Контакт

Свет

Лидерката на Хонгконг во посета на Пекинг

Објавено пред

Кинескиот премиер Ли Кеќенг денеска во Пекинг се состана со лидерката на Хонгконг, Кери Лам, со која разговара за состојбата на економијата во овој полуавтономен кинески регион по повеќемесечните насилни протести.

„Владата на специјалниот административен регион мора да продолжи со напорите да стави крај на насилството и да стави крај на хаосот во согласност со законот“, рече Ли, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Посетата на Лам доаѓа по многуте шпекулации дека таа може да добие нови директиви во разговорите со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, вклучително и можна реконструкција на владата.

Ли исто така рече дека судирите за промените во законот за екстрадиција го повредиле општеството во Хонгконг во сите обласи, пренесе АП.

„Во изминатата година нашите политики, економија и општество навистина се соочија со големи проблеми“, рече Лам.

Европа

Најмалку 30 лица се повредени во нападот во Германија, меѓу нив има и деца

Објавено пред

Околу 30 лица се повредени откако автомобил влета во карневалска парада во западниот германски град Волкмарсен, соопшти полицијата.Регионалната телевизиска станица Хесеншау објави дека полицијата смета дека возачот, кој е идентификуван како 29-годишен германски државјанин, намерно влетал во толпата, но засега не се знае ништо за неговиот мотив, пренесе Ројтерс.
        
Локалните медиуми цитираа сведоци кои велат дека возачот намерно сакал да ги прегази децата и дека со голема брзина влетал во толпата која учествувала на традиционалната парада во пресрет на христијанскиот празник за Големиот пост.

На прашањето колку лица се повредени, портпаролот на полицијата во Регионалниот центар Касел вели дека има околу 30 лица. Весникот „Билд“ пренесува дека третина биле сериозно повредени.Полицијата на Твитер соопшти дека неколку лица се сериозно повредени, меѓу кои има и деца.
        
Како мерка на претпазливост полицијата ги откажа сите карневалски паради во германската држава Хесе, каде се наоѓа Волкмарсен, но велат дека не се запознати со други закани за безбедноста на граѓаните во другите делови на Германија.
       
Инцидентот се случи помалку од една недела откако напаѓач уби девет лица, во еден од најтешките расистички напади во Германија од Втората светска војна, а потоа ја уби мајка си и си го одзема животот.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Загреб се испитуваат шест примероци на коронавирус

Објавено пред

Вкупно шест примероци на коронавирус (КОВИД-19) се тестираат на Клиниката за инфективни болести во Загреб, јавуваат тамошните медиуми. По еден примерок има од Сплит и од Риека и по двајца од Загреб и Сисак, соопшти Клиниката.

Информациите за резултатите ќе бидат достапни преку здравствените установи по завршувањето на тестирањето. На претходните тестови на Клиниката ниту еден примерок не бил позитивен за новиот коронавирус.

Прикажи повеќе...

Свет

Осудена иранска екологистка вели дека ѝ се закануваат со смрт и силување

Објавено пред

Активистката за заштита на животната средина Нилуфар Бајани вели дека припадници на Иранскиот револуционерен корпус (ИРГЦ) ја испрашувале и ја мачеле најмалку 1.200 часа заканувајќи ѝ се со смрт, силување и принудувајќи ја да имитира звуци на диви животни.

Тортурата, која е детаљно опишана во документите што ги добил персискиот сервис на Би-би-си, како и писмата на Бајани, кои таа ги упатувала до иранските власти, имала цел да ја скрши и да ја натера да ги признае обвинувањата што ѝ ставани на товар, како и на другите еколози, за „непријателска соработка со САД“.

Бајани, која издржува казна од 10 години затвор, е една од осумте члена на Фондацијата за зачувување на растителниот и животинскиот свет, кои беа уапсени на почетокот на 2018 година под обвинение за шпионажа.

Нивните затворски казни во траење од четири до 10 години ги потврди повисокиот суд, соопшти портпаролот на иранското правосудство, Голамхусеин Есмаили.

Разузнавачката гранка на моќниот ИРГЦ ги уапси еколозите на крајот на јануари 2018 година, меѓу кои и директорот на Фондацијата за зачувување на дивиот свет, Кавус Сејед Емами, истакнат иранско-канадски универзитетски професор. По неколку дена, Сејад Емами почина во притвор под необјаснети околности. Властите соопштија дека тој се самоубил, но неговите пријатели и роднини се сомневаат во причините за смртта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија60 минути

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет3 часа

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа4 часа

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Заев бил премиер, судија и обвинител, утре протест против главата на Рекетот

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното, а тоа...

Македонија6 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет7 часа

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Македонија7 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија8 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија8 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ9 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа9 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа9 часа

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет11 час

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет11 час

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа1 ден

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет1 ден

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа1 ден

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија1 ден

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ1 ден

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет1 ден

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Досие