Контакт

Европа

Лукашенко тврди дека во Белорусија постојат терористички ќелии поврзани со Западот

Објавено пред

Белорускиот претседател Александар Лукашенко најави откривање терористички ќелии во Белорусија за кои тврди дека се поврзани со Западот и ги обвинува за подготовка на државен удар.

„Заспаните терористички ќелии се разоткриени денес“, рече Лукашенко, а пренесе неговата прес-служба.

Тој тврди дека целта на овие ќелии, поврзани со Германија, Украина, САД, Полска и со Литванија, е да го соборат од власт со сила.

Лукашенко вели дека огромна количина оружје се слева од Украина кон Белорусија и најави дека им наредил на граничарите да ја затворат границата со Украина.

Белорускиот претседател е на власт речиси 27 години, а во последно време постојано го обвинува Западот дека сака да ја дестабилизира неговата земја со цел да го симне од власт.

Изјавите дојдоа откако Белорусија во понеделникот објави дека го прекинува учеството во источното партнерство на ЕУ и го повика својот амбасадор од Брисел како одговор на европските санкции воведени во врска со политичката репресија во земјата.

Тензиите меѓу Минск и Европејците се зголемија по големите постизборни протести во 2020 година и насилството на протестите, а потоа и со пресретнувањето на патничкиот авион од кој беше уапсен опозициски новинар.

Белорусија територијално е пред портите на Европската Унија и се граничи со своите членки Полска и Литванија.

Европа

Во Италија вакцинирани 60 проценти од граѓаните постари од 12 години

Објавено пред

Италија досега целосно вакцинираше 60 проценти од своето население постаро од 12 години. Тоа значи дека 32,4 милиони луѓе ги примиле двете дози на вакцината против коронавирус, изјави специјалниот комесар за коронавирус Франческо Филиуоло.

Иалија сака да вакцинира 80 проценти од населението до крајот на септември со цел да се здобие со т.н колективен имунитет.

Илјадници луѓе повторно учествуваа на протестите во текот на викендот во Италија против претстојните мерки за коронавирус што треба да стапат на сила другата недела.

Од 6 август, луѓето што сакаат да јадат во ресторан или да одат во музеј, на пример, ќе треба да покажат доказ за барем една примена доза вакцина против коронавирус, потврда дека имале коронавирус или негативен тест.

Прикажи повеќе...

Европа

„Фајзер“ и „Модерна“ ги зголемија цените на вакцините за ЕУ

Објавено пред

Компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ ги зголемија цените на своите вакцини против Ковид-19 во најновите договори склучени со Европската унија, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Новата цена за вакцината на „Фајзер“ е 19,50 евра, наспроти 15,50 евра како што беше порано, објави весникот, повикувајќи се на деловите од договорот во кои има увид, објави „Ројтерс“.

Цената на вакцината на „Модерна“ е 25,50 долари по доза, според договорите во однос на 19 евра во првиот договор за набавка, но помалку од претходно договорените 28,50 долари, бидејќи нарачката е зголемена, се вели во извештајот, кој се повикува на службено лице кое е запознато со деловите од договорот.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија воведе нови мерки за влез во земјата, но нема кој да ги контролира

Објавено пред

Од денес, секој што влегува во Германија, како и туристите што се враќаат дома, мора да имаат потврда за вакцинација или за прележан ковид, или негативен тест.

Но, нема капацитет за каква било сериозна контрола.

Од 1 август, сите лица над 12 години кои влегуваат во Германија мора да покажат доказ за негативен тест, вакцинација или опоравување по претходна инфекција со коронавирус. Не е важно дали доаѓате со авион, воз или автомобил. Досега, обврската за тестирање важеше само за воздушниот сообраќај.

Со оваа мерка, германската влада сака пред есен да спречи уште поголемо зголемување на бројот на заразени – меѓу другото, со цел да се обезбеди можност за повеќе или помалку нормални часови во следната учебна година.

