Контакт

Свет

Лидерите на Франција, Германија и Италија се заканија со санкции поради оружјето во Либија

Објавено пред

Лидерите на Франција, Германија и Италија се заканија дека ќе воведат санкции за земјите што продолжуваат да го кршат ембаргото на Обединетите нации за извоз на оружје во Либија.

„Ги повикуваме сите странски актери да го прекинат нивното се поголемо мешање и целосно да го почитуваат ембаргото на Советот за безбедност на ОН за извоз на оружје во Либија“, се вели во соопштението на Емануел Макрон, Ангела Меркел и Џузепе Конте.

Европските лидери се подготвени да прибегнат кон санкции доколку се продолжи со кршење на ембаргото на море, на копно или во воздух.

Свет

Сите жители на Њујорк мораат да се вакцинираат до 27 декември ако сакаат на работа

Објавено пред

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио најави дека сите жители на најголемиот американски град ќе мора да се вакцинираат до 27 декември доколку сакаат да одат на работа.

Вработените во јавниот сектор веќе мора да бидат вакцинирани, но оваа одлука ќе ја прошири и на приватниот сектор, изјави Де Блазио за MSNBC. Одлуката стапува на сила на 27 декември, додаде тој.

„ Ние во Њујорк одлучивме да извршиме превентивен удар“, рече Де Блазио, кој ја напушта својата канцеларија кон крајот на декември.

„ Го имаме новиот сој омикрон како нов фактор, имаме постудено време што ќе создаде нови предизвици со варијантата делта, имаме празнични собири“, објасни тој, додавајќи дека единствениот излез од таа ситуација е обврската за вакцинација.

Тој нагласи дека Њујорк ќе биде првиот американски град кој ќе воведе обврски за вакцинација за работниците од приватниот сектор.

Задолжителните вакцини за вработените во јавниот сектор кои стапија на сила оваа есен предизвикаа отпор, а дел од вработените ги напуштија своите работни места. Сепак, стапката на вакцинација се зголеми по таа одлука.

Досега во Њујорк се потврдени десет случаи на варијантата омикрон, а Де Блазио рече дека треба да се претпостави дека веќе има ширење на таа варијанта во заедницата.

Прикажи повеќе...

Свет

Ирански авион принудно слета откако му се запали моторот

Објавено пред

Иранскиот авион на компанијата „Асеман Ерлајнс“ (Asseman Airlines) принудно слета во градот Шираз, пренесува ТАСС.

Инцидентот се случил кога се запалил еден мотор на леталото, јави иранскиот јавен сервис ИРИБ.

Нема повредени, а авионот летал на линијата Шираз – Мускат (Оман).

Прикажи повеќе...

Свет

Се заразиле со омикрон, а биле ревакцинирани и одвоени еден од друг

Објавено пред

Новиот сој на коронавирус, омикрон, се проширил меѓу двајца ревакцинирани патници, додека биле во карантин во хотел во Хонгконг, пишува „Блумберг“.

„Надзорните камери покажаа дека ниту еден од двајцата заразени не ја напуштил собата, ниту имале некаков контакт, така што единствен начин за пренос е воздушен, во време кога послугата им носела храна или кога лекарите ги тестирале за ковид“, велат истражувачи од Универзитетот во Хонгконг.

Своите наводи тие ги објавија во списанието „Имрџинг инфектус дизизес“.

Омикрон е означен како вид на загриженост поради бројните мутации, па затоа истражувачите велат дека инфекцијата на двајца сосема одвоени луѓе покажува дека постои причина за загриженост, бидејќи постои страв дека омикрон може да ја заобиколи заштитата од вакцините и да биде многу заразен.

„ Откривањето на инфекција со омикрон помеѓу две целосно вакцинирани, одвоени лица во хотел во карантин е доказ за оваа загриженост“, заклучија Хаогао Гу, Лео Пун и други истражувачи кои ги следеа двата случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 минути

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „ Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за...

Регион1 час

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет2 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион2 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија3 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет6 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија6 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија8 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија9 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион9 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија10 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа10 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет10 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа11 час

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа12 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет23 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет1 ден

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет1 ден

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа1 ден

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија1 ден

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Досие