската вакцина „спутник В“ бидејќи недостасува одредена...

Македонија2 дена

12 починати, регистрирани 412 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања,...

Досие