Контакт

Свет

Луизијана и Тексас се подготвуваат за удар на ураган

Објавено пред

Тропската бура што се формира над Мексиканскиот Залив би можела да прерасне во ураган и да го погоди Њу Орлеанс, кој е веќе поплавен.

Метеоролозите велат дека бурата би можела да премине во ураган до крајот на денот, а просечната брзина на ветрот изнесува околу 55 киломери на час.

Како што јави „Гласот на Америка“, според прогнозите, денеска и утре во западниот дел на Тексас и во Луизијана се очекува да наврнат меѓу 25 и 30 сантиметри дожд.

Тропската бура, за која се очекува да стане ураган наречен Бери, би можела да удри западно од Њу Орлеанс на реката Мисисипи.

Њу Орлеанс е веќе под вода поради поројните дождови претходните денови. Поплавен е и историскиот Француски кварт.

Тексас го подигна степенот на предупредување и подготвува центар за вонредни ситуации.

„Сакаме да ја обезбедиме државата Тексас поради она што би можела да го донесе бурата“, изјави гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Превентивно се затворени една третина од постројките за преработка на сурова нафта во Мексиканскиот Залив, а нафтените платформи се евакуирани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Објавено пред

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги поведе австрискиот претседател Александер Ван дер Белен во пресрет на конференцијата за климатските промени во Обединетите нации, што ќе се одржи следната недела.

Според иницијативата за поголемо залагање во однос на климатските промени, тие се прогласуваат за клучен предизвик на нашето време, пренесуваат светските агенции.

Во неа се додава дека сегашната генерација е прва што сведочи за брзото покачување на температурите во светот и веројатно последната што има шанса ефикасно да се бори против глобалното затоплување.

Во иницијативата се повикуваат државите да дејствуваат заедно, одлучно и брзо.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Репортери од шведската државна телевизија нападнати со камења во мигрантски кварт

Објавено пред

Новинарска екипа од шведската национална телевизија СВТ доживеала инцидент кога била нападната со камења и нивниот автомобил бил вандализиран додека биле на задача во претежно мигрантскиот кварт Стенхаген во Упсала, пренесува „СВТ нихетер“.

Новинарите во четвртокот го посетиле проблематичниот кварт за да интервјуираат луѓе од фондацијата „Дава“, кои имаат намера да изградат исламски центар во населбата. Кога се приближиле до шумичката каде што треба да се гради идната џамија, кон нив биле фрлени големи камења.

Иако новинари не биле повредени во инцидентот, нивниот автомобил е вандализиран – задната шофершајбна била искршена, а гумите исечени. Инцидентот е под полициска истрага како обид за напад и повреда.

„Жално е ова што се случува, ние бевме таму да си ја завршиме работата. Можеше да заврши лошо“, рече главниот уредник на „СВТ Упсала“, Даниел Легу, посочувајќи дека некои од камењата биле со големина на тупаници.

Пред речиси две недели десничарската партија Шведски демократи (СД) одржа протест во Упсала против планираната џамија во областа. Активистите од СД беа нападнати со камења.

„Имаше голем број млади луѓе од странско потекло. Еден од нив ни рече веднаш да го напуштиме местото и се закани дека ќе се случат лоши работи. Другиот беше посмирен нудејќи ни да ги спакуваме работите и да заминеме во рок од 20 минути “, напиша општинскиот советник на СД, Симон Алм, на „Фејсбук“.

Според него, непријателски настроените момчиња фрлале јајца и камења со големина од 100-ина сантиметри. Полиција само ги повикала момчињата, но не се ни обидела да ги уапси напаѓачите.

Во 2016 година екипа од „60 минути Австралија“ беше нападната во предградие на Стокхолм додека снимаше прилог за миграцијата во мигрантскиот кварт Ринкби. Полицијата потоа ја прекина истрагата со образложение дека снимателот е само полесно повреден и не побарал лекарска помош.

Изградбата на исламски центар веднаш до црквата „Света Марија“ во Стенхаген се дискутира изминатите шест години и за него лобира фондацијата „Дава“. Нејзините претставници се активни во џамијата во Упсала, која претходно го поканила радикалниот имам Або Раад, кој, наводно, имал контакти со исламисти, вклучително и со Исламската држава.

Раад и неговиот син беа приведени од Одборот за миграција во 2019 година кога шведската безбедносна полиција САПО заклучи дека тој претставува сериозна закана за безбедноста на земјата. Сепак, неговата депортација не може да се спровее поаради наводните закани со кои се соочува во Ирак.

Прикажи повеќе...

Свет

Терористите во Идлиб го држат цивилното население како човечки штит

Објавено пред

Терористички групи во провинцијата Идлиб во северна Сирија не го пуштаат локалното население надвор од териториите што ги контролира владата, пренесува ТАСС.

Контролниот пункт Абу ал-Духур за повлекување на цивилното население и бунтовниците што сакаат да го положат оружјете, што по долга пауза се отвори пред неколку дена, е празен, изјави бригадниот генерал на сириската армија, Набил Абдула, кој е одговорен за организирање на хуманитарниот коридор.

„Според разузнавачката служба, голем број луѓе сакаат да ја напуштат оваа област, но терористичките групи лоцирани во Идлиб го спречуваат хуманитарниот коридор. Патиштата што водат до контролниот пункт се блокирани, а на луѓето им е забрането да го напуштаат областа под закана дека ќе бидат застрелани. Всушност, милитантите се кријат зад цивилите користејќи ги како човечки штит“, рече сирискиот генерал.

Контролниот пункт Абу ал-Духур беше отворен на 13 септември по долга пауза – работеше од март до декември 2018 година. Во тоа време селските старешини дејствуваа како посредници. Повторното отворање беше извршено по иницијатива на Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во тесна соработка со официјални лица од Дамаск.

„Контролниот пункт е целосно подготвен за работа. Нашите воени лекари поставија медицински пункт таму. Обезбедени се и автобуси за превоз на внатрешно раселени лица до нивните места на живеење. Покрај тоа, во Центарот има повеќе од 3 тони хуманитарна помош за луѓето во неволја“, вели Андреј Карламов, претставник на Центарот.

Тој рече дека е постигнат договор за обновување на работата на коридорот, но во последнен миг милитантите одбиле да ги пуштаат цивилите.

Според Центарот, речиси 45.000 луѓе ја напуштиле зоната на деескалација во Идлиб од 4 март 2018 година. За нивниот транспорт биле потребни околу 4.700 транспортни возила.

Четири зони за деескалација се воспоставени во Сирија во согласност со договорот од мај 2017 година постигнат на преговорите во Астана меѓу претставници на Русија, Иран и на Турција.

Во 2018 година три од овие зони беа префрлени под контрола на Дамаск. Четвртата зона, сместена во Идлиб и делови од соседните провинции Латакија, Хама и Алепо, сè уште не е под контрола на владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ4 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија5 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија5 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет6 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет7 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет7 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет7 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа20 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет21 час

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија1 ден

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион1 ден

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ1 ден

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија1 ден

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ1 ден

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет1 ден

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет1 ден

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет1 ден

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Досие