Контакт

Свет

Либан ги предупреди граѓаните да не користат израелски мобилни апликации

Објавено пред

Либанските безбедносни сили вчера ги предупредија луѓето во Либан да не ја користат мобилната апликација CallApp поради сомнителна активност поврзана со Израел, пренесува „Мидл ист монитор“.

„Во рамките на постојаното следење на сомнителните апликации, особено оние создадени од израелскиот непријател, неодамна се појавија сомневања за апликацијата CallApp“, се вели во соопштението на Генералниот директорат за државна безбедност.

Директоратот ги повика либанските граѓани да не ја користат апликацијата додавајќи дека таа им овозможува на своите корисници „да ги контролираат и управуваат сите повици на своите паметни телефони“.

„Опасноста на CallApp лежи во неговата способност да ги контролира сите податоци за контакт на телефонот“, се вели во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Ватикан стравува дека италијанскиот закон против хомофобија ќе ги ограничи верските слободи

Објавено пред

Ватикан протестира против италијанскиот нацрт-закон за борба против хомофобијата, наведувајќи дека тој нацрт-закон, во сегашната форма, може да ја ограничи верската слобода на Католичката црква во Италија.

Протестната нота, која за првпат ја објави весникот „Кориере дела сера“ и која ја потврди претставник на Ватикан, била испратена од министерот за надворешни работи на Ватикан на 17 јуни на адреса на италијанската амбасада при Светата Столица.

Протестот е направен поради таканаречениот „закон на Зан“, именуван по Алесандро Зан, законодавецот на Демократската партија, со хомосексуална ориентација. Законот помина во долниот дом на италијанскиот парламент и во моментов се дискутира во комитет во Сенатот.

Ватикан верува дека законот, како што е напишан во моментов, го крши Латеранскиот пакт од 1929 година, кој Ватикан ја утврдува како суверена држава и ги регулира односите меѓу Ватикан и Италија.

Ватикан стравува дека законот, во сегашната форма, може да доведе до криминализација на црквата во Италија поради одбивањето да се склучуваат хомосексуални бракови, спротивставувањето на тоа геј двојките да посвојуваат деца или поради одбивањето да се предава родова теорија во католичките училишта, посочил извор од Ватикан.

Прикажи повеќе...

Европа

Москва воведува строги мерки: Баровите и рестораните достапни само за вакцинирани посетители

Објавено пред

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, нареди баровите и рестораните да служат само вакцинирани гости и оние кои ја прележале инфекцијата и развиле имунитет.

Ова е една од подрастичните, но неопходни мерки разгледани од Кремљ, од каде доаѓаат предупредувања дека зголемувањето на бројот на заразени е предизвикано од делта варијантата на вирусот, која за прв пат беше откриена во Индија, но и од бавната имплементација на програмата за имунизација во Русија, иако дури четири вакцини од домашно производство се овластени за употреба.

Собјанин денес потврди дека новите ограничувања ќе стапат на сила на 28 јуни, наведувајќи дека таквите мерки се неопходни со цел да се избегне нова и построга блокада, пренесува „Ројтерс“.

Секој што сака да посети кафуле, ресторан или бар ќе мора да го покаже својот QR код како потврда за вакцинација, или доказ за прележан Ковид-19 или пак негативен тест не постар од 3 дена.

Кремљ денес објави дека граѓаните на Русија кои не биле вакцинирани или не прележале Ковид-19, неизбежно ќе се соочат со дискриминација на работното место.

„Луѓето кои не биле вакцинирани или не прележале Ковид-19 нема да можат да работат каде сакаат. Ова нема да биде можно бидејќи тие се закана за секој што работи со нив“, предупреди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додека градоначалникот Собјанин посочи дека слични правила веќе со месеци се на сила во многу градови во Европа и Азија.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанија ги помилува каталонските сепаратистички лидери

Објавено пред

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, денеска ги помилува сите девет каталонски лидери на сепаратистите, кои беа осудени за организирање на, според шпанскиот закон, нелегален референдум за независност и усвојување на Декларацијата за независност на Каталонија во 2017 година.

Санчез помилувањето го објави во телевизиско обраќање. Помилувањата се условни и забраната за вршење јавни функции за овие каталонски лидери останува на сила.

Санчез ги опиша помилувањата како знак на добра волја и прв чекор кон решавање на политичкиот конфликт на Мадрид со богатиот североисточен регион, чија влада бара нов референдум за независност, но со согласност на Мадрид.

Лидерот на социјалистите по владината седница рече дека овој потег ќе отвори нова фаза на дијалог што ќе овозможи поделбите и конфликтите да завршат еднаш и засекогаш.

Деветмината каталонски лидери беа осудени во 2019 година на затворски казни од девет до 13 години за бунт и злоупотреба на јавни средства при организирање на референдумот за независност на Каталонија од Шпанија.

Анкетите претходно покажаа дека околу 60 проценти од Шпанците, вклучувајќи ги скоро сите опозициски партии, се спротивставуваат на ослободувањето на политичарите и активисти приведени за нивната улога во хаотичните и понекогаш насилни настани, што ја предизвикаа најголемата политичка криза во Шпанија во последните неколку децении.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија3 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија3 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија5 часа

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија10 часа

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија10 часа

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет11 час

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет12 часа

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија13 часа

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет13 часа

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт1 ден

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт1 ден

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт1 ден

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија1 ден

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Економија1 ден

Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа1 ден

Рекорден дневен број на заразени со Ковид-19 во Москва

Бројот на новоинфицирани oд коронавирус во руската престолнина Москва и нејзината област во изминатите 24 часа достигнал 1.800, што е...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколци: Да се објават извештаите за училиштата кои наплаќаа свидетелства

Сојузот на средношколци бара од државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции во четирите средни училишта...

Топ1 ден

МВР со детали за сообраќајната несреќа во која загинаа две лица

Две лица загинаа вчера во сообраќајната несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“. Според...

Македонија1 ден

По отповикувањето, Азески на Црна Гора ѝ посака брз развој и просперитет

Бранко Азески се огласи со коментар по одлуката на Владата во Црна Гора, да го отповика како почесен конзул на...

Свет1 ден

(Видео) Американската морнарица во океан детонираше бомба, предизвикан земјотрес

Експлозија изведена од американската морнарица, предизвика земјотрес. Бомбата тешка 18.143 килограми била активирана крај брегот на Флорида. Експлозијата била извршена...

Досие