Контакт

Свет

Луѓето на Филипините, кои се во засолниште поради тајфун, мора да држат дистанца

Објавено пред

Тајфунот Вонгфон, кој ги погоди Филипините, создаде голем број проблеми за граѓаните среде епидемијата на коронавирусот. Кога илјадници луѓе иселени од своите домови биле сместени во прифатните центри, властите барале од нив да држат социјална дистанца.

Неколку десетици илјади луѓе побарале засолниште во едно од пренатрупаните прифатилишта. Кога пристигнале, влажни и исцрпени, чуварите почнале да ги малтретираат затоа што морало да се придржуваат на социјална дистанца.

Кога сфатиле дека тоа е невозможно, тие решиле да го преполоват капацитетот на прифатилиштето за да направат простор. Сепак, локалните медиуми јавуваат дека се загрозени повеќе од 200.000 луѓе и дека постои голем проблем со сместувањето на загрозените лица.

Пријавени се приближно 12.000 случаи на коронавирус на Филипините, а речиси 800 луѓе починале.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Мигранти се судриле во БиХ, двајца убиени

Објавено пред

Две лица се убиени во судир меѓу мигранти во близина на Цазин во северозападна Босна, потврди вечерва локалната полиција, пренесуваат тамошните медиуми.

Мигрантите се судриле во близина на селото Штурлиќ во близина на границата со Хрватска, а еден локален жител ја известил полицијата за инцидентот.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Унско-санската жупанија, Але Шиљдедиќ, потврдил дека полициската патрола која била испратена на местото на настанот пронашла двајца мажи кои не покажувале знаци на живот.

„Имаа видливи повреди нанесени на телото со ладно оружје“, рекол Шиљдедиќ

Полицијата, исто така, потврдила дека се повредени голем број мигранти.

Министерот за внатрешни работи на округот, Нермин Кљајиќ, рекол дека во тој дел од БиХ имаат растечки проблеми со мигрантите кои масовно почнуваат да доаѓаат таму.

„Последниве денови се забележува дека голем број мигранти доаѓаат од Република Српска. Многу од нив се во шумите, а поставени се повеќе од 30 шатори. Има околу 500 мигранти само во областа на Трзац”, рекол тој, објави „Дневни аваз“.

Прикажи повеќе...

Свет

Турција од 1 јуни ги отвора рестораните, парковите и спортските објекти

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека од 1 јуни ќе бидат дозволени меѓуградски патувања како и дека ќе бидат отворени рестораните, парковите, спортските објекти…

Оваа одлука е во рамки на ублажување на мерките кои се воведени поради пандемијата на коронавирус.

Ердоган рекол дека и понатаму на сила остануваат ограничувањата за движење на лицата постари од 65 години и лицата помлади од 18 години.

Во Турција се потврдени речиси 160.000 случаи на Ковид-19 и повеќе од 4.300 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Објавено пред

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште пет дена, ќе биде прогласен крај на епидемијата.

„Во последните 24 часа биле направени 155 тестови и сите се негативни“, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Во Црна Гора нема активни случаи на Ковид-19.

Директорот на ИЈЗ, Бобан Мугоша, пред четири дена за ТВЦГ соопшти дека крајот на епидемијата може да се очекува на 2 јуни, доколку до тогаш нема нови случаи.

Во Црна Гора од почетокот на епидемијата од коронавирус заболеле 324 лица, оздравеле 315, а починале девет пациенти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион3 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ5 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија5 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија5 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија7 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија8 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија8 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија9 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија9 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија10 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија11 час

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија12 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија12 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија12 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион13 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија1 ден

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа1 ден

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа1 ден

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион1 ден

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Досие