Свет
Лондон: Русија разви апетит за напади блиску до територијата на НАТО, затоа го напаѓа Измаил
Британското Министерство за одбрана во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина пишува дека Русија почнала да го напаѓа украинското пристаниште Измаил бидејќи развила апетит за напади во близина на териториите на НАТО.
„Во последните две недели Русија неколкупати ги нападна украинските пристаништа на Дунав со ирански беспилотни летала (OWA UAVs). Многу е веројатно дека се обидува да го принуди меѓународниот брод да престане да тргува низ тие пристаништа“, пишува Министерството.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 04 August 2023.
Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/9rNuLubGUD pic.twitter.com/cVa2gHz74G
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) August 4, 2023
„Беспилотните летала OWA погодија цели дури 200 метри од романската граница, што сугерира дека Русија развила апетит за ризични напади во близина на територијата на НАТО. Постои реална можност Русија да користи OWA во нападите бидејќи верува дека методот ризикува ескалација помалку од користење крстосувачки ракети. Се чини дека беспилотните летала се доволно прецизни за Русија и имаат многу помалку бојни глави од проектили“, се додава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Шангај се откажани над 600 летови поради тајфунот Бебинца
Аеродромите во Шангај денеска откажаа стотици летови во очекување на налетот на тајфунот Бебинцa. Повеќе од 600 летови се откажани од аеродромите Хонгкиао и Пудонг. Исто така се затвораат и дел од мостовите и автопатиштата.
Тајфунот Бебинца моментно е на неколку стотици километри од брегот. Се очекува ветровите на тајфунот вечерва да достигнат брзина од 151 километар на час, соопшти Кинеската метеоролошка управа.
Поради тајфунот евакуирани се 9.318 луѓе од една област во Шангај. Во блискиот град Жоушан утрово беа затворени рестораните, супермаркетите и продавниците, а во прекин е и јавниот превоз.
Се очекува невремето да донесе и до 254 милиметри дожд на метар квадратен, во делови од источниот брег кои ќе бидат најтешко погодени.
Свет
Во Австрија маж исчезна во лавина
Австриските служби за итна помош трагаат по маж кој се води како исчезнат во лавина. Снегот на планините во западниот дел на Австрија го отежнува сообраќајот на повеќе патишта.
На некои места во Тирол снежната покривка изнесува и до еден метар, што е исклучителна ситуација во средината на септември, а минатата недела беа забележани температури над 30 степени Целзиусови.
Додека во јужна Австрија ветерот достигна брзина до 146 километри на час, а во северниот дел наврна 170 литри дожд на метар квадратен.
Пожарникарите во Виена во изминатите 24 часа интервенирале околу 150 пати во чистење на одводните канали и испумпување на вода.
Свет
(Видео) Поплави во Европа: Во Полска пукна брана, настрада едно лице
Циклонот Борис предизвика поројни поплави низ Европа, а ситуацијата сега е на критично ниво.
Браната во југозападна Полска попушти под силните поплави по обилните дождови, додека Чешка и делови од Австрија сè уште се справуваат со невремето што ја погоди централна и источна Европа.
Локалните власти во општината во Долна Шлезија соопштија дека браната пукнала и покрај напорите да се пренасочи водата и да се спречи поплава. Регионалната управа за води во Вроцлав ја опиша ситуацијата како критична, поради што селата во пониските региони беа евакуирани.
Video of the overflowing dam in Międzygórze, Poland…😫pic.twitter.com/V83Tw1Sd2a
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 14, 2024
Едно лице се удави, а 1.600 луѓе се евакуирани во во југозападна Полска.
Ново видео објавено на социјалните мрежи покажува дека водата речиси стигнува до првиот кат од зграда во Полска.
Torrential rain from Storm Boris continues to cause severe flooding across Central and Eastern Europe.
Further downpours expected in the next couple of days.
Klodzko county in southwest Poland. pic.twitter.com/s4pLCChBBa
— BBC Weather (@bbcweather) September 15, 2024