Контакт

Европа

Лидерите на ЕУ вечерва на самит во Брисел

Објавено пред

Лидерите на Европската Унија ќе се соберат во Брисел вечерва за да разговараат за напуштањето на Унијата од страна на Велика Британија, а како што наведуваат медиумите, на вечерашниот самит се очекува британската премиерка, Тереза Меј, да се обиде да влијае на колегите за да дадат основ Велика Британија да склучи договор за напуштање на Унијата.

Од друга страна, европските лидери се надеваат дека британската премиерка за време на самитот ќе поднесе конкретни предлози за излегувањето од кризата во преговорите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Руски научник: Две недели по примањето на вакцината се создаваат антитела во организмот

Објавено пред

Ринат Максјутов, генералниот директор на државниот Институт за вирусологија и биотехнологија „Вектор“, кој ја развива втората вакцина против коронавирусот во Русија, вели дека под одредени услови можно е да се стекне доживотен имунитет против Ковид-19.

Во интервју за руската државна телевизија Русија 1, Максјутов ијави дека пациентот може да добие доживотен имунитет на инфекцијата доколку прележи потешка форма на болеста.

„Со одредени карактеристики на имунолошкиот систем, ако некое лице имало тешка форма на Ковид-19, тоа може да развие доживотен имунитет на инфекцијта“, смета Максјутов.

Давајќи информации за вакцината изработена од институтот „Вектор“, тој истакнал дека антителата против Ковид-19 почнуваат да се развиваат 14 дена по првата вакцина, но заштитниот титар се развива по втората вакцина. Интервалот помеѓу двете вакцини бил 21 ден.

Наведувајќи дека институтот „Вектор“ планира да лансира две вакцини кои спречуваат корона, генералниот директор додал дека овие две вакцини, кои ќе ги користат цивили, се избрани од шест претходно развиени платформи.

Постапката за регистрација на првата вакцина против вирусот, што ја разви центарот „Вектор“, треба да заврши до 15 октомври.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Објавено пред

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот.

Полицијата интервенираше откако насобраните ги игнорираа предупредувањата за почитување на правилата за физичко растојание.

Илјадници луѓе, повеќето без маски, се собраа на плоштадот Трафалгар, каде говорниците ги критикуваа владините мерки за сузбивање на епидемијата како прекумерна реакција што непотребно ги ограничува човековите права и слободата на изразување.

Лондонската полиција претходно соопшти дека нејзините припадници прво ќе ги предупредат демонстрантите да ги почитуваат правилата за физичко растојание и дека потоа ќе делуваат доколку присутните не се придржуваат до препораките.

Првите три часа од протестот, полицајците не влегоа во толпата, но потоа почнаа да ги растеруваат присутните.

Британскиот парламент се подготвува да ги разгледа законите поврзани со епидемијата, а владата воведува нови ограничувања за борба против вирусот.

Скоро 42.000 луѓе починаа во Велика Британија поради компликации предизвикани од коронавирусот, што е највисока стапка во Европа.

Во претходните недели имаше нагло зголемување на бројот на смртни случаи и новозаразени.

Британската влада претходно неделава објави дека на баровите и рестораните низ целата земја ќе им биде забрането да работат по 22 часот.

Одредбите за задолжително носење заштитни маски се заострени, како и казните за непочитување.

Забрането е групирање на повеќе од шест лица, освен во случај на протест. На протестите може да се соберат поголеми групи луѓе, под услов организаторите да достават проценка на ризик и да ги почитуваат мерките за физичко растојание.

Прикажи повеќе...

Европа

Хаос на „женскиот марш“ во Минск, граѓанските организации пријавуваат голем број на уапсени

Објавено пред

Во главниот град на Белорусија се одржа т.н. Женски марш, кој опозицијата го најави како пробана инаугурација на Светлана Тихановскаја за претседателка на земјата.

На протестот против владеењето на актуелниот претседател Александар Лукашенко, според официјалните податоци биле уапсени повеќе од 10 демонстранти, но организациите за човекови права тврдат дека биле уапсени скоро 50 лица, главно жени.

Белоруската опозиција планираше денешните протести да се одржат во близина на Плоштадот на победата.

Саботниот „Женски марш“ беше објавен како проба за инаугурацијата на Светлана Тихановскаја, противникот на Лукашенко на изборите кои се одржаа во август.

Група жени скандираа „Наш претседател е Света!“, мислејќи на Тихановскаја.

Од претседателските избори одржани на 9. август во Белорусија речиси секојдневно се одржуваат масовни протести.

Според официјалните податоци, победата легитимно му припаѓа на долгогодишниот лидер Лукашенко, но опозицијата тврди дека изборите биле наместени.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Македонија3 часа

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија4 часа

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет5 часа

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија6 часа

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет6 часа

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ7 часа

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ8 часа

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија9 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет9 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет11 час

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија11 час

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа12 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет12 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ21 час

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија22 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа23 часа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија1 ден

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија1 ден

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Досие