Сепак, тоа е мерка што практично е невозможно да се контролира. Заменик -претседателот на полицискиот синдикат на ГДП, Андреас Роскоф, кој е задолжен за федералната полиција и кој е задолжен за гранична контрола, вели дека ни одалеку нема никакви ресурси што би овозможиле вистинска и целосна контрола.

„ Немаме начин да им забраниме на повратниците да ја преминат границата или да ги казниме. Собраните информации можеме да ги проследиме само до надлежните здравствени органи. Сето ова е многу непромислено и одлучено набрзина”, смета Роскоф.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

(Видео) Судири меѓу демонстрантите и полицијата на протест против корона-мерките во Берлин

Денеска во Берлин се одржа протест против ограничувањата воведени во борбата против пандемијата, а како што јавија локалните медиуми, дошло...

Македонија11 час

Во Македонија 72 нови случаи на коронавирус, нема починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 72 нови случаи на коронавирус, нема починати, соопшти Министерството за здравство. Направени е...

Регион12 часа

Четиригодишно девојче починало откако со часови било затворено во автомобил во БиХ

Четиригодишно девојче е пронајдено мртво во автомобил во двор на семејна куќа во БиХ. Според медиумите, причината за смртта била...

Македонија14 часа

Пендаровски непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски за утрешното чествување на Илинден

Претседателот Пендаровски е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден,...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Нема да бидеме дел од циркускиот церемонијал на Пендаровски

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од циркускиот церемонијал предводен од претседателот Стево Пендаровски, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Европа15 часа

Германија воведе нови мерки за влез во земјата, но нема кој да ги контролира

Од денес, секој што влегува во Германија, како и туристите што се враќаат дома, мора да имаат потврда за вакцинација...

Свет15 часа

(Видео) Над 200.000 луѓе на улиците во Франција против задолжителните ковид-пропусници

Француското Министерство за внатрешни работи синоќа објави дека повеќе од 200.000 луѓе се собрале низ целата земја на протести. Трета...

Европа16 часа

Медитеранот гори – се гасат пожари во Грција, Турција и Италија

Најмалку четири лица загинаа во пожарите што го зафатија медитеранскиот туристички регион Анталија и егејското туристичко место Мугла. Илјадници туристи...

Топ17 часа

Спречен меѓународен транспорт на дрога во вредност од околу 250.000 евра

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при РЦ за...

Македонија17 часа

„Зелен хуман град“: Учеството на независни граѓани во изборната трка не може да биде предмет на пазарење

Од Иницијативата „Зелен хуман град“ велат дека се крајно револтирани од последната изјава на премиерот Зоран Заев, за зголемувањето на...

Македонија17 часа

Oд денес аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Од денес започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, во месечен износ од 2400 денари за 9...

Свет18 часа

Милиони луѓе во Австралија во строг карантин

Австралиските држави на источниот брег, Нов Јужен Велс (НЈВ) и Квинсленд, денеска се соочија со ново ширење на делта-сојот. Милиони...

Спорт20 часа

Дресел е првата ѕвезда на Олимпијадата со пет златни медали!

Американскиот пливач Кејлеб Дресел стигна до своето петто злато на Олимпијадата во Токио комплетирајќи едно од најголемите спортски остварувања во...

Регион1 ден

(Видео) Евакуирани четири села во Грција поради пожари

Шумските пожари што избија денеска на западниот дел на Пелопонез ги принудија грчките власти да евакуираат четири села, како и...

Свет1 ден

Британскиот премиер го очекува своето седмо дете

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена по втор пат. Таа објави на Инстаграм дека двојката...

Свет1 ден

(Видео) Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши. Планирани се...

Топ1 ден

Нападната вработена во Ургентниот центар во Куманово

Вработена во Ургентниот центар во Куманово пријавила дека додека била на работното место ја нападнало едно лице. Инцидентот се случил...

Македонија2 дена

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.315...

Македонија2 дена

Две дози вакцина во Македонија примиле над 390.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583...

Свет2 дена

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Досие