Контакт

Свет

Литванија и Норвешка разменија шпиони со Русија

Објавено пред

Двајца Литванци и Норвежанин, кои во Русија беа осудени за шпионажа, се ослободени во замена за двајца Руси, кои беа во затвор во Литванија.

Литванците Евгени Матаитис и Аристидис Тамосаитис, кои беа осудени во 2016 година, пристигнаа во своите домови, а Норвежанецот Фроде Берг, осуден во Русија на 14 години затвор, беше предаден на норвешката амбасада во Вилнус, откако се преминал во Литванија.

Претходно денеска, литванскиот претседател Гитанас Науседа ги помилува Русите Николај Филипченко и Сергеј Мојсееко.

Локалните медиуми соопоштија дека размената на шпиони се случила напладне на границата на Литванија и руската еклава Калининград.

Свет

Само еден месец откако била излечена, жена од Кина повторно заразена од коронавирус

Објавено пред

Во градот Џингжу, во кинеската провинција Хубеи, е откриен случајот со жена (68) која повторно е тестирана позитивна на коронавирус, еден месец откако била излечена од Ковид-19, соопштија градските власти.

Жената во моментот е во карантин и е под медицински третман, а лицата со кои била во контакт биле пронајдени, тестирани и не се позитивни, пренесува „Ројтерс“.

Засега нема докази за ризик дека лицата кои се повторно заразени по третманот со Ковид-19 се носители на вирусот.

Прикажи повеќе...

Свет

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

Објавено пред

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени со коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако постои притисок за конзистентно и широко распространето тестирање и развој на вакцини, експертите велат дека носењето маски доследно ќе ја доведе пандемијата под контрола во рок од „неколку недели“.

Нова студија покажува дека марамите и „грејачите“ за врат се многу опасна замена за маските. Новата студија објавена во Science Advances се осврнува на тоа кои маски се најефективни, а кои не помагаат, туку штетат во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Анализата, спроведена од истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот Дјук, се потпира на „оптимален метод на мерење“ што користи ласерски зрак и камера за мобилни телефони за да се следи бројот на капки што ги исфрлаат лицата со маски. Од 14-те маски, двете што се покажаа како најмалку ефикасни беа маски направени од шамија врзани околу лицето и таканаречени „грејачи“ на вратот.

Најбезбедна маска е N95, која го намалува преносот на капките на под 0,1 процент. Рачно изработените маски изработени од памук и полипропилен, од кои некои се изработени од материјал за престилка, исто така се покажаа ефикасни, при што преносот на капки се движи од 0,1 до 0,4 проценти. Плетените маски пропуштиле поголем број капки, од 0,1 до 0,6 проценти.

Но, ниту една маска не пропуштила толку капки како шамија врзана или завиткана околу вратот и устата и „грејачите“ на вратот и лицето, кои се всушност поопасни отколку воопшто да не се носи маска (пропуштаат 110 проценти од капките, дури и 10 проценти повеќе отколку кога некоја личност нема маска).

Истражувачите објаснуваат како овие маски можат, всушност, да шират повеќе вируси од личност која воопшто не носи маска.

„Забележавме дека некој што разговараше преку маската (особено оние врзани шалови и „греалки“) се чинеше дека ги распрснува најголемите капки во многу помали капки … што го објаснува очигледното зголемување на бројот на капки во споредба со другите маски”, велат истражувачите.

Овие мали капки може да се покажат исклучително опасни во однос на преносот.

„Бидејќи помалите честички остануваат во воздух подолго од поголемите (поголемите паѓаат побрзо), употребата на таква маска може да биде контрапродуктивна“, велат тие.

Доктор Амеш Адаja, постар научник од Здравствениот центар Џон Хопкинс, вели дека студијата е важна, особено за САД, каде има огромен број луѓе кои се спротивставуваат на носење маски.

„Луѓето навистина не разбираат дека не сите заштитни маски се исти и дека има некои што се повеќе или помалку ефективни. И мислам дека кога ќе ги донесете тие одлуки, треба да знаете вакви работи“, вели д-р Адаja.

Со оглед на брзината на пренесување капки од шал или „грејач“ на вратот, тој посочува дека таквите работи не треба да се користат воопшто.

„Не секоја маска е иста … Мислам дека многу луѓе ги носат овие работи за да го покријат лицето или само колку да се рече дека носат маска, не сфаќајќи дека тие треба да бидат ефективни за да служат за некоја цел“.

За оние кои сè уште не знаат зошто се неопходни маски, докторот вели дека асимптоматското ширење е еден од најважните фактори во пандемијата.

„Постојат многу луѓе кои не знаат дека се заразени, а покривањето на лицето е еден од начините за обезбедување безбедност на луѓето. Ако сите бо знаеле дали се здрави или не, тоа би било друга приказна, но факт е дека повеќето не знаат дали се заразени“.

Повеќе тестирања потенцијално би ја намалиле потребата за маски, вели д-р Адаja. Но, дотогаш, тие се од витално значење за започнување на пандемија.

„Ако имаме брзи тестови со кои можеме да знаеме за една минута откако ќе ја напуштиме куќата дали сме заразени или не, тоа би било сосема друга работа, но ние сме далеку од тоа. Значи, ова е мерката којашто ни останува“, вели д-р Адаja.

Прикажи повеќе...

Европа

Германците планираат својата вакцина да ја тестираат во Бразил

Објавено пред

Германската фармацевтска компанија „Цуревац“ планира да ја тестира својата вакцина против коронавирус во Бразил.

Инфектологот, член на истражувачкиот тим на „Цуревац“, Сју Ен Клеменс, изјави за агенцијата ДПА дека компанијата ќе започне со студијата во Бразил во септември или октомври, пренесуваат германските медиуми.

Раководителот на студијата, Петер Кремснер од Институтот за тропска медицина, рече дека првите, помали тестови во Германија досега поминале добро.

Тој рече дека тестирањето се врши врз 180 лица.

Бразил стана „лабораторија за тестирање“ за целиот свет, затоа што таму вршат тестирање и други компании како „Астра Зенека“, „Синовак“, и „Бионтех/Фицер“.

Покрај САД, Бразил во моментов е најголемото жариште на пандемијата на коронавирус во светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет30 минути

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени со коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија1 час

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија2 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет2 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет3 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет3 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија3 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија18 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија18 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа19 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија19 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија19 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија21 час

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија22 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија22 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија23 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет1 ден

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија1 ден

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ1 ден

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Досие