Контакт

Свет

„Ле Фигаро“: Избројани се деновите на принцот Мохамед, кралското семејство тајно му подготвува смена

Објавено пред

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман би можел да биде сменет поради кризата со убиството на новинарот Џамал Кашоги, наведуваат светските медиуми. Водечкиот весник „Ле Фигаро“ објави текст во кој се зборува за тоа дека кралското семејство активно размислува за замена на крунскиот принц, кој би требало да го наследи кралот Салман, додекс кралството се наоѓа пред најголемиот меѓународен притисок во современата историја поради убиството на Кашоги, за кого се верува дека е убиен по наредба токму на принцот.

Неименуван дипломатски извор за весникот рекол дека Советот за лојалност, односно државното тело задолжено за одобрување на редот на наследство на престолот, неколкупати во тајност се состанал во последните денови. Советот е составен од делегати кои ги претставуваат сите клонови, најмалку седум, од кралското семејство. Ова тело ја испитува ситуацијата создадена со исчезнувањето на новинарот Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул, наведува весникот.

Според наводите на весникот, саудискиот режим сака да го замени 33-годишниот Мохамед со неговиот помлад, многу помалку амбициозен и предвидлив брат, принцот Калид бин Салман.

Советот веќе претходно минатата година го прекрши обичајното правило на наследување, кога го постави Мохамед како нов крунски принц наместо Мохамед бин Најеф, кој беше прв во редот за престолот.

Откако е на власт, престолонаследникот Мохамед бин Салман, уапси бројни принцови, високи претставници и бизнисмени, од нив го одзеде целото богатство, а се под изговор, дека се работи за борба против корупција. Тој и` нареди на саудиската војска да војува во Јемен, каде моментално е една од најголемите хуманитарни кризи во историјата.

Тој исто така го киднапираше либанскиот премиер, кој набрзо го ослободи да се врати во неговата земја, а затвори силни критичари и борци за човекови права.

Регион

Мигрант од Ирак го прегази воз во Грција, додека спиел на шини

Објавено пред

Грчката полиција го пронајде телото на мигрантот од Ирак кој го прегази воз близу турската граница.

Полицијата соопшти дека мигрантот најверојатно заспал на шините. Другиот мигрант од Ирак, кој успеа да избега и да спаси на време, изјави во полицијата дека човекот кој загинал спиел на шините.

Сето тоа се случило вчера, во близина на селото Апалос, недалеку од Александрополис, на североистокот на земјата, пренесува АП.

Преживеаниот мигрант ѝ рекол на полицијата дека двајцата влегле во Грција преку копнената граница со Турција.

Прикажи повеќе...

Регион

Американската амбасада во Приштина ја поздрави одлуката за распуштање на косовскиот парламент

Објавено пред

Амбасадата на САД во Приштина ја поздрави денес одлуката за распуштање на косовскиот парламент, оценувајќи го како важен исчекор за формирање нова влада чија цел треба да биде обновата на дијалогот со Белград, пренесува „Танјуг“.

На официјалниот профил на амбасадата и амбасадорот Филип Коснет на Фејсбук, се сугерира дека ообновата на дијалогот со Белград, владеењето на правото и економскиот развој треба да бидат во фокусот на политичките партии во предизборната кампања.

Во текстот се сугерира дека политичките партии треба да изнесат нови идеи за тоа како Косово да не губи веќе време на „изградба на темелите за иднината“.

Прикажи повеќе...

Регион

Обид за бегство од затвор во Мостар, повредени двајца полицајци

Објавено пред

Вистинска драма се случувала синоќа во притворското одделение на Казнено-поправниот затвор во Мостар кога петмина криминалци се обиделе да избегаат од ќелијата.

Двајца полицајци во затворот биле сериозно повредени кога влегле во ќелијата за да ги совладаат, изјави извор близок до полицијата.

Повеќе извори потврдија дека криминалците, од кои четворица се од Сараево, ги растуриле креветите во ќелијата за да ги земат металните делови. Тие направиле дупка во ѕидот преку која имале намера да избегаат.

„Еден од затворските службеници слушна тропање и отиде да види што се случува. Притворениците имаа метални шипки во рацете, а дупката во ѕидот беше со големина од околу 70 сантиметри. За малку ќе избегаа од притворската единица“, изјавил изворот.

Криминалците им се спротивставиле на затворските службеници.

Неколку полицајци биле повредени, од кои двајца потешко, додека не им дошло засилување.

На крајот, побунетите зартвиореници биле совладани.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Маскирани мажи нападнале гости додека гледале фудбал во кафуле во Хрватска, петмина повредени

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн, го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена звезда“ кога група...

Топ2 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ3 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија4 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија5 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија5 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет6 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија6 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа7 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија18 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија18 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион19 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија21 час

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија21 час

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија22 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија22 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија1 ден

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Досие