Свет
Лукашенко: Се плашам дека може да бидеме сведоци на граѓанска војна во САД, а тие лудаците тоа го прават со свои раце
Светот може да биде сведок на граѓанска војна во САД, предупреди претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на втората меѓународна конференција во Минск за евроазиска безбедност.
Според него, во последните години многу земји на планетата се дестабилизирани, а САД не се исклучок.
„Се плашам дека може да бидеме сведоци на граѓанска војна во САД, а тие лудаците тоа го прават со свои раце додека сакаат да воведат ред во нашиот свет“, рече Лукашенко.
Тој додаде дека американските власти мора првин да воведат ред кај себе и тоа да ѝ го покажат на целата меѓународна заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
На денешен ден Барак Обама беше избран за претседател на САД
На денешен ден во 2008 година, демократскиот сенатор од Илиноис Барак Обама беше избран за прв црн претседател на Соединетите Американски Држави.
Обама на тие избори го победи републиканскиот кандидат, сенаторот Џон Мекејн од Аризона.
Утре ќе се одржат овогодинешните претседателски избори во САД, на кои се натпреваруваат демократската кандидатка Камала Харис, која е и потпретседател на САД и републиканскиот кандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп.
Регион
Тешко повредените во Нови Сад се уште критично, обвинителка: Веќе немаме доверба
Тројца од повредените кои се на лекување во Клиничкиот центар во Војводина се уште се во критична состојба, јавува 021.рс.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад во саботата соопшти дека во врска со несреќата и смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад се сослушани 26 лица, меѓу кои и министерот за градежништво Горан Весиќ, додека уште 14 лица беа сослушани во неделата.
Обвинителката на Вишото јавно обвинителство во Белград, Бојана Савовиќ изјави дека не е можно сериозно да се испрашуваат повеќе од 20 лица во еден ден.
„Би било смешно некој да интервјуира 26 луѓе во еден ден. Тоа не се прави така, не можете да слушате толку многу луѓе во еден ден“, рече таа, пренесува порталот 021.
Таа предупреди дека во овој случај „повторно имаме ситуација во која пред јавноста се појавуваат политичари и квази аналитичари“ и, како што рече, „повторно не го гледаме обвинителот“.
„Од министри и таблоиди учиме кој и колку бил испрашуван, наместо овие работи да ги учиме од обвинителите“, посочи таа.
Коментирајќи ги наводите дека договорот за реконструкција на железничката станица во Нови Сад е „деловна тајна“, Савовиќ посочи дека овој договор не може да биде доверлив бидејќи е нешто од јавен интерес.
„Нашите надлежни органи имаат право да го видат тој договор. Нашата земја е обврзана да го има тој договор бидејќи тој договор го бараме од државата, а не од Кинезите“, додаде таа.
Запрашана за реакциите на претставници на актуелната власт по несреќата во Нови Сад, Савовиќ изјави дека се плаши дека „овој пат го бранат неодбранливото“. Таа изјави и дека довербата во експертите и увидот е под знак прашалник.
„Се плашам дека веќе на ништо не веруваме и тоа е најстрашното нешто… Проблемот е што кога некој ќе нè излаже многу пати, тогаш не веруваме на ниту еден збор што ќе го кажат“, вели таа.
Таа предупреди и дека „струката“ може да биде било кој, односно дека не е доволно дефинирана, особено ако се земат предвид случаите на купени дипломи.
„Секогаш ќе најдете лекар или градежник кој ќе ги застапува вашите ставови за некоја надокнада и ќе го прогласите за струка и потоа ќе им кажете на луѓето дека струката го кажала тоа“, рече таа.
Регион
Рама: Албанија се надева на членство во ЕУ до 2030 година
Албанија се надева дека ќе влезе во Европската унија до 2030 година, изјави премиерот Еди Рама.
Тој пред околу 2.000 приврзаници во хотел во Солун вети дека многу албански иселеници првпат ќе можат да гласаат на следните избори, кои ќе се одржат во пролетта 2025 година. И покрај различните спорови со Грција, Рама рече дека односите меѓу двете земји се одлични.
Имаше стравувања од националистички контрапротести, во град каде што екстремно десничарските партии се особено силни. На крајот, пред местото на средбата се појавија околу 20-25 луѓе, со транспарент на кој му порачаа на Рама да си оди